Здраво, порано одев кај психолог мислам се викаше Маја која држеше бесплатни сесии во Црвен Крст за волонтерите. Дали знаете каде работи сега?
Доста пишувате дека не ви се погодил психологот или за цените. Не ми е верно дека може да се отиде кај 5 психолога и ниеден да не чини. Треба да се запрашате дали е до вас тоа. Дали барате некој да ви го каже тоа што сакате да го слушнете или не сте спремни да се мењате. Сум била кај 3ца психолози, бидејќи сум се селела, значи во различни земји, па и во Мк. Сите ми биле топ. Ама, ако нејќеш да се мењаш или да се соочиш со своите минуси, тогаш никој нема да чини. Друго, за цената, 1500-2500 ден од час. Во Европа психотерапија е 150 еур. Знам дека ќе кажете дека стандардот, платите не ни се европски, и така е. Ама, кај нас нокти се 1200,00. Фризер, шишање, фарбање тешко под 2000,00. Кафана тешко под 1000 од човек. Епа греота е некој кој го плаќате да ви помогне да го спасите бракот или да ви помогне да надминете депресија да се рамња со ноктарките. Сепак, овие луѓе учеле по 10 и кусур години. Знаењето кошта. Во моите пресметки, секако ми е побитно да решам некој личен проблем отколку ноктите, и тоа ќе го платам.
Е па на ова скапо време тие психолозите треба да се запрашаат колку е нормално да имаат такви цени ба такви мизерни плати. Како може да ги браниш не мо е јасно. Не живеам мк, и да во странство терапијата е минимум 70 евра, ама и платите се далеку поголеми.
Имаш психолог и психолог. Ако е поскап не значи дека ќе ти ги реши проблемите. Ако е поевтин исто не значи дека не го бидува. Во Македонија луѓето бараат „златна средина“, зашто ако во просек имаш двајца од фамилија кои имаат потреба да посетуваат психолог, отиде платата. Во врска со болдираното, секој си знае дали е до него. Верувам, барем секој е доволно самокритичен како личност да си признае некои работи пред себе. Исто, би додала дека секој треба да внимава каде оди и да бара препораки од блиски.
Мислам дека си го образложив мислењето. Затоа што мислам дека вреди повеќе од ноктите! Кај нас не се само платите мали, туку и вредностите. Фрлаат луѓе пари на нокти, на коса, на ботокси, на облеки, ама психологот е скап. Јас не викам дека не треба жена да е средена, да се разбереме. Ама кога ќе видам некоја накитена од глава до пети, отишла на 3 одмори летово, маникири, педикири, ама психологот е скап. Извини, што ти е поважно во животот?
Би сакала ли споделиш кои се топ професионалци во Мк, и да ја збогатиш темата? Такво инфо е од општ интерес.
Се согласувам, и генерално мислам дека тие што се квалитетни, не се рекламираат и не бомбардираат на соц мрежи. Ова мислење ми е за све во денешно време, за психолог, за гинеколог, за фризер, за што да е. Јас одам само по препорака, никогаш не сум гледала реклами. Колку повеќе некој се рекламира, толку не ми се свиѓа.
Па баш дека психологот е потреба треба да биде далеку поевтино. Ноктите може да се вбројат во луксуз и може да се скапи. Ете спореди, лебот е основна храна и е најевтин во споредба со сите други намирници.
Здравјето точно е основна потреба, и сите што ни се потребни за нашето здравје, физичко или психичко, учат со години и децении, и нивните специјализации коштаат многу а ги плаќаат од џеб. А и нивната одговорност е многу многу поголема. Ако ноктарката заебе, ќе ги преправиш ноктите, ама докторот или психологот може да го тужиш, пошто штетата може да е катастрофална. Да воведат матични психолози со закон, преку фонд да иде тоа, поедноставно ќе биде, попристапни ќе бидат и ете решена работа. Па кој сака ќе си оди на матичен, кој сака на приватен. Вака сега, кога се сите приватно, па не се будали да наплаќаат исто како ноктарките, нормално ќе си се ценат. На пр, Тина Васков од Когниција, има ХХ години искуство, дала илјадници евра за образованието нејзино, специјалист, и сега да наплати како ноктарката со еден месец курс. Па не е фер тоа. Јас сум генерално за сите важни струки, наставник, професор, доктор, психолог, пожарникар, и слични такви, да имаат ГОЛЕМИ плати и примања зашто ни се неопходни, и како што викаш, основни потреби.
Девојче, психолог сум. Знам точно што пишувам. И да, НЕ е во ред цените да се толкави големи. Во странство живеам, цените се големи ама и платите се големи тука. Секој може да си дозволи психолог. И што е тоа бе, идеш на државно, само 10 мин разговор и ти вика за подетално дојди приватно. Мизерни се.
Може ли да ми препорачате психотерапевт што се занимава со когнитивно бихејвиорална терапија? Пробувам да изгуглам ама не наоѓам баш конкретно некои искуства. Освен Тина Васков кај која не може да се стигне, од сега за четири месеци ми викаат
Не прашав зошто немаше термин ама една пријателка последно што беше негде март/април мислам дека 2100 плаќала
Колку само не е точно ова. Прва ситуација, можеш да немаш среќа едноставно и да налеташ или на нестручни луѓе или да не кликнеш со нив. Втора ситуација, колку си покомплексен случај, толку ќе ти биде потешко да најдеш прав стручњак. Исто ко во медицината, за побанални работи ќе ти заврши работа било кој доктор, за сѐ што е многу посериозно ќе се консултираш со неколку и тие доктори ќе се консултираат со други. Ич не е црно бело како што викаш.
Ве молан некој што е добар и е на државно, или работи со фонд. Морам често да одам, не можам моментално ни 1509 да си дозволам, не па 2000.
Не можам прескапи се. Стана луксуз… и после. Ај да не зборам 2000 или 2000+ за саат време.. Психичкото здравје е пола здравје