На државно доста има што прават психолошко тестирање исто и на приватно е сега дали е различно од психоанализа не знам
Сосема е различно, класичната психоанализа не е слична со било кој друг психотераписки пристап, и е многу многу поскапо. Изгуглајте на српски, ќе добиете доволно информации. Инаку и во државни и во приватни установи и советувалишта се прават психодијагностички тестирања - што е повторно различно од психотерапија.
Во право си не е исто Психоанализа е за целиот живот Психолошко тестирање на личноста кај нас е тоа какви сте моментално Е сега дали некој прави не знам Јас сум правел психолошко тестирање на личноста и не е нешто корисно по мене За пример универзитески професор доста познат Психолог Психотерапевт Бев еднаш и почнав да зборам за моето детство на почетокот Ми рече батали детството дај да збориме за сегашноста Она не знае што ми се десило Секој што има барем мало познавање знае колку е битно детството Кај нас не гледаат на детството а камо ли психоанализа Туку повеќе направи муабет да помине времето
Цените се претерани Просечен педагог дефектолог исл заработуваат испод 1000 евра Додека психолози психотерапевти заработуваат по 4000 5000 евра Еден саат 2000+2500 Без никаква одговорност Да речеме еден градежен работник заработува 40000-50000 и треба да има големо знаење и има голема одговорност Искористија шанса стана популарно да се иде на психолог и сечи
Уште кога ти рекла батали детството требало да ја шутнеш. Кај 90 %детството ни е темел на причината поради која бараме психолог. Точно е дека и понатаму низ животот има трауми, предизвици, стресови. Ама детството ни е основа за се понатаму..
Никат не отидов више кај неа Збориме за психолог психотерапевт универзитески професор и мислам потпретседател на комора на психолози и што уште не И поради неа не отидов неколку години на ниеден психолог зошто не знаев што се случува немав искуство Не знаев како треба да изгледа одење на психолог И се чудев зошто сум бил За време на сесијата од 45 минути во 2021 година што кошташе 1500 денари Све и беше како саншјн анд раинбовс Уживај во животот као све е убаво без да знае што се случува и што ми се случило При крај на сесијата и звонеше телефонот и му објаснуваше на тој што беше следен во мој термин каде да дојде Буквално без пауза и беа еден по друг сите И друг некој ке отиде како мене прв пат и ке се откаже ке рече зошто бев Заради некој вакви психолози што мислат дека ги бива толку многу и се надвор од реалноста и прават само штета Истото и во кажувам на еден психијатар и ми вика не е она е одличен психолог И кажувам за детството какви размислувања има дали мислиш ли дека е нормално вака да се однесува И упорно не она е одличен психолог Едно нешто што знам е што сите се штитат никат нејкат да признаат дека некој нивни колега не работи како што треба
Здраво, ќе ве замолам да ми препорачате добар психолог во Аеродром. Дали има некој искуство со Групација Алтенатива и која цена се ?
Каде и како може да се пријави психолог дека издавал доверливи информации за клиент на негови познаници? И дали би можело да биде тоа анонимно?
Не е баш така ,имаат години обука и математика не ти е точна.Многу луѓе идат еднаш ,двапати и после кога ќе видат ако сериозно сфатиш на тоа што те учат ,а тоа е првенствено одговорностза себе и ти ја кажуваат вистината без шекер,се откажуваат.И иде она класично ,многу пари земаат.Не сите само оние што се главни и имаат свој тим од психолози што работат кај нив.Точно и јас мислам дека ми е скапо ,ама тоа го сфаќам како влог во своте здравје,не дека имам пари за фрлање.Па си се частам пример еднас на 3 недели.
Зошто да биде анонимно ако имаш сомнежи за тоа,ја би одела јавно ,не на форум него и посоцијални мрежи.Најмалку што можеш ако не ти е пријатно да ни пишеш во приватен чат.Те молам тука сум форумски пријатели,јас лично никого не познавм надвор од овде,ни па планирам да запознам.Некогаш само пишуваат машки со бујни идеји и идат на рипорт.
Не се работи за мене туку за блиска другарка кај што не толку близок разбрал за работи што она ги кажала исклучиво на психологот и на никој друг, дури и јас разбрав сега за што се работи. Неќам стварно никого пред време да обвинам, прашав за да ѝ помогнам зашто е стварно у паника од каде протекле тие информации, а не се обични секојдневни детали. Језда не може да се докаже тоа оти е пак рекла казала муабети ама сепак...
Е ова е веќе ненормална работа! Каков доктор, адвокат, судија.. што да е, треба да си, за да издаваш приватни информации по селски чешми? Цццццццц, и на психолог да му е страв на човек да отиде.
Сум бил над 20 пати приватно Споредба Градежен работник зима 40000 плата има одговорност да не ти падне плочата да не изгине некој Може да падне од скеле Целиот претепан од работа прљав на топло и ладно Психолог 300000 плата нула одговорност Никаква одговорност Не ти дава ни едно ливче И ќе кажеш дека е исправно така Дефектолог работи со агресивни деца За 40000 плата Не дај боже детето да се пожали дома ќе дојде татко то и ќе го направи дефектологот лом Медицински сестри што ставаат инфузии што завршиле медицина што гледаат крв Што имаат одговорност што пресоблекуваат стари луѓе работат во три смени и што уште не Работат за 30000 денари И мислиш исто е Луѓето имаат зорт па ајде ќе пробувам на психолог Психолозите станаат супер звезди Емпатија нула Резултати скоро нула Станаа бизнисмени Се направи као кул е да идеш на психолог да работиш на себе И психолозите викаат и јас имам свој психолог Луѓе што биле на психолог и што биле задоволни за парите што ги дале се испод 10% Сум бил на повеќе психолози врвни имиња Исто како да сум зборел со некој што продава патлиџани на пазар Парите што ги зимаат не им се алал 10000 евра плата да имам истото ќе го кажам Тој што нашол добар психолог е многу редок Сите луѓе што ги знам во глобала не се задоволни од одење на психолог Имам случај што бев кај еден од најдобрите психолози во Македонија Нејзинито знаење беше катастрофално Срамота е да се нарече психолог Друг психолог нејкеше да ми даде да зборувам за детството а е професор и потпретседател И ред други примери Можам мала книга да напишам за нив Ќе го цитирам еден директор на клиника Јас нејќам да видам психолог Тие не се доктори зимаат само огромни пари а не прават ништо Така да психолозите не се супер звезди да зимаат 2500 за еден саат Каде што просечна дневница е 1500 Имам моментално поднесено една пријава против еден психолог и сум без одговор неколку месеци Прво катастрофално знаење Второ катастрофален однос недолично однесување Трето навреда кон мене Но ке поднесам пак Се додека не научат дека треба прво да сакаат луѓе и да станат добри психолози па после пари