Павел Балојани во Железничар кај Рамстор. Најдобар што сум го посетила, а имам одено и на приватни, и психијатри и сѐ тоа.
Дали ако одам кај два психолога во исто време приватно има начин да дознаат? Сакам да пробам само час два со друга, без ризик да го изгубам тековниот психолог, ако ми одговара ќе се префрлам ако не ќе си останам тука
Здраво,самам да прашам дали некој бил на психотерапија во Амигдала,конкрерно кај психотератевт Мирјана и како сте задоволни.Се мислам да почнам таму психотерапија,па би сакала да слушнам искуства доколку некој бил.
Jaс сум била кај Маргарита во Амигдала. Одлично беше, ама реално зависи многу и од тебе колку ќе се вложиш. Јас многу брзо си го средив проблемот.
Знам дека отеков со ова, ама комората на психолози има на располагање лица со контакт броеви за трагедијата во Кочани. Нема ништо срамно да се побара помош кога веќе се има.
Мислам дека тоа се однесува на лица засегнати од таа трагедија,не за оние што веке патат од порано од некое психичка болест. Можеби тоа и сакаше да го кажеш,не знам.
Да, конкретно за нив и ми беше. Ставив и во темата за Кочани, но не е прегледно од премногу коментари.
Дали некој има искуство со психолог Александра Стојановска што порано беше во Неокортекс? Сакам да сменам малку психолог и имам закажно кај Александра по 2-3 препораки но ме интересираат повеќе искуства. Фала ви
Кога закажуваш термин ти праќа локација точна, инаку цената ѝ е 2 илјади за 60 мин. Јас ќе одам во понеделник па ќе споделам искуство.
Александра е одлична, одете слободно нема да зажалите. Мене ми е малку тој еден саат за се што сакам да си кажам. Знае да те сослуша и да даде соодветен одговор на секоја ситуација во која сум се нашла. Не се џабе дадени пари. Ова е мое искуство
Да се надоврзам, Александра е прекрасна, детална, ептен комфортно се чувствуваш кога одиш кај неа, си правиш муабет како другарка само што сите чакри ми ги отвори и ми поставуваше прашања што дури и самата си се запрашував зошто размислувам така. Ептен кликнавме така што си закажав и втора сесија кај неа, кој сака, да оди, ја препорачувам. Да скроз, жена и психолог на место