Квалитетна поддршка значи Психологот да ти се понуди како ментор и пријател И да ти рече ако имаш зорт јави ми се Да се чувствуваш дека се бори со тебе и дека се внесува Нормално не треба да му досаѓаш но да чуствуваш дека е искрен Целта на психологот е инаку ти да оздравиш Да искочиш на прав пат Пример идев на еден психолог две години И еднаш на самиот крај и пишав намерно порака за да ја тестирам Интуицијата ми велеше дека нема емпатија и дека ќе ме помножи со нула И ме помножи со нула т.е ми рече иди на државна ако не се чуствуваш добро Еднаш и единствен пат во две години Исто така телефонот кога ми беше на сервис и пишав на Фејсбук бидејќи немав вибер а имав закажано случајно да не ми пише како ќе и одговорам И побарав и пријателство исто така ме одби И ова беше при крај негде на втората година Инаку истиот тој психолог ми рече дека сум многу добар човек паметен вреден поштен во многу свесна состојба исл Зошто отфрлаш перфектен човек Јас немам желба за пријателство но чисто од почитување А во меѓувреме тебе ти е пријател на Фејсбук еден што го имаше на телевизија што продаваше дрога Очигледно изгледа он вреди повеќе од мене Некој ќе каже дека не сметаат од морални принципи апсолутно неточно Зошто има пријатели што и се клиенти ама тие се адвокати доктори исл Тоа сум сто посто сигурен Јас сум измеќар очигледно бидејќи не сум џет сет А за морални вредности не се работи Доколку беше така ќе издаваше фискална сметка нели Воедно и имам однесено еден куп поклони И тоа со реакција како може ова да го погодиш дека баш вакви работи сакам Значи секој пат беше фасцинирана Интелегенција не е заебанција очигледно Сум бил повеќе од коректен со неа све што сум можел од моја страна Да не зборам дека сум и ги открил сите мои тајни што никој не ги знае И воедно добиваш некој со екстремна интелегенција и висока емпатија и екстремен живот Работи што ми се случиле што се за на филм а не за на психолог Да бевме во нормална држава јас мислам психологот ќе ме молеше за сеанса од истражувачки цели поради реткоста на мојот мозок моите гледишта мојот живот моите случувања и исл И ти мене ќе ме множиш со нула Ок И после да ги почитувам психолозите Па во последно време не ми иде Имам и други примери Инаку нејзина колешка и го спомнав ова И одма почна да се брани Слушај Александар Психијатар ти е главно ние сме споредно И ние имаме живот не можеме да реагираме ако реагираме ке дојде до брнаоут И ја прашувам неа Ок добро Во две години еднаш сум и пишал И ти мислиш дека тоа е замарање Стварно така Еднаш тоа е голема бројка така Ти личам јас на неразбран човек Стварно Мислиш јас ке ти се јавувам и пишувам секој ден Мислиш јас не знам што ќе се случи ако денес ти пишат 20 луѓе Нели Се работи за комфорт ништо друго Да не си го нарушат комфорот А да заработат што повеќе пари за убава кола одмори станови Исто така да бидат видени Идат на места кај што е џет сетот Скапа облека исл Све е за пари пари пари Да може сите луѓе да се обезбедат со пари до седмо колено И тогаш ќе им биде малце А тоа што е скапо никат не сум правел проблем Али тоа што мене ме множи некој со нула И тука имаме проблем Тоа е нешто што не простувам И ќе бидам гласен против борбата со лошите луѓе Без разлика дали се психолози доктори адвокати политичари и што уште не
Прво, се пишува интелигенција и интелигентен. Провери си во речник. Второ, веќе ти кажаа. Пријави ја таа, кажи ги сите од кои не си задоволен и терај си понатаму.
