Ивана Хаџиванова е бизнисменка а не психолог. Читав статија била излечена од комплекси така кажала. Нула професионалност од нејзина страна, недораснато створење.ПОСЛЕЕЕДНО МЕСТО КАЈ ШТО БИ ОТИШЛА ПАК Е ТАМУ. ПОСЛЕДНО! Кај мене измеша приватно и професионално што не смееше да измеша и имав тешка криза после нејзините терапии и посегнав по сопствениот живот. ми се рушеше светот а она ме дотолчи со нејзината грубост и немарност.. нека си фура комерцијалните настани и маркетингот, ама да си ја соголите душата пред нејзе никогаш. дрска е надмена и безосечајна. мање битно е дали јадела и пиела на сесија ако е добра ќе и се прости, тоа што првично нема емпатија и го гледа човекот спроти нејзе од социјална гледна точка, т.е. колку пари има или нема тоа е најтрагичното нешто. мене ми кажа тебе никој не те сака во време кога ја загубив работата, бившиот партнер ме малтретираше и имав ментална криза.. и да посегнав по сопствениот живот зашто она беше свесна во која ситуација се наоѓам. бизнис, ништо подалеку од тоа. само парите и името и се битни, не на некого навистина да помогне.и да си отиде на одмор негде или да се излуксузира. https://arhiva.fashionel.mk/intervju/zboruvam-glasno-i-rusham-tabua Има толку многу прекрасни личности пред се кои што се свежо излезени од факултет кои ќе ви се посветат максимално, ем и поефтини се. Мислам дека е јасно. За тоа што ме докрши емоционално кога бев во многу кризен момент и имаше нула емпатија за мојата состојба и посегнав по сопствениот живот..никогаш нема да и простам. Се надевам дека ќе ја видат сите која е и дека ќе пропадне. многу проблеми ми направи таа жена.
Навистина ми е жал така што сте поминале. Се надевам ќе биде подобро. За Ивана, уште преку слика може да се примети за каков демон станува збор. Јас дури од слика се плашам од неа, не дај боже да и ја отворам душата. Точно, таа е повеќе бизнисмен од психолог. Но, пробајте распрашајте се, мислам дека има каде да напишете поплака. Ова важи за сите. Комората на психолози која им ги издава лиценците мислам дека е и надлежна за нивна дисциплинска одговорност, казнување итн. Не е секој за психолог. Излегоа еден тон бизнисменки, а верувајте не се попаметни од вас односно од нас.
Да додадам - сте побарале помош, сте западнале во рацете на еден нарцис желен за себепромоција. Не е страшно. Битно да не се повтори и тешко на тие што одат кај неа.
и пренесов на мирјана тогашниот прецедател на комората... али штетата беше напраена... И за обичен човек не е океј да уништуваш некој со грубост кога знаеш дека си му единствената подршка во кризен момент не па за некој кој е платен за тоа.дно дна
Навистина ми е жал за твоето искуство. Се надевам дека сега си имаш некој далеку подобар психолог и дека си си ја средила сигуацијата. Многу ми е криво кога ќе прочитам вакви случаи, а не си единствена. Имајки предвид колкухраброст ти е потребно да си ја признаеш сигуацијата сама на себе и да побараш помош, некој вака да те тресне од земја, во најмала рака е понижувачко, а богами и криминално.
Јас колку што знам имаат во Хера само не сум сигурна дали е само до 18г за деца или и за повозрасни. За црвен крст исто мислам имаат за стари и за лица со посебни потреби вака општо не знам. На Славијански универзитет имаат онлајн платформа за бесплатна поддршка но не сум сигурна дали прават психолошки советувања бесплатни или само консултации. За лица на семејно и родово базирано насилство колку што ме држи сеќавање има посебни центри и невладини што ги следуваат и имаат психолошки советувања. Од мене две препораки. Слаѓана Ангелковска и од Разговор.мк сајтот Виолета Илиоска.
баш ми е жал. Но, денешните луѓе се повеќе не учат дека не треба да ги земаме здраво за готово без разлика на нивната професија. Најважно е да се потпреме на самите себе колку и да е тоа тешко. Верувајте, полуписмени се, доктори, психолози, адвокати. Никој не гарантира целосна заштита. Од нас зависи на кого и колку ќе му ја довериме нашата доверба. Секогаш со резерва. Мене нешто што многу ми пречи кај овие психолози е што типките штанцаат пари како луди а квалитет нула.
Јас барав долго психилог за детето. Маја Цветаноска топло ви ја препорачувам. Не знам дали зборува албански ама ало може детето да комуницира основно нивп македонски, ќе се разберат преку игра и цртежи. Исто така може и вие да закажете, са зборувате со неа за проблемот со детето. Нас она не извлече после низа разни психолози..
Ве молам психолог за млади што работи со фондот ама да има слободни термини односно да нема само по 5 термини во месецот како што гледам на мој термин бидејќи не можам приватно да си платам а не можам да чекам долго
Ова што го барате малку е невозможна мисија затоа што реалноста е таа. Приватните земаат околу 2000 денари. Ако ви е итно мој совет е да отидете на приватно два три пати, па потоа префрлете се на државен. Инаку со мој термин, ќе почекате....
За кој град? Јас колку што гледам има многу слободни термини за психолог, ако означиш дипломиран психолог на мој термин.А кој е подобар од нив стварно не знам.
Најотворено и директно ,овие од фондот нема да те примат повеќе од 2 пати на месец,ама прво треба да закажеш психијатар ,па тој да те упати понатаму.Јас немам баш пари да си дозволам на приватно.мислам екстра кеш за психолог и собирам фонд,тргам настрана дека стварно ми треба.Се откажувам од шопинг ТЕМУ,кафе и друго за моето ментално здравје.Пробував државно ,ама никој не соработува таму.Термини се на пола саат,плус не ми доагале на договорено со упат.Ми се јавува сестрата и ми вика докторката излезе,не е добро ,и сама ми дава број од ординација за на приватно.
Предложете ми добар психолог на приватно или психијатар, ама стварно добар. Да не биде само апојте и ај чао.