Дечки да ве прашам тие што посетувате психотерапевт одприлика колку се движат цените, Александра зголеми на 2 400ден. што реално ми изледа доста скапичко. Исто така тие што посетувате психотерапевт, особено еве кај Александра Стојановска, ме интересира дали и колку суштински ви навлегува во проблемот? И после колку сеанси сте успеале да допрете подлабоко и сте забележале некоја промена? Не знам дали се движам во добар правец
@Zaha таа цена им беше актуелна до лани (не зборувам конкретно за нејзе, туку општо), стави си четири-пет одења дури го пренесеш проблемот. Многу ретко ќе најдеш заинтересиран психолог, таквите обично ти бараат да им кажеш каков ти е планот и колкупати ќе доаѓаш, демек распоред да си направат (благе веза нема, да си пресметаат што ќар од тебе ќе имаат). Мој совет е да пробаш со државните, башка партиципацијата е прифатлива и не се прават толку недостижни.
Точно, катастрофа се, не те ни ислушуваат убаво повеќето, или пак одма може на психијатар да те пратат.
Муабетот ми беше, психолошката помош треба да е подостапна за обичниот човек. Може кога грото поединци ќе целат на државно, кога ќе подоправат кадри во болниците (откако ќе увидат дека граѓаните бараат), тешко да бидат манипуланти со цените на приватното. Ама дури има овци има и волна. И така.
Според мене, за цената, секој си го знае џебот, некому му е скапо и 1000 денари. Но, сметам дека ако имаш мака ќе си ги прежалиш парите и ќе се фокусираш на своето добробидување. Во врска со сеансите, ако се почувствувам несфатено и не слушнато јас би си кажала. Второ можеби би си барала друг, доколку разговорот не вроди со плод. А за тоа колку сеанси се потребни за да гребне под површината, тоа не е до него туку до тебе. Колку ти ќе му дозволиш да навлезе и колку ти ќе се отвориш. Еве со мој пример: Одев пред неколку години на психолог и ми беше тешко да се отворам, имав сесија на секои две недели редовно и воопшто не стигнавме нигде, или штом ќе чепнеше некаде јас се повлекував. После извесно време престанав да одам. Сега, одам пак, кај истиот психолог и мн полесно се отворив за две сеанси се си кажав. И тоа и он ми го забележа како позитивен напредок. Значи до мнее било, он ништо поразлично не правеше. Заклучок: ние одлучуваме што ќе дадеме и до каде ќе одиме, затоа што потсвесно знаеме што ни е тригер и што не пецка.
Да, кај неа е сега 2 400. Инаку гледам дека има и некои негативни коментари, целта не ми беше да ја деградирам неа или било кој друг. Не сакам погрешно да сум сфатена, повеќе прашав за да сум информирана, а Александра реално до сега не ми оставила негативен впечаток, навистина те слуша и ти дава совети и те насочува според тоа што и го кажуваш.
Jas istoto go mislam no koga ke kazham na nekoj lugjeto vikaat do mene bilo Sve se svede na toa kako da zarabotat 2000 za eden saat nishto drugo
Здраво, може ли да добијам листа од психолози кои ви оставиле добар впечаток и сте виделе напредување по нивна посета ?