Имам впечаток дека се мешаат малку работите. Можеби ќе звучи непријатно, но психологот не е дежурна служба за итни случаи, ниту пак се градат здрави трепевтски односи ако ги мешаме улогите на психолог/психотерапевт со пријател/ка. Се преминува професионалната граница и објективноста со разговори на телефон или социјални мрежи освен ако тоа не е за презакажување термин или нешто слично. Многу често се преминуваат границите и се заборава дека на тие луѓе тоа им е работа и работно време. Тие можат да ти дадат насоки или да помогнат сам/а да најдеш решение како ќе се справиш со сопствените проблеми. Не можеме да очекуваме да имаат емпатија (затоа што се професионалци и морат професионално да пристапат) или да се достапни 24/7 за некој на којшто можеби му е потребна некоја медикаментозна терапија, ниту да го живеат животот за нас, ниту да ги преживуваат лошите моменти со нас. Психолог, психотерапевт итн. не ни е другар/ка како што не ни се ниту докторите, адвокатите, службеничките во банка итн. итн. Психотерапевтите имаат околу 50тина, а можеби и повеќе пациенти/корисници со какви не психолошки проблеми, дијагнози итн. Замислете да не постапува професионално со сите тие и да им се јавува на телефон секогаш кога имаат некој проблем, затоа има дежурни служби има и доктори има и медикаментозни терапии кога помагаат во безизлезни ситуации и тоа е во ред. Треба да се побара дополнителна помош ако веќе разговор со психотерапевт не помага. Дури јас би пријавила ако се преминуваат овие граници и стручните лица се поврзуваат приватно со пациентите. Социјалните мрежи на психотерапевтите се нивен приватен живот и нивни приватни пријатели и пријателки и е во ред да ги немаме на истите. Ако некој психотерапевт не работи соодветно или ги надминува границите доволно е да се пријави и службите да си постапуваат. Иако сметам дека треба малку повеќе контрола да се има на кого му се дава лиценца. Приватно поврзување или барање да се биде пријател/ка со психотерапевт е голем ред флег според мене и можеби треба да се почне да се работи од тоа.
Извини, ама навистина не можам да се изначудам на работиве што ги пишуваш. Пред се, психолозите и те како имаат одговорност кон нивните клиенти. Правиш споредби меѓу професии како медицинска сестра и психолог, во однос на платата, значи не знам зошто мислиш дека едно со друго се исклучуваат. Не значи дека ако психологот заработува X плата, дека автоматски сме океј со тоа што медицински сестри се ниско платени. Притоа, тој персонал работи во некоја фирма, каде платите не ги одредуваат сами, исто како и психолози кои работат на клиника, во болници, итн, додека оние кои работат приватно во своја ординација се слободни да ја одредат самите цената. Во однос на ова " Јас пред пет години бев еднаш и психологот ми забрани да зборувам за моето детство рече батали што се десило гледај сегашно време" - доколку воопшто и вака ти било кажано, мора да разбереш дека во психотерапијата постојат различни модалитети на работа и истите ги гледаат работите од различен аспект, па затоа е многу битно за успех во психотерапевтскиот процес да биде добро одбран модалитетот согласно проблемот со кој се соочува клиентот. Оттука се јавува и незадоволството на клиентите, слично како тебе, кои не успеваат да најдат соодветен психотерапевт за својот проблем и целта што сакаат да ја постигнат. Затоа, ова е малку trial and error, не само за модалитетот туку и за самиот психотерапевт. И јас сум сменила неколку психотерапевти и психијатри додека сум го нашла оној кој ми одговара и ми помага најдобро во целиот процес. Друго, " Значи психолозите не знаат што е шизофренија биполарно исл не знаат основните ф 42 41 исл на Гугл гледаат пред тебе Не смеат да дијагностицираат Не знаат да дијагностцираат" Психолозите апсолутно треба да знаат за шизофренија, биполарно растројство, итн. Но, тие се обучени да направат психолошка проценка, да ги препознаат психичките нарушувања и да изготват стручно психолошко мислење и препорака, но официјалната дијагноза врз која понатака ќе се даде фармаколошка терапија ја поставува психијатар. Не ги мешај овие две професии. Притоа, психолог, психотерапевт и психијатар се три сосема различни професии. И за крај, за твоево аднување на фејсбук, за отфрлање перфектен човек, па пишување....но комент.
