Здраво феминки. Најпрво би сакала да ви посакам среќна нова година и среќни празници. Да бидеме здрави, среќни, позитивни, хумани и се она што не ни се исполнило лани, да го реализираме оваа година Инаку би сакала да прашам препорака за добар психолог. Анксиозна сум и добивам панични напади. Се плашам да живеам, а немам некои причини за тоа. А сето ова е проследено со несвестици, ладна пот, тахикардија... од нигде никаде ми се појави. Доколку сте имале слични проблеми како моите и ви помогнал некој, ве молам да ми го препорачате.
Здраво форумџии. Дали некој има искуство со др.Павле Павлов? Би го препорачале? Имам потреба да одам на психолог или психијатар (незнам каде треба поточно), па би сакала некој да ми каже искуство позитивно/негативно со овој доктор.
Препорака за добар психолог Имам посетувано психолог, еднаш, па ако има потреба ти закажуваат и наредни терапии. Г-ѓа Вера Цуракова од Скопје и што знам, можеби ми помогна малку
Ти препорачувам да се обратиш во Сега и Овде-кабинет за психотерапија,кај Мирјана, 1000-1500 ден.се наплаќа од час. Држи се , не си сама,јас поминав низ слично искуство,сега е се во ред. Тоа е само состојба која се надминува со мала помош од стручно лице.
моментално се соочувам со истиов проблем како твојот и несакаам да ја трпам оваа состојба моментот кога ке надојде тој страв и читајќи од интернет сватив дека тоа е анксиозност кажи ми како се справи?дали посети психолог ако да. кој?
Тоа е центарот за млади позади Симпо на кој мислиш ти. Одев кај една постара жена која беше малку заостаната со начинот на размислување, а една исто постара русокоса жена беше душа од жена. Таа втората беше многу добра до душа само еднаш бев ама пак имам малку потреба од психолог за жал кај нас е малку табу тема и срамотно ако речеш дека одиш на психолог, а не знам ни зошто е така.
Здраво! Дали некој има искуство со терапевтскиот центар еквилибриум,колку е сеанса кај нив? или можеби некој да ми препорача добар психотерапевт во Скопје?
Сеуште не добив препорака за добар и бесплатен психолог. Ве молам девојки и момци препорачајте ми што е можно побрзо! Почнувам да се справувам со напади на анксиозност, па потребно ми е советување како да ги надминам.
Здраво девојки. Гледам дека давате препораки за добри психолози/психиатри, но јас сакам да ве прашам за совет/препорака за мојот проблем. Се борам со анксиозност веќе неколку години, но сеуште немам најдено решение на проблемот. Ме интересира вие кои сте го имале истиот проблем да ми препорачате психолог/психиатар што има работено баш со такви случаи. Јас имам одено кај Катина, во центарот за Ментално здравје, позади Симпо пред 4 години и многу ми помогна, но никако од корен да исчезне проблемот. Се враќа периодично посебно кога имам тежок период и знае ептен да ме дестабилизира, а одам на работа, излагам од дома, имам обврски што морам да ги завршувам. Ве молам за одговор. По можност препорачајте ми доктор што работи со сини картони и што работи и втора смена за да не мора да излегувам од работа. За детали можете да ми пратите порака. Поздрав
A koja e cenata Viki privatno, ako mozes da mi pises vo inbox? ti blagodaram Za kaj doktor Irena prasuvam
Дали можи да ми предложите психолог во Бт, по можност со адреса или број на кој можам да контактирам? Благодарам однапред <3
Девојки, имам да ви препорачам добар психолог во Скопје. Која сака нека ми пише, ќе и дадам податоци, да не изгледа како реклама тука. Слободно пишете ми. Работат само приватно, не знам како идат точно цените сега, ама вреди да се јавите.