@Aleksandar 111 нема потреба да пишуваш инбокс пораки Тука ке си кажеш шо имаш И да И ти прочитај убаво јас што сум напишала
Ми рекоа да чекам 30 минути пред да објавувам повторно и го почитувам тоа Повеќе луѓе рекоа дека е преварант значи треба сите да одговараат што се на форумов Јас не реков дека е преварант јас реков дека има индикации и дека треба да се провери Земање мито мачење на животни работа како психолог исл Како прво комората на психолози или директорот да се јави во полиција и да пријави и јас не е исто Второ комората на психолози може да и побара потврда на Елвира јас не личи да и барам и најверојатно ќе ме одбие Плус они имаат поголема морална одговорност и повеќе информации поголем кредибилитет Исто така кривично дело е доколку не пробаш да спречиш нешто а знаеш дека некој го загрозува здравјето на луѓето Така да ако вас ви е полесно така да викате иди ти во полиција иди ти државата ке стои во место Мислев дека со моето големо искуство од одење на психолог и психијатар ке помогнам во разговорот Заради тоа и се зачленив на форумов Но јас не можам да ве натерам да размислувате како мене и да имате исти морални вредности Затоа може и сум високо интелегентен затоа што не размислувам како другите Ако мислите дека сте во право терајте така тогаш да не се чудиме зошто сите се отселуваат и викаат дека најголемата причината е немање на правен систем во државата Ве молам едно исто не ме терајте да повторувам повторно Благодарам
А зашто едноставно не ја баталиш и не си бараш друг асален психолог? Не знам јас дали е преварант ама кај сумњиви не идам. Проверувам ете дали имаат лиценца, нешто искуство и ако нема ништо, терам даље и тоа е.
Еве јас сакам да пробам кај Марија Томска. А ја нема во листата... А има отворено и психолошко советувалиште...
Можеш да и пишеш и да побараш дали има лиценца доколку ја нема на листата од комората. Тој што е транспарентен и професионален нема да му е проблем тоа да го направи. Ова е нормална пракса и е препорачливо секој да го прави однапред.
Дали некој има искуство со Когнитивно-бихејвиоралната терапија за инсомнија? Дали воопшто кај нас има лиценциран психотерапевт за такво нешто?
Еве гледам оваа Марија Томска ама ја нема на интернет дека има Лиценца. Ми кажаа сесија 2500 била или 2 800
Ве читам за психолози дали се или не се.Еве го моето искуство. Бев кај неколку препорачани психолози и психотерапевти. Се нај нај за нив со лиценца ама едноставно не се погодивме.Едниот гледа во една точка јас зборувам, другата однос катастрофа. Се откажав да барам. Моја братучетка почнала да оди кај психолошки советник, во нејзино советувалиште.Бев си отпор, но секое седнување братучеткава зборуваше за неа како е полна со емоции, ,,нормална " како убаво совети и дава, насоки. Она што ме воодушеви е во врска со парите - за онлајн и викала прво да завршиме па ќе уплатиш. После одредено време и рекла дека е веќе во ред и да го затворат процесот - не да оди како што прават другите и кога нема потреба. После долго размислување отидов. И не би ја сменила за ниту еден психолог, луѓе таа е жена со посебна енергија, разбирање, внимателно следење, со насоки за до следна средба, достапна. Да не бидам и погрешно сфатена си кажува сама што е на првата средба и професионалец голем е . Патем, муабетот ми беше не ми е важно дали е со лиценца дали е терапевт или советник, важно е дека работи со посветеност и имам подобрувања за кои не верував.
Дали има некој искуство со „Јас сум, јас имам“ советувалиште во Битола? Ако да ве молам пишете ми кај било за искуството ваше. Зошто ептен се намачив да си најдам терапевт тука, шо не е Скопје зошто веќе не можам и за ова со една нога таму да сум. А, Битола се шо ќе најдев беше со гешталд тренинг и то ми е deal breaker.
Абе веќе со другар ми зборавме да одиме тука (посебно, ама заедно си биравме терапевт) неделава ќе закажиме па ќе видиме како ќе биди. Ете, ако ни закажи за скоро ќе имам две искуства. Ама сериозно ми се смачи да морам да се потпирам на друго место зошто секој еден терапевт шо ќе го најдам БТ е гешталдист и имам сериозни предрасуди за тој правец и it's not doing it for me.
Здр може совет нез каде да се обратам, дали психолог, психијатар, понекогаш се осеќам како се да сакам да постигнам а стојам во место, ми се случиа неколку негативности, моментално сум без работа и слично, ме повредиле блиски, само си отишле, другарки со кои сме пиеле кафе, и некако сум осамена...И знам да се опседнам за личности што стварно не ме заслужуваат сметам дека тоа ми е најголема мана, ама почнам да им кажувам ќе ме хоспитализраат ахахах се зезам
Не е проблемот дали е психолог или не Проблемот е преварата Инаку да имаме доста слаби психолози кога ќе кажам така луѓето ме напаѓаат Инаку приватно сите што ги знам го делат ова мислење но не сакаат да кажат Но ете ти си имала среќа да најдеш квалитетна личност после неколку обиди што може стварно да ти помогне
Добар психолог во околина на Центар, кој работи психоанализа итн и има советодавен пристап? А да е колку толку "нормален" со цена.
Немам конкретна препорака за психолог, само сакам да потенцирам дека апсолутно никој во Македонија не работи психоанализа,тоа е нешто поразлично од психотерапија, и го има во Србија најблиску. Прогуглајте таму ако баш сакате психоанализа.
Во најмала рака да е професионален и да не му е единствена цел да ми земе што е можно повеќе пари и за една иста работа да ми кажува 20 пати само за да дојдам на што повеќе сеанси.. како што беше тоа со едно мое искуство и на крај тој совет испадна сосема лош по мене. А и со цениве малце е претерано барем кај некои...