Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психијатар

Дискусија во 'Психологија' започната од atopic, 22 ноември 2013.

  1. cutepanda5

    cutepanda5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Да и мене истото првиот пат (вториот и онака не разговаравме) ми кажа дека со мене се е океј, дека не сум го употребувала мозокот доволно:^) Матичната ми ја препорача Весна Вајс Павлов. Дали има некој искуство со неа? :)
     
    На mira.mira, tina2018 и Istata od vcera им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас самата пред неколку години и препорачав да ми пише упат матичната за кај неа, многу полагав надеж во неа, на крај ми испадна преголемо разочарување, а кај последниот кај што одев доктор сестрата кога и кажав кај сум одела претходно за Весна искоментира дека ми била многу погрешна одлука во однос на проблематиката која ја имав дека застарени и биле методите на работа. На неколку пати кога бев си се јавуваше на вибер, муабетите ради реда и прекинав да одам, се осеќав неразбрана и неприфатена од нејзина страна. Сепак пробај и види може твојот проблем подобро ќе го третира.
     
    На tina2018 и cutepanda5 им се допаѓа ова.
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не и е баш специјалност давање брачни совети, ама топло ти ја препорачувам д-р Жанета Карагоцева психијатарка во Промедика, жената има многу лично искуство на таа тематика, многу позитивно со многу ведрина советува и сослушува и пред се многу е реална во советите. Само си кошта да си имаш во план и предвид и треба време за повеќе сеанси.
     
    На Maci -Kaci и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    6.652
    Јас одев на психијатар во Букурешт, не кај Невестиќ, кај другата во истата просторија што е, различни смени.. и го заборавив името. Првите два пати ми личеше на презаинтересирана, си реков супер е, после тоа беше у стил: е не можеш така дома да седиш, излегувај.. А не се обидуваше да дојде до коренот на проблемот. После веќе не ми ни правеше муабет, ќе ме прашаше само и имаш ли да кажеш нешто.. Првиот пат кога отидов одма сакаше да ме стави на антидепресиви, јас не прифатив и после одреден период ми се влоши состојбата и ми вика е сега ќе мораш да пиеш. Ме наклука со антидепресиви, хелекси, хипнотици и антипсихотици. После прекинав да одам и сама си ги прекинав антидепресивите. Не ја препорачувам.

    Инаку сакав да одам и на психолог, ама фати и короната и немав можност на државно да одам, а на приватно ми беше многу скапо. Кога ќе имам можност првенствено ќе си отидам на психолог, па ако е потребно после на психијатар.
     
    На tina2018, eliesaab и dayla им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise психијатарот секогаш дава антидепресиви, а психологот не. Таа е разликата. Во глобала ни едните се замараат ни другите. Кога имав најголема потреба психијатарот ме заборави и дремев пред врата надвор на ладно. На договорен термин за кој јас си плаќам пари. Не ми беше проблем шо чекав, колку тоа што ми рече "еј те заборавив".

    Прави го тоа што те прави среќна.
     
    На Dashing:), tina2018, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    6.652
    @eliesaab Се согласувам со тебе за жал. :( Многу е тешко да се најде асален психолог и психијатар (во нашата држава зборувам) за надвор не знам како е. Мене психијатаркава ми имаше закажано психолошко тестирање во Државна кај некој психолог, но зошто фати короната испозатворија се, дури апла тешки случаеви на психијатрија што лежеле дома ги пратија... Психологот ми се јави на телефон, позборувавме 10 минути и после веќе ништо не бидна од терминот, а тогаш 20 заболени на ден имавме. Многу ми е жал за тоа што ти се случило, крајно неодговорно и незаинтересирано, а психијатри и психолози треба да се најхумани и желни да помогнат на човек, впрочем тоа и го учеле, тоа е целата поента на нивната работа. Се надевам дека еден ден ќе го најдеме вистинскиот психијатар/психолог за нас. И да бидеме силни. :hug:
     
    На DraganFem, tina2018 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.593
    Пол:
    Женски
    @blueeparadise сепак на крај од нас самите сè зависи.
     
