Би ве замолил за препорака на добар психолог кој не зима пари во Скопје. Значи да оди на плави картони преку матичен по можност, и да ми ја објасните процедурата подетално, би ви бил многу благодарен.
Каде тоа 500 денари?Претпоставувам за приватно зборуваш.Инаку на државна со упут од матичен ти е околу 80 денари првиот пат а потоа контролите се бесплатни.За наредниот месец си ваѓаш нов упут и така. Тоа за психијатар,а за психолог не треба ништо да се плаќа,ниту па упут. Инаку @SnowQueen17 зависи од ситуацијата и ти како се чувствуваш.Ако сметаш дека имаш потреба од доктор,направи го тоа,зошто да не?Или пак посоветувај се со матичната,она ќе ти каже.
Претоставувам си од Скопје,не знам како е таму ама обрати се на матичниот доктор да те упати.Инаку би требало да е бесплатно во државните институции од таков смер и центрите за ментално здравје.
Не знам тоа каде така ти зеле,можеби е различно секаде ама распрашајте се,има и ефтини а добри доктори.Се најдобро
Психеа ( хотел Лаки) Ѓорге Хаџи Ангелковски 450 ден за 1 месец, одиш колку сакаш и кога сакаш ( со договор нели) ти треба за прв пат упат од матичен, а за понатака не. https://www.facebook.com/PsihijatriskaOrdinacijaDrHadziAngelkovski?fref=ts За такви што не земаат пари не знам д-р. Хаџи-Ангелковски беше гостин во емисијата Фактор Здравје на 24 Вести, а зборуваше за Шизофренијата. Погледнете повеќе на линкот. http://24vesti.mk/faktor-zdravje-02-02-2015 Не го рекламирам човеков, туку сум одела кај него исто по препорака на една феминка овде на темава. Супер си е.
Здраво.Ве молам да ми препорачате добар психолог за дете било да е на приватно или државно .Во Скопје бидејки во Прилеп нема.
Андромахи ми беше мене професорка по психологија во средно, тогаш беше млада, тазе дипломирана, и незнам колку ќе ти биде од корист мислењево, но жената (тогаш девојка) зборува со толку смирен тон, родена за психолог. Пристапот и беше крајно пријателски, сите ја обожававме и отворено за се сме разговарале со неа. Веројатно сега е многу подобра, со поголемо искуство. Ако веќе си била кај неа, баш ме интересира твое искуство и мислење