Ете и јас за прв пат во животов побарав помош од психолог, ама и последен ќе е, најдов жена шо ми ја препорачаа. Се чувме вчера, се договоривме за сесија денеска во 5, онлајн. И она ми рече дека нели оти не ме познава, сака да и уплатам 2500 денара предвреме. И реков нема проблем. Цел наш разговор се вртеше околу парите, 100 пати ми го спомна тоа, дури и ми кажа дека некоја друга нејна клиентка и платила предвреме за 4 сесии и ако можам и јас тоа да го направам. И реков не, и оти ќе си плаќам само за една сесија, пред сесијата. Се осуди повеќе пати да ми го напомене тоа. Откако исклучивме пак почна да ми пише за парите, и за да и уплатам за повеќе сесии. Реков ајде утре ќе ти уплатам за една. И денеска уште од сабајле 11- 12 ми пиша пак за парите. А надвор врнеше, и чекав да застане за да одам да и уплатам. Тоа ми беше веќе ред флег, и земав и уплатив 40е, и и реков дека нема потреба да ми се јавува и оти изгубив поверение во неа. И да не и уплатев до 5, можеше само да ми каже дека чим не сум уплатила, нема да има сесија, а не да ме замара за пари од вчера. И уплатив пари само за да не ме смета дека лажев и да почне да ме објавува насекаде. Јас сакав на неа да и се доверам за тој проблем со пари, шо сите во животот ме гледат како , а она истото ми го направи. И тоа и го реков. И ја блокнав. Нека и се наздравје парите, ама неможам да комуницирам со такви личности. Име нема да спомнувам оти не сакам закачки.
Не, не сакам да ја кажам јавно, дојдов само да се пожалам. Она може и добра да е во работата, кој ја знае, ама мене ми се причини ко да сака само пари да ми земе и ко да зависи од моите пари, и многу се разочарав. После ми се извини, ама и реков дека не сакам веќе да се слушнеме.
Абе ок тоа, ја сфаќам, нели, прв пат се слушаме и во ред е да ми побара предвреме пари оти не ме знае, ама цел разговор околу тоа да се вртии неколку пати да ми кажува да и уплатам за повеќе сесии, ми стана сомнително....
Види не се сите такви ,од едно лошо искуство,да ги оцрниш сите.Јас кога немам пари кај мојот психолог ,идам и на почек и плаќам кога ке стигне плата ,ме чекал и 2/3 недели.Се разбира однапред си прашувам и кажувам ако ми е таква ситуација некогаш ,а итно ми треба муабет.Има една по групите за анкс и секаде во домаќински муабети и други групи се претставува како психолог, и дека работи во школо,а нема врска лаже и собира пари.Да не си налетала на таа,глумица и преварантка случајно?Ние од тука во МК ,ги знеме.Ете да знаат и други дека го има тоа.За плаќане однапред бидејќи си онлајн ми има логика многу.
Не, не е таа, оваа стварно е психолог. И која е таа шо се претставува како психолог, де кажете, за да знаеме да не се заебеме.
@Adidas888 Воопшто не се од помош баш треба јака и сигурна препорака за психолог/социолог/психијатар. Према некои неофицијални статистики навистина предатори и психопати врие во овие области, не знам дали се хранат со туѓа болка и се садисти па ги бираат овие професии, но ова во неколку наврати го имам слушано на интернет, на поткасти од други психолози и сл. а за жал и лично искусено но јас брзо препознавам и не дозволувам понатамошна манипулација.
Ме замисли сега членката Оти баш видов една друга шо се претставува како психолог и и пишав а ич не видов типката дека е русинка. Сега баш и го разгледав профилот, типката се нуди насекаде како психолог, како масажер, како учител по руски јазик, па веѓи правела, нз шо друго.... Ако е таа, кажувајте да ја блокирам одма Аааа, готово, веќе онлајн ништо, ни чорапи нема да нарачувам онлајн.
Тоа го има во секоја работа,и на кола кога ќе се расипе има мајстор вистински,некој недоучен или пак апла скемови што прави и лажов и нема врска од поравка.
И јас имав вакво искуство после одење од година дена. Мислев дека убаво се знаеме за тој период, патем никогаш не сум доцнела со никаква уплата (принцип одам - плаќам), ама дефинитивно прекинав кога почна да бара точен број на сеанси за да си го планира приливот. Искрено, пари сум фрлала по шопинг за работи што НЕ ги носам, ама бар кога ги гледам не ми е криво. И стално е било истото, не дека не сум дала шанси. Цел муабет околу пари, па пари. Еми поарно несреќна и со парталите купени, неголи да ме „силува“ некој во мозок за предвремена уплата.
Е и тоа шо викаш, и оваа сигурно сакаше да си го испланира приливот, може после првата сеанса ќе ми кажеше дека ќе морам да и дадам пари за повеќе сеанси или ништо работа.
Јас ги сфаќам дека реално им зависи бројот на средбите, од тоа живеат. Ама да форсираат предвремена уплата малтене ми е умоболно. И ова само ми кажува дека многу се во таа професија, дека те гледаат како бројка и ништо повеќе. ..ако веќе зборуваме, сите веќе насекаде нѐ гледаат како бројки и ништо повеќе. И е жално.
Баш така се осетив, ко парите да и се само битни и ко да и зависи животот од моите пари шо ќе и ги дадам. Многу непријатно се осетив. И како да се доверувам на таква личност? После откако и уплатив и и реков дека не сакам контакт, кажа дека она се осеќала непријатно. Епа сега тоа е.