Розалија Секулоска работи и онлајн, цената ѝ беше 2000 јас кога идев, сега не знам колку е. Себесложувалка исто онлајн работат, цената е исто тука негде, мислам. Тина Васков е супер според мене, ама не сум сигурна дали работи и онлајн. Одамна идев кај неа, цената ѝ е сигурно покачена од тогаш. За поприступачни цени, можеш да разгледаш на апликацијата Разговор.мк, знам дека се нешто пониски цените таму ама немам искуство, не знам колку е функционално.
За разговор.мк тоа што разгледував, премногу има од приватни факултети. Не сакам лошо да бидам сфатена но примерите околу мене кажуваат дека за ваква работа не треба да се доверувам на такви дипломи, иако може да испадне да е некој многу подобар и поуспешен од таков факултет. Лошо е и тоа што точно на крајот на 50 или 60 минути завршува, на средина на реченица исклучува, можеби има нешто да се докаже можеби психологот сака уште 1 минута но ништо.
Претпоставував дека е таква ситуацијата на разговор.мк... Според мене, нема споредба помеѓу сеанса во живо и онлајн. Барем ја не би можела онлајн, ама кога имаш потреба, се ќе пробаш.. Ништо, пробај со некоја од овие што ти ги предложив погоре. Побарај ги на инста, ќе ти одговорат. Можеш и да им се јавиш, Себесложувалка имаат оставено број во био. Розалија и Тина го немаат оставено, ако сакаш, ќе ти ги пишам броевите во порака.
Психолог и психотерапевт е различно многу.Првите завршиле само факултет,вториве поминале самите низ цел еден процес на психотерапија како што одиме ние во минимум 2 години,и имале ментор или уште имаат за некој правец во кој се насочиле,Тоа не е само одам на курс за нешто ,туку обично повозрасен што ќе ги води низ нивното самосоочување,за да имаат непристрасност кон клиентот.И јас порано не разбирав ова во детали,сега ја знам разликата,а таа е ОГРОМНА.
Здраво,дали некој овде имал искуство со психотерапевт Мирјана Јовановска Стојановска од Амигдла и како сте задоволни. Во потрага сум по добар психотерапевт подолго време па се мислам за Амигдала или доколку имате да ми предложите некој друг.Секоја препорака е добредојдена.
Факултетот и дипломата не работат ...работи човек/ особа која има емпатија и скилс. И помагав на една колешка летово ,имаше премногу клиенти оти буквално луѓето кои бараат поддршка од психолог сакаат да бидат сослушани оти сега во 21век секој /а треба да има некој што го сослуша и тој разговор или дијалог да биде во пријатен амбиент. Џабе ако имате лиценциран психолог со сертификати и работилници и семинари за СВ кога сте бројка во неговиот распоред...Јас лично слушав нејзини клиенти кои имаа потреба со некој да поделат нешто што ги мачи, едноставно да се искажат пред особа која нема да ги осуди туку разбере. Не ми беше поентата да наплатам ,мислам тоа пријателката моја си го регулирате. Јас имам дипломирано правни науки и магистрирано слична некоја област каде специјализација ми е ,,мирно решавање на конфликти во спорови,, но, таму верувајте имам прочитано тони книги кои се гола теорија. Праксата и примерите ,животот ,предизвиците ,социјалните елементи ,нарушените меѓучовечки односи се друга димензија за ова...и јас имам лично свој слушател што уредно си го посетувам тоа е заради чистење на умот од ,,токсините,, не мора да е проблем депресија, анксиозност. Ова е потреба на секој човек или жена без оглед заради менталната хигиена. П.С да заолружам еднаш се залетав во Неокортекс тие ,,се многу на цена,,, а отидов при мојата беше на годишен, с се соочував со тежок предизвик ,болест на родител. Жалам што бев еден час таму и жалам што жената која важеше за некој врв не даде Бикова повратна енергија на таа сеанса која за мене тогаш значеше. Барајте личност која ќе биде од доверба, држи до професионалност но и ќе ви пружи чувство на прифатеност и припаѓање ,а тоа се чувствува уште на прва средба...
Се прекинува разговор само ако е на пишување. Ако е аудио, обично е преку телефонски број, а ако е видео не се исклучува. Гледајте кои едукации се завршени и каде, каде работи психологот, колку искуство има и за што е специјализиран. Приватен и државен е исто, сувопарно учење теорија без никаква пракса на двата факултета. Такада според мене има други работи кои би ги акцентирала повеќе од факултетско образование. Не е само дс завршиш факултет, после има долг пат да се доедуицраш за да држиш сесии малтене како медицина. Плус, за да ја продолжат лиценцата мора да одат на едукации и да собираат бодови.
Jas imam slobodno kontaktirate me ke vi dadam kontakt vo dm Iskreno mozam da go preporacam Dr. Nikola stojkovikj od Ataraxia, mnogu profesionalen I mene mnogu mi pomogna so mojata samodoverba I opsto so mapiranje niz zivotot
Морам да споделам прелошо искуство со Александра Стојановска од Емотива. Имав закажано сеанса во 18:30h и истата требаше да трае 1 час. Ме прими во 18:48h, додека седнав и се сместив беше 18:50h, а во 19:32h ми рече дека сеансата е завршена без притоа ниту на почетокот ниту на крајот да се извини или барем да даде објаснување за доцнењето, а ниту предлог за дополнување на изгубеното време (причина за доцнењето и моето чекање во чекална беше тоа што имаше друга клиентка пред мене). Во текот на целиот разговор, јас се немам понепријатно чувствувано. Дрска, надмена, со коментари кои напаѓаат. Доколку пристапот и е да го испровоцира клиентот за да допре до чувствителни теми, доколку е добар психолог треба и да процени дека не секој човек е ист по карактер, па на пример кај мене го постигна сосем спротивниот ефект, односно да не можам да се отворам пред таков човек. На крај (тие нецели 40мин) иако платив целосна сума за 1 час, ја заврши сеансата со за мене неприличен дури и навредлив коментар, на мое прашање упатено до неа за одредена тема, дека сум можела и сама да прочитам по интернет ако ме интересирало. Искочив и воопшто не сакав енергија да трошам на поплаки за времето или разговорот, затоа што сфатив дека нема да се вратам тука втор пат.
Колку е сесија кај неа? Беше државно, кога одев, и мн бев задоволна, после краток период отиде приватно, не знам ни каде е, ни колку и е сесија сега.