А морам и да додадам дека навистина таа психотерапевтка (верувам дека е жена, само кратко прочитав па не сум сигурна) треба да се избегнува, а верувам и пријави. Зошто? Затоа што по две години психотерапија да дозволиш или да го водиш корисникот до тој степен да изгради за себе идеална слика дека е перфектен (а знаеме сите дека дека тоа е најголема заблуда, а најголема свесност дека сите сме крајно неперфектни и дека голем дел од поентата на животот е цел живот работење на себе и на надминување на сите наши креации кои ги формираме низ животот од разни искуства кои се крајно неперфектни.) или до тој степен да го повредува твоето „отрфрлање“ кое треба да е строго професионално е ван памети. Исто така такви реакции на поклони за работа која е платена е исто непрофесионално и надминување на сите професионални граници. Ле - ле колку ред флегови, ау.
Значи психолозите сега се Ин и секоја мајка која изгубила дете ќе го најде на Филозофски на психологија. Тоа е страшно. Цените се ненеормални. Подобро ќе се уклучам на некоја апликација во странство да зборам со психолог него кај нас. Искрено ви кажувам. Кога видов околу мене кој се профили на луѓе се психолози се ми е јасно. И сте под ист калап. Гешталт и толку. Друго нема. Сите се како папагалчиња.
Мојот живот бил екстремен не постои лага Од немање струја До сексуални трауми Дисфункционално семејство И ред други работи Нивото на емпатија ми е големо затоа и сум носел поклони а не за личен бенифит Ако мислите дека еднаш што сум пишал на некого дека е надминување граници после две години одење и ме помножил со нула тогаш вие имате проблем со вашите гледишта и вашите морални вредности Инаку да постојат натпросечно интелегентни луѓе со висока емпатија Висока свест и тежок живот Тоа што голем дел од вас не се не значи некој друг не е Јас не сум милионер тоа не значи дека други не се А тоа што хејтате кажува за вас дека уживате во туѓа несреќа тоа ве исполнува Инаку сум имал психолози што се треселе од желба да работат со мене на првата сесија Затоа што сфатиле каков човек сум Но не сум им дал втора шанса Буквално после прва сесија добив цела порака на Фејсбук Што да направам исл И ми беше речено после прва сесија Александар многу ми е жал што си имал толку тежок живот Додека таа од 2 години никат не ми пратила една препорака видео текст ништо Дури ме има лажено за банални работи Јас сум маратонец не сум спринтер Сум живеел без струја никат не сум побарал помош ниту било што од некого Секој што ми згрешил ќе му биде наплатено Инаку интелегенција или интелигенција е не битно Јас никат не сум учел ниту сум се правел поучен од другите Но едно е сигурно интелегенцијата свеста и писменоста немаат допирна точка Вие што ме хејтате како мачмелов или букловер исл Во пораки кога ми пишувавте бев коректен со вас така Пак ќе кажам засрамете се И не го спомнувајте моето име Се што сум кажал е точно Не можам да се расправам со девојки што се кријат под псевдони
Никој не го негира твоето животно искуство ниту пак негираме дека си имал неубаво искуство со одредени психотерапевти и психијатри, факт е дека за многу од нив се чудиме како воопшто се на таа професија. Не е мое место да ти давам совети, но најдобронамерно ти препорачувам да го размислиш твојот начин на расудување. Невраќање на порака не е множење со нула. Не секој психотерапевт сака или е должен да прави одредени работи кои му се надвор од должноста и самиот поставува граници во односот со клиентите. Сите функционираат на различен начин (збориме надвор од она што е минимално нивна должност и обврска). Ако некој не реагира или постапува како што ти си замислил дека треба, не значи дека нема емпатија или што и да е како што споменуваш за психотерапевтката која не ти пратила ни видео ни текст. Затоа и е важна твојата улога во целиот процес каде самиот ќе пресудиш со кого ти оди добро соработката, а со кого не, кој ти ги исполнува очекувањата, а кој не. Но, тоа не ги прави неемпатични, некомпетентни, или непрофесионални.
