Вака. Да предложите некој добар психолог во Скопје? Имам искрено доста работи да споделам, па ќе ми биде потребен доста длабок разговор и совет.
Луѓе, колку психолози сменивтњ досега? Мене ми е срам да пробам четврт.. Мислам дека последнава некако не ми годи. А, нњ сакам па и многу да шетам од еден до друг, па се да се дознава за мене или пак да не ми се измеша во мозокот
Роднина на снаа цело Скопје го преврте менувајќи психолози и психијатри. Не му помагаа, ама он не се откажа. Нема зошто да ти е срам. Ако не си задоволна, смени го.
Само кај еден сум била, ама сакам да сменам. Имам чувство дека ем не ме разбира, ем не знае што прави, а и дека не му е гајле дали клиентот ќе има прогрес... демек "Ти си тука кај што си, за резултат треба време, доагај тука до недоглед...ако по некое време има резултат-супер, ако не-до тебе е". Дајте препорака за добар психолог и пристојна цена. (Не на државно, знаеме дека тоа не функционира)
Многу психолози земаат доста пари и се пререкламирани и се занесуваат за работата што и други не толку познати си ја вршат за упола цена. Понекогаш се осеќам како да психотерапијата и советувањето се мода, а не неопходност за поквалитетен живот и здравје. Многу занесени и ништо-посебно психолози што работат приватно има и си го наплаќаат дебело дали брендот, дали софата ама квалитетот на услугата сигурно не.
Здраво на сите, Ми требаат препораки околу тоа каде можам да добијам точна дијагноза за Borderline Personality Disorder (BPD) во Македонија. По долготрајно истражување и читање на стручна литература, сум прилично сигурна дека можеби имам BPD. Меѓутоа, мојата неодамнешна посета кај психијатар не беше од корист, бидејќи моите грижи беа игнорирани и бев наречена “размазена”. Дали можеби некој знае за психијатар во Македонија која специјализира во дијагностицирање и лекување на BPD? Благодарам!
WHAT THE FUCK?!?! Од "психијатарот" беше така наречена? Ако да, треба да си ја искине дипломата што ништо не му вреди.
Здраво на сите, Ми треба совет и препорака за психолог или психијатар, кој работи со партнери во врска/брак. Не знам дали добро се изразив,но верувам разбирате што ми е потребно за каков проблем барам. Фала ви дечки
5 психијатри 6 психолози и уште немам најдено некој нормален. Психијатрите сите се генерално океј, ама аповите ме утепуваат у поим. Психолозите се хиени. Ќе бидам искрен, во темава многу често правам муабет за цена на услугите. Мене искрено парите не ми се проблем, моментално имам доволно за 10 години да платам психолошки услуги и да не се секирам дали ќе ми стасаат парите. Не е до парите. Кога и да одам кај некој од нашиве приватни психолози, се осеќам ко рипка у аквариумот со пираната. Напредокот ми бил слаб, да не речам никаков, а имам дадено нешто над 2000 евра на психотерапија. 60 минути седиш и се осекаш ко идиот затоа што истите муабети можам со случаен таксист да ги напраам, па и поубав муабет да си напраам, и да ми каже шо да праам, и да ме опраи. Јас прекинав со психотерапии затоа што не планирам да им бидам новчаник на алчните психотерапевти. Сега исклучиво барам некои нови, пресни студенти, шо се вика од клупа искочени, можеби не се стручни или многу искусни, ама барем се искрени, имаат ДОПИР СО ЗЕМЈАТА. Тоа е тоа, пишете ако знаете некој пресно завршен психолог шо праи сесии, да им ја сефтосам ординацијата.
kolku vreme odese vkupno na psiholog?I bas nikoj ne ti pomogna?Sledno e mislam hipnoza da probas.Kako ubavo gi narece hieni,ali donekade si vo pravo.
2.5 години, не можат да ми помогнат затоа што не знам, ваљда не се разбираме, ама голем проблем е што дел од моите психолози беа етаблирани и релативно многу богати луѓе што немаат допир со нормалниот свет. Сеа глеам една со КБТ што работи, ама сесија 3500 или 4000. Па матер му ебам 16000 за 4 саати да си праиме муабет?
Мене ми изгледа дека ептен немаш имано среќа или не знаеш да процениш кој би ти помогнал или пак станува збор за нешто сериозно штом се уште посетуваш. Реално поентата е после неколку месеци максимум да имаш напредок така што не ќе ти треба никој ама зависи од човек до човек, не знам шо психотерапија е тоа со муабети?
Генерално на Гешталт идев, имаше и некои што беа клинички ама не знам, пошто кај нив многу многу не се вратив.