Здраво, ми треба ваши мислења.. Имам веке околу две години некои проблеми кои ги доживеав ептен сериозно и некако не ми даваат мир. Фала Богу не се работи за смрт, болест - Господ да чува! Симтомите ми се следниве немам желба за речиси ништо, излегувам, дружам но насила некако (на периоди сум добро на периоди воошто не што дури ми е тешки чашата од кафе да си ја измијам), многу често заборавам, дефокусирана сум и на моменти со големо присуство на страв и несигурност. Околу мене навидум е се во ред но мене не ми е.. Мислев дека ќе помине само од себе но долг период е веќе... Прашањето ми е дали ми треба психијатар или можам кај психолог!? И кај кого, ми треба да е стварно сериозен и стручен. Немам можности да одам неколку пати - времето не ми дозволува така да сакам да одам само еднаш макар и ако е поскап.. Досега не сум земала никакви апчиња и искрено сакам доколку е можно да ми помогне без тоа.. Искуства, совет каде да се обратам!? И ве молам само оние кои имале искуство и кои стварно се задоволни од некој доктор да напишат за контакт.
Зависи и од други фактори. Ние и да сакаме не можиме многу да ти помогниме. Зошто и ние одиме и на психијатар и на психолог. Ти можиш прво да пробаш и со психолог, зошто еве знаеш од каде ти е сето тоа, ама бара константна работа. Со еден разговор нема ништо да решиш. А и да се закажиш на психијатар кај државен се оди околу половина час, а на приватен час до час и пол. А можи да ти треба и едното и другото. Ама треба да почниш од негде
Па не сакам да знаат моите бидејќи имаат заостанати сфаќања. Порано бев во можност и одев во Скопје демек по работа или некои активности, сега не сум во можност да одам толку далеку. Ми има споменато една личност од фамилијата дека одењето на психолог во Македонија е незамисливо и го смета за лигавење од моја страна, сум немала потреба од тоа. На психолог оделе луѓето во Америка, ако ми било за муабет сум имала другарки, сум имала фамилија.. Јас сум била и по психијатри и психолози бидејќи чувствував сама потреба. Имав суицидни мисли итн. Сега не сум до толку отидена, ама сакам со време да си закажам да ми олесни колку толку да не забегам како претходно и да земам лекарства.
Нема што да слушаш такви личности, или слушај ги и не ги применувај нивните совети кои тебе не ти одговараат. И не не си отидена ако се појават суицидни мисли, сите во одредена фаза од животот се осеќале неубаво, непријатно во своја кожа затоа се тука психолозите и психијатрите. Слободно да се обратиш и упатиш за совет, помош за твое добро и твое здравје само ти си самата одговорна. Ти пишав препорака за психијатар, за совет и муабет бујрум во лп. Поздрав и секое добро.
Здраво, не знам дали е ова за овде баш ама ми требаат препораки од добар невролог не е битно дали е приватен или не..
Bev kaj ovoj ednas vrska si nema ne se zamara ic ne te ni slusa..me slysase dvevtri minuti i otide vo drugata soba neso da bara ko demek i ja zborev sama so sebe ko luda i koa dojde po nez kolku minuti mi veli ti nesi bolna samo ti trebaat luge vo zivotot na koi ke se potpres emotivno..lool bolane ja da imam na koj da se potpram emotivno i da mi pomogne psiholoski nema kaj tebe da odam ke zboram so drugi luge..asamo sto pocnav da mu zboram za sebe nemozes od pet minuti samiot so zborenje da go dolovis korenot na problemot bar ja nemozam moram da pominam niz site vnatresni sloevi od gjubre so se veli a ovoj starec samo so pocnav da se otvaram me otkaci u brza postapka..u momentot bev blokirana neznaev kako da reagiram a posle bev mnogu nervozna i razocarana..moze deka idev drzavno so kartoni,moze da mu pustev kesh u raka ke me slusase vnimatelno ccc Inaku, osven so dijagnoza od psihijatar ,na koj drug nacin moze da se vidi psikickata bolest vo mozokot na pr sizofrenija?
Добро вечер Веќе подолго време се борам со различни видови на страв и добивам панични напади Ве замолувам споделете искуства од добар психијатар по можност да е со сини картони
Zdravo, Sakav da ve prasam dali ima nekoj iskustvo so Aleksandar Marcikik. Ako ima nekoj da spodeli kako mu bese iskustvoto so nego? Fala unapred na site sto ke pomognat.
Здраво, ми треба да закажам за блиска особа, па прочитав препорака за д-р Ана Филипче? Дали некој знае како можеме да закажеме кај нејзе? Или препорака за друг добар психијатар? Ни треба стварно да е добар до оглед дека личноста не може многу пати да се јавува.. Може и приватен, само да е ептен добар доктор.. Фала Ви.
И јас имав слично искуство со Милутиновиќ, бев 2 пати првиот пат повеќе си раскажа за себе, а вториот бидејќи сум била последен пациент и бил преморен не ме ни сослуша, само го напиша извештајот. Не го препорачувам..
Јас истото. Сакав да поразговарам со психијатар или психолог. Се одлучив за кај Милутиновиќ, ај викам лекар е, подобро ќе ми ја процени ситуацијава. Кај него бев точно 40мин, цможе дури и нешто помалце кога ми кажа за ова денес должиш 1800ден. Не беа парите проблемот само времето како да и за тоа време му бев многу. Што те донесе кај мене ме праша и толку. Сама му раскажав како се осеќам, кои се причините што сум таму на што он ми кажа дека сум сосема здрава, не е ништо сериозно. Дури и за тоа време кас зборев, он не ми остави впечаток дека се обидува да навлезе длабоко во проблемот. Ниту прашања за семејство, за детство, за претходни трауми (можда некој ги има) не ми остави впечаток на стручно лице кое сака стварно да помогне.. Немам посебни пофалби за него..