Дечки, препорака ми треба за психолог, развоен или семеен, не знам не се разбирам во топологија. Важно ми треба за разговор да направам, онлајн.
Дечки препорака за детски психолог? Мозаик советувалиште или Христина Стефановска на фб ,,детски психолог’’
Радмила Живановиќ е катастрофа, и тоа е благ збор. На прв поглед така пријателски расположена, гласна, со самодоверба, ти дава впечаток дека е стручна во решавање на проблемите, а после си го покажува своето вистинско лице. Или ќе ти се изнасмее на проблемите, како тоа биле глупости, ситници во животот, или ќе си кажува пола сеанса што маки она си има, или ќе биде дрска, ладна и непрофесионална... Значи преразочарана сум од неа. Јас сум клиент, и ако мојот проблем за мене е голем, и ме кочи во животот, таа треба професионално да пристапи и да проба да најде решение или метод да ми помогне, а не да ми се потсмева. Во крајна линија, ако не е способна, нека ме пренасочи кај колега или колешка. Нестабилна е скроз, јас мислам си има она некои внатрешни фрустрации, па така излегуваат на површина. Никогаш веќе кај неа, на никој не ја препорачувам.
Дали може да споделите искуство ако имате со партнерска сесија кај Тиана од Себесложувалка? Дали помогнала да се надминат проблемите, да успее врската…. Препораките кои ги дава на секој од партнерите и слично?
Lois Blagodaram za odgovorot, ocekuvav podobri komentari za Radmila, izgleda sekoj so svoeto iskustvo...
Леле кога прочитав дека сте пишувале за Радмила Живановиќ, одма ми се вратија лоши мисли за искуството со неа. Мојот вереник одеше кај неа и после извесно време почна да се жале дека му прави лаф муабет, дека му рекла "гледаш како се опушти, може и на кафе да го продолжиме муабетов". Он одма ми го кажа тоа и рече дека му е непријатно веќе да се враќа кај неа. Дека проблемот за кој што отиде се помалку му обрнува внимание и го тргнува на страна и дека му рекла нема потреба за тоа да збори. А он си има доживеано тешка траума на работа што сака да си ја реше. Така што, од неа се откажа дека стварно е не професионална.
Детето ми е 11 год. и веќе 3 год му е страв сам да остане кога ке се стемни или пак доколку е со другарчиња излезен се враќа пред да се стемни му било страв. Го носев кај Мери Бошкова само кога почна да се плаши ми рече минливо е, оддтогаш поминаа 2 год, сега последно го носев Ивана Хаџииванова но и таму ништо. Ми треба добар детски психолог да допре до него, бидејќи веќе расне неможе цело време да сум му во близина, јас цело време му зборувам но по ден два пак вели ми е страв.
Здраво на сите, дали некој може да ми препорача психотерапевт за анксиозност. Бев кај Ирена од Когниција и не ми остави баш добар впечаток и дали некој има искуства со Розалија Секуловска, Ленче Милошева( Неуромедика) и Вера Типко?
Вера е баш скапа а верувам дека е добра.Јас кога се јавував (пред пола година можеби) ми рекоа 8000 земс прво за проценка само.А секоја сеанса е околу 6000 ден.
Павел Балојани земал 1200 за онлајн сеанса на разговор.мк пред 5 месеци, сега зема 3000денари.Причина за скок во цената и искуства со него дали имате?