Дали според вас вреди да се оди на психолог за траума сврзана со друга личност? Во моментот психологот ми е на одмор,ама ми понуди соработка,слушање,и верувам и сакам да се реши мојов проблем, ама па ми вика-кај тебе наместо траума гледам љубов.Инаку во Германија сме, сега има годишен одмор и сака да ми помогне по секоја цена
Друже дај бе олади малку со реферативе. Очобол. Смањи доживљај и дискутирај цивилизирано, не туку се расфрлај со навреди. Никој не те навреди, ти си тој што вреѓа. Си дошол тука на женски форум, на ваква осетлива тема кај што луѓе си имаат мака и бараат препораки да вреѓаш и вознемируваш членки во пораки. Не знам како не те банирале до сега. И не, не се дужни психолозите да ти бидат достапни 24/7 и да си муабетат со тебе, олабави. Чим на форумов си волку нападен, можам да замислам па во живо. Си носел поклони на психолог и си пишувал пораки на фејсбук, запрашај се малку дали е нормално тоа.
Добро читате што пишувам Не барам пријател Во кажувам дека после две години одење сум и пишал еднаш намерно да видам што ќе рече Ако мислиш дека тоа е пријателство и досаѓање тогаш нешто не ви е во ред логиката Ниту сакам пријателство ниту било што Ви ги отварам очите дека сакаат само пари И дека немаат емпатија На улица да најдам човек да го прашам ке одвои 10 минути за мене а не некој кај што сум дал многу пари Постои и комуникација со клиенти Така да тоа треба да го знаете На кого зборам џабе
Не може да толкуваш неодговарање на порака на Фејсбук како немање емпатија и сакање само пари. Тоа е тоа што пробуваме да ти укажеме. Велиш 2 години си одел кај таа, до тој момент никогаш не сте отвориле тема за комуникација по потреба надвор од сесиите? Тоа е доста долго време да изградите меѓусебен однос и да имаш идеја за нејзиното функционирање и работа. Само не ми е јасно зошто упорно се расправаш со сите кога се обидуваме да ти укажеме на поинаква перспектива од твојата која не ги гледа толку црно бело работите. Баш ме интересира, откако си ѝ пишал имавте сесија? Ѝ се обрати воопшто на таа тема?
Прекинав да идам кај неа одма Не сакам да имам комуникација надвор од сеанса со никого ниту сум разговарал ниту планирам да малтретирам некого Еднаш прашав и добив тоа што знаев дека ќе добијам Единствена грешка е што не ја слушав интуицијата дека не е добар човек на првата сеанса Си викам што е битно што не е добар човек битно е да е добар психолог И грешка не можеш да бидеш добар психолог ако не си добар човек Инаку ако немаш емпатија за мене после две години да одвоиш две минути Да не вредиш како човек Јас на непознати ми пишуваат за лекови за совет исл по еден саат губам некат Не мислам јас на пари кога некој има мака Ако има она човек што продава дрога за пријател на Фејсбук а јас не вредам тоа кажува за неа не за мене Така да не можам да ви објаснам што се морални вредности Очигледно немате како мене Инаку не се лутам на туѓи мислења но јас не навредувам никого за разлика од повеќето што ме навредија
Не те познавам и не можам да коментирам ништо за тебе. Само ќе кажам дека во ред е да си лут затоа што не ти се исполниле очекувањата од психотерапијата и што можеби лажна надеж си добил од психотерапевтката. Но тоа што можам да кажам генерално е дека можеби треба да се смени перцепцијата. На психотерапија не се оди за некој да не' жали, разбира и сочувствува со нас туку за работа на себе, за самоанализирање и подобрување на себе. Не би требало да не интересира каков човек е психотерпевтот се додека работата на себе вродува со плод. Лоши луѓе секогаш ќе постојат, тоа што треба терапијата да ни го овозможи е како да изградиме механизми за да се избориме со тие луѓе. Најголема заблуда е дека ако правиме добро со добро ќе ни се врати. Добрите работи ги правиме лично за себе и затоа што можеби сме такви. Тоа што таа не те прифатила не смее тебе да те вреднува или обезвреднува. Нејзино право е, нејзина приватност. Можеби тој што продава такви ствари не и е клиент, се познаваат приватно, се имаат одамна на фб итн. Секако не треба да си ги трошиме парите за да анализираме дали некој психотерапевт е добар или не, не сме за тоа таму. Ако почуствуваме дека не одиме напред и ништо не се менува време е да смениме. Има многу квалитетни, постари и поискусни психотерапевти кои менуваат нечии цели светови. Секако сами одлучуваме за своите чекори. Секое добро.
