Истото искуство го имам доживеано и јас кај нејзе, кога работеше во неокортекс. Мислам дека имам споделено и тука. Дрзок, надмен однос, а јас имав некои 20 години тогаш и понаивна од сега, што ме направи да се чувствувам како да сум виновна што воопшто се отварам пред нејзе, а не да сфатам дека она си е дрска и не е соодветен психолог за мене. Ова беше пред 4-5 години, значи гледам дека уште така си функционира со таков пристап.
Не знам за вас ама доволно е некој да касни или нешто друго да му искрсне и да не се извини за да ми дојде да си станам да си одам. Абре колку сакаш имај и мастери и докторати и искуство. Ако немаш основна култура, нема што да ти се доверувам ја тебе. Луѓе сме, све се дешава ама другото е до тебе, да надокнадиш. Луѓе што им е испод части да кажат извини ми се одвратни
Истото искуство со Александра Стојановска. Од Неокортекс ми ја препорачаа како добар психолог за деца, и ја однесовме сестра ми кај нејзе, бидејќи им верував. Јас не бев присутна таму, ама моите ми кажаа дека „лом“ ги направила, и сестра ми и моите родители кои биле присутни со неа. Многу лош пристап за ситуација која бараше многу нежност и чувствителност. После тоа сестра ми нејќеше да стапне кај психолог, иако до тогаш беше отворена кон тоа и реално имаше потреба. И ден ден се осеќам виновно што однесовме дете кај некој толку дрзок и имавме контра ефект заради моја препорака.
Јас со Јасмина немам добро искуство. Мислам сум пишувал и претходно на форумов, пред неколку години. Женава не знаеше што прави на сеансите. Ти и кажуваш едно, таа постојано се префрла на друго, како да се учеше на мене, многу беше контрадикторна. Воопшто не ми се допадна и најважно никако не ми помогна.
Многу ми е жал за сите што го имате ова искуство со Александра. Јас до сега сум немала вакво искуство со неа, ептен сум позитивно изненадена од колку ми се погоди ама пак сметам дека е индивидуално. А за доцнењето, и мене еднаш ми доцнеше и ја прашав дали има причина што ги кратиме сеансите, и ми кажа нема, не забележав дека почнавме покасно и следниот пат кога бев си почнавме регуларно и завршивме регуларно. Сега во јануари имам закажано меѓутоа е онлајн па ќе видиме како ќе е.
И јас мислам дека е индивидуално со кого ке кликнеш ,ама да дозволам некој да ми крати време големо НЕ,ќе барам одма автоматски да останам повеќе за тие закаснети минути.Ех,ама тоа го кажувам сега што имам часови и часови на психолог.За државните е баш како ќе им се ќефне,не касненње од 1 саат на термин ,туку и на недоагање и изгубен ден.
На државно, 30 мин, јас нз како ќе функционирам. Пробав минатата недела. Ама ќе си се префрлам на приватно. Ќе си дам поќе пари. То е.
Ве молам препорачајте ми некој добар онлајн психолог. Дали имате искуство со некој од разговор.мк? Или општо, некој што си работи и онлајн, но да биде проверено добар, имам лошо искуство. Ви благодарам.
Здраво на сите,би сакала да прашам дали има искуство некој со Тина Дамеска од Алтернатива? Поздрав и убав ден од мене