И мене ми треба ..одев работев на себе ..и достигнав ниво каде што седиме си правиме муабет..џабе парите..и на моменти имав чувство дека јас и кажувам на пример реална ситуација ..дека не умее да се стави во моја кожа и да ме разбере дојдов до момент на брак и дете ..и може да ми дава совети од книга нема искуство животно и сето тоа ми нема поента..не знам дали има смисла воопшто да си го губам времето ..и решив да не одам
Јас со Тијана имам негативно искуство. Целосно погрешна слика имаше равиено за мене од се што и имав зборувано, беше целосно нелогично тоа да го заклучи. Ме прати на психјатар и човекот ми помогна во една сесија многу повеќе одошто таа со месеци.
Јас со Тијана имам негативно искуство. Целосно погрешна слика имаше равиено за мене од се што и имав зборувано, беше целосно нелогично тоа да го заклучи. Ме прати на психјатар и човекот ми помогна во една сесија многу повеќе одошто таа со месеци.
Тијана е психолог….по ова што ми пиша,добронамерно те пратила на психијатар. Драго ми е за тебе браво
Не можам да се согласам дека е добар психолог. Говорејќи со психијатарот заклучив дека направила погрешна проценка за проблемот и постојано се чувствуваше како да пробува да ми наметне друг проблем што го немам, а тоа е сексуална ориентација, ЛГБТ теми и итн. На психијатар појдов само еднаш и се почувствував далеку поразбрано одошто сите сесии со Тијана. Денес, после повеќе години, одам кај друг психолог и гледам драстична разлика во искуство, поставување и разбирање.
Комбинација од двете ..да има достигнато одредено ниво на разбирање и искуство за да може да се справи со секој клиент ..така јас мислам дека е најисправно..можеби грешам ..еве ќе кажам зашто така мислам ..психолог на 25год и на 50 год го нема истото работно и животно искуство и не може да работите на ист начин ....
Дали има некој психолог на форумов или некој кој би сакал да разговара? Исто ме интересира дали сте задоволни од некој психолог кој работи онлајн?
Јас кадешто одам кај Александра е 2000 денари за 60 мин, отприлика горе долу толку се, има и поскапи.
Преку матичен во овие државни семпоефтини ама па не знам кој е добар таму и дали воопшто вреди да се оди
Абе во право си, ама секој почнува од негде, и тој сега што има 50, почнал од 30 и со клиенти изградил искуство, и каде има психолог од 25 години? Како прво целото школо и пракса не можеш да го завршиш.. тој што се лиценцира на 25 за психолог, не може да биде асален психолог, за толку кратко време.
Хипотетички цифрата ја напишав ..под 30 год мислев сепак се тоа млади особи без доволно искуство ..на разговор. мк има доста млади психолози..меѓутоа за семејни консталации и гешталт терапија би одбрала повозрасен психолог за да има левел ап и да може да се разбереме ..затоа го плаќаме нели..Имав таква ситуација и заради тоа се осмелив да пишам од свое искуство.Поз
Апсолутно е така, затоа треба и пониски цени да имаат помладите. Ама за искуството стојам зад тоа дека мора да се изгради нели, врз основа на клиенти. Не може секој психолог или психијатар да има животно искуство лично, за да работи некоја проблематика со клиенти, тоа нема логика, зарем тие што работат со пороци, треба претходно да имале порок за да знаат како? Апсолутно не.
Имам чувство дека во Македонија имаме многу мал број на добри и вистински психолози и и тие се скапи и 99,9% во Скопје... Народот од другите места тешко може да дојде до добар психолог, не може секој да оде Скопје само за тоа, а и онлине добар психолог немам видено да се наоѓа.