Поентата е дека немаат морални вредности А сум бил коректен искрен културен Према неа И нејзини зборови се дека сум многу добар човек и натпросечно интелегентен упорен исл Така да како човек што доаѓа од логичко семејство што му смета секоја неправда Кажувам дека вака не се работи Сум бил и на други психолози и разликата е огромна но не сакав да идам на друг психолог да му ги откривам кои тајни затоа идев толку долго кај неа И дека начинот е погрешен да погрешен е Не ми мења дали сме пријатели на Фејсбук или не него начинот на кој што работи Но џабе објаснувам сум бил манијак што сум и пишал на Фејсбук дека имаме сесија дека ке дојдам да не ми пишува на вибер бидејќи телефонот ми е на поправка Леле што сум направил Кога ќе дојде време ќе ги објавам со име презиме и целата ситуација па после луѓето ќе судат Инаку не е млада оваа 50 години Да имаат сите логика како мене ќе размислуваат како мене но немаат Затоа општеството не го водат математичари него лопови
Многу убаво напиша @Mrs. Lovett, нејзината постапка што не ти одговорила не треба да ја сфатиш како знак дека ти не вредиш. Може да има куп причини зошто не си добил одговор, а и нема ни да ги дознаеш затоа што си ја прекинал соработката со нејзе. Но повторно тоа не ја прави нејзе желна за пари и неемпатична, ниту пак ти треба да се чувствуваш безвреден. Не знам дали се разбираме низ поракиве, но се што се обидувам да ти кажам е да застанеш и да пробаш работите да ги разгледаш и размислиш од поинакви перспективи. Ниту е се толку црно ниту е розево. Мораш пред се со себе да се договориш кои се твоите очекувања, кои се твоите барања, кои се твоите цели и колку се сите овие разумни да се очекуваат и бараат и согласно тоа ќе најдеш со кого можеш да соработуваш за да имаш напредок и остварување на тоа што го посакуваш. Исто, неколку пати повторуваш колку си бил добар и си правел добро, а тоа не си го добивал за возврат. Мислам дека ова е Лекција број 1 од книгата за животот. Како што ти напиша и @Mrs. Lovett , прави го затоа што ти сметаш дека така треба, ама не си создавај очекувања дека сите ќе размислуваат и прават исто како тебе. Невозможно е.
Жената нема морални вредности Нека емпатија од прва сеанса приметив но нејкев да верувам Сака да биде видена со познати личности не се замара со луѓе што се обични работници не можам да ти објаснам нешто што не си видела Исто како врска со некој пијаница од неколку години и ќе речеш знаев дека е грешка на почеток но нејкев да верувам мислев ќе се поправи Бев на една сеанса што беше закажана не ја откажав не сум извисувач И више никат не отидов едноставно не можев да ја гледам во очи Ми се гадеше