Генерално на Гешталт идев, имаше и некои што беа клинички ама не знам, пошто кај нив многу многу не се вратив.
Епа тогаш гледај тие што се клинички и што имале искуство со најтешки случаи/дијагнози. Тие можат да се справат со се.
@EmporioIvankov Си пробал ли кај Тиана од Себесложувалка? Јас ја имав пратено другарка ми кај неа и она ми кажа дека и се допаднал нејзиниот начин на работа, без влакна на јазик ти кажува што е и како е, ти ја кажува вистината во лице, ама без користење на некои големи зборови и фенси фрази, туку одиш баш на опуштен разговор кај што можеш да кажеш што те мачи, знае да разграничи што е сериозно, а што не, да се нашали кога треба а кога не.
А што е точно проблемот уствари, не те разбираат, сфаќаат сериозно или погрешен пристап имаат? Да бидам искрена и јас го имам истиот впечаток за тука, а можеби едноставно не ти одговара тој гешталт пристап(зашто си пишал дека генерално кај тие се одел).
Па затоа нема резултати. Гешталт многу баааавно се гледаат резултатите. Треба да се утепаш идење и пак на истото ќе си кадешто си бил. Моја препорака CBT.
Уф, не беше сега она, мислам дека тогаш беше 1700/800 денари, ама можно е сега да и е покачена цената сигурно. Најубаво да се јавиш да прашаш. Само знам дека она ја има основано Себесложувалка и кај неа е повисока цената, кај другите психолози што работат кај неа тогаш беше поефтино да се отиде, 1500 од сесија ми се чини.
Ќе се јавам денес,вчера беше доцна некако, фала ти. Другарка ти задоволна е од Тијана? Дали си одела и ти?
Ти сигурно си се јавила до сега, иначе јас немам отидено. Она не продолжи, зошто уште првиот пат Тиана и кажа а и самата сфати до некаде што и е проблемот, и за тој проблем не и беше потребен психолог, туку нешто друго, самата можеше најдобро да си помогне на некој начин.
Ме изненади искрено ценава (позитивно). Другаркава поодамна беше, и мислев дека до сега повеќе ги имаат покачено цените, ама за +200/300 денари е сосема пристојно. Баш кажи како ќе си задоволна ако отидеш.
Мое мислење е дека цените кај психолог треба да бидам пристојни. Очекував да е 1500ден искрено. Психолог треба да е достапен за секој човек и секој да може да си дозволи финансиски…. Сметам дека одење на психолог не треба да биде луксуз како во случајов. Зборувам за цените, не за квалитетот на докторот.
@GirlVolley и секако ќе требаат најмалку две средби за опис на проблемот. И кога ќе видиш дури почнеш вистински да работиш, отидоа парите. Малку повеќе се занесоа со цените..
За жал вистината е оваа….не знам по државниве со упат ако знаере некој добср психолог да ми препорачате, па да разгледам повеќе опции. Читав во темава, не најдов ништо државно или можеби не гледам
Јас воопшто не бев задоволен од државно од причина шо самите термини беа по 40-45 мин и кај сите до еден шо сум бил ми рекле да одам кај нив на приватно за подобро да го разработиме проблемот. Можеби едино психолозците на Клиниката за Психијатрија да се подобри.
Aj preporacajte nekoj psihol.Osekam deka imam potreba da se istusam.Mnogu raboti se sobrani od sekade?
Zdravo decki, moze li da dobijam nekoja preporaka za psiholog/psihijatar koj pomaga vo LGBT+ zaednicata? Vi blagodaram odnapred!
Ова е голем број, можеби нема што да ти понудат? П.С. Има и други погледи на свет, западната психологија е валидна, ама нејзина цел е да рационализира, анализира, да го реши човекот како равенка и проблем. Старите мистични филозофии, пред се источните, го гледаат човекот како целина поголема од составните делови - разумот и емоциите, и ние сите повремено си страдаме од нашето его, кое па е важно за животот во заедница. Тебе не би те означиле како проблем, туку како некој што тргнал на пат, својствен само на тебе.