    На Dashing:), tina2018, cutepanda5 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Дечки ми треба препорака за психијатар од кој сте навистина задоволни? Пожелно е приватно да работи

    Имам одено долг период кај Зора Митиќ и никогаш не би пак. Последен пат бев кај Жанета во Промедика, ама не е веќе таму уште од октомври. И сега барам нов доктор со оглед на тоа што веќе долг период сум на терапија без никаков надзор. Инаку на терапија сум ставена од страна на невролог од државно ама со оглед на ситуацијава немам можност да одам.
     
  9. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    437
    Може ли да ми кажеш какво ти е искуството со Зора?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lina_loli

    Lina_loli Нов член

    Се зачлени на:
    31 декември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Покрај Јохан, дали некој знае некои други добри психијатри во Прилеп?
     
  11. Кристалче

    Кристалче Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Оддамна сакам да закажам сесија со психолог , но многу ми е страм , и незнам какo пред се оди раговорот , ако ме праша за што сакам да разговарам јас незнам од кај да почнам имам толку многу маки и проблеми , со самата себе, фамилија , дечко, работа ...незнам како оди првиот разговор ( знам секој психолог различно) но дајте кажете некое искуство совет како било првиот разговор со психолог . Гледам има апликација разговор.мк таму е анонимно , па прво таму ќе пробам ама и за таму имам трема страв..Help :)
     
    На Lindaa90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Би сакала да те замолам да споделиш искуство после сесијата со психолог. Фала ти!
    Среќна Нова!
     
  13. Кристалче

    Кристалче Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    обавезно , но прво да се решам на тоа .Среќна и на тебе
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.046
    Допаѓања:
    16.152
    Иста бев и јас. Срам, срам.
    Е готово реков.
    Закажав и појдов.
    Најпрво те прашува КАКО СИ, ШТО ТЕ МАЧИ, КАКО СЕ ЧУВСТВУВАШ и дали примаш терапија.
    И ќе ти рече да почниш да раскажуваш за себе.
    И почнува со потпрашања
     
    На Milobebence, Rada15, Кристалче и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Rada15

    Rada15 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2020
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Помага ли нешто? Осеќаш ли некакво подобрување после посета на психолог?
     
  16. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    Здраво, некоја препорака за психијатар за шизофренија што е специјалист?
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    За шизофренија имаат огромно искуство Антони Новотни и Бранислав Стефановски на клиника, одлични се со пациентите, со многу разбирање работат, ова од искуство од пракса го увидов. Е сега не знам преку мој термин како е и колку се чека со оглед на ситуацијава.
     
  18. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    А на приватно да не знаеш дали работат, пошто нема здравствено осигурување лицето па нема да може преку мој термин?
     
  19. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам, можеби примаат и така пациенти.
     
    На ni.na му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Кора

    Кора Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Дали некој има добро искуство со психијатар на поле анксиозност?
    Знам дека самодијагностика е нешто што не треба да се прави меѓутоа се борам со периоди на огромна хиперактивност, мотивираност, ултра продуктивност а потоа следат депресивно анксиозни периоди кај што се чуствувам како најголемиот губитник на светот во кои имам проблем со страшна прокрастинација што ме наведува да мислам дека можеби се работи за биполарност или ADHD/АDD. Сигурна сум дека не се обични лоши периоди со кој што сите се соочуваме од време на време туку дека е некој подлабок психолошки проблем бидејки ова ми се случува веќе долги години наназад уште од деновите на средно школо па се до сега до степен да ми влијае на тогаш школо а моментално работни обврски и социјален живот.
    Би ви била благодарна доколку сте имале сличен проблем, или познавате некој со сличен проблем кој има добро искуство со психијатар кој би го препорачале за ваква проблематика. Знам дека задоволството од одреден психијатар е лично, секој има свое искуство но некако не ми се талка со закажување термини колку за проба кога незнам ни од каде да тргнам, би сакала барем да имам претстава кои од психијатриве/психолози во Скопје би биле добри за ваква проблематика.

    П.С. имам посетувано психијатар многу одамна пред повеќе од 10 години додека бев прва година средно, специфично Весна Вајс Павлов, меѓутоа незнам дали да се обидам повторно кај неа.

    Ви благодарам однапред!