Јас на мојата повремено ѝ пишував како сум, особено после потешки сеанси, знаев да ѝ се пофалам дека нешто убаво ми се десило. Меѓутоа сето ова беше со нејзина дозвола и иницијатива, претходно само закажувавме термин по вибер. Самата ме поттикна да комуницираме и вака, сакала да ме следи, истовремено и јас да се осеќам послободно. Имав ситуација кога еднаш ѝ пишав за помош и ми излезе во пресрет. Се понудив да платам повеќе за помошта, не прифати. И ми презакажувала термин, и јас нејзе оти ете нешто ќе искрсне некогаш ама ко луѓе сме се разбирале пак. На социјални мрежи у реду, од љубопитност сум ја побарала само ама не сум ѝ пишувала никогаш. Ретка особа толку да се залагала за клиенти сум ја фалела доста. Ама све било со договор и надокнадување од било чија страна, не досаѓање и после да не кажеш ни едно фала или едно извини. Така да брату, hard pill to swallow за тебе ама превише бараш и затоа никој не ти помага оти не ти го кажуваат тоа што сакаш да го чуеш. А негативни искуства сме имале сите, кој полесни, кој потешки.
Факт е дека ќе има и нечесни, некоректни, некултурни луѓе. Нас пред доста години на факултет не учеа дека дефиниција за интелигенција е да се снајдеш во секоја ситуација. Никој тука не тврди дали таа психотерапевтка е добра или лоша, тоа си одлучуваат тие што одат кај неа. Целта е како ние успеваме да преживееме во нечесен свет и да сме задоволни од себе. Животните искуства не учат дека никој не се менува, нема ниту да се смени заради нас и нашата добрина. Претпоставувам си имал високи очекувања кои не се исполниле и тоа е во ред. Те учи како понатаму да немаш високи очекувања од луѓето и да поставуваш граници во животот, како и да воспоставиш граници со професионалците. Исто така никогаш нема да е пријатно да се збори за тајни или трауми ама токму тоа води кон олеснување и токму затоа плаќаш за твоите „тајни“ да ги знае некој друг што ќе те води низ процесот, но само што ќе те води. Нема магични и скратени патеки и рецепти. Се' во животот е лекција.
Ти си пишала повеќе пати и ти одговорила јас еднаш на вибер и јас сум лошиот така Сум барал преку леб погача јас бараж превише После две години еднаш што сум пишал Ниту еднаш претходно а ти повеќе пати И мислиш дека тоа е исправно Се слушате ли што зборите Баш од култура никогаш не сум и досаѓал И на крај ќе искочам јас лошиот Јас така не би работел А тоа што не одговара на Фејсбук е да не си го наруши комфорот Двојни аршини имате за вас со мене кога се работи Никој не ми кажувал тоа што сум сакал да чујам ? Ај провери си што пишуваш и извини се за однесувањето према мене
Не знам дали прочита дека тоа беше со нејзина дозвола. Никому не сум досаѓала кај што не ми било дозволено. Јас не преминувам туѓи граници.
Не сум имал високи очекувања Никат не се сум се љутел на знаењето тука само на начинот на работа Неколку психолози беа предобри Од култура ажурност желба емпатија Све можно
Кое досаѓање една порака после две години одење тоа ли е досаѓање Ти си имала 10 И не треба да збориш со некого за да знаеш што е во рамките на нормалното Ти ќе идеш кај некој ако те помножи со нула после ваква ситуација Браните нешто што не се брани Тоа се учи од мали нозе да бидеш човек и како да поставуваш Воедно и за тебе важи Да научиш што е логика Што е исправно Што се морални вредности И да не навредуваш некого без доказ Дали ја збори вистината или не Само затоа што тебе ти е убаво на душата да навредуваш некого
Ама за какво множење со нула зборуваш што не ти вратила на порака на Фејсбук.... Ти и терапевтката пред се не сте поставиле јасни граници за начинот на комуникација. Тоа што маршмелоу ти кажува е дека во нејзиниот случај тој начин на комуникација бил своевремено договорен меѓу нив. Не може да очекуваш дека сите исто ќе работат.
На вибер пораката после две години одење Не треба да се договориш со некој после две години ако му пишеш И да не одвои 5 минути Пораката што и ја пишав беше алармантна бара одма јавување а не пасивност Толку сум заслужил Научив дека треба да верувам на интуицијата Пак ќе кажам морални вредности ако не знаете што се јас не можам да ве научам Едно е етички друго е морални Научете сто пати во повторувам исто Да сум досаѓал разбирам да ја браните А бидејли друг некој се договорил дека е во ред секоја недела да си пишуваат е ок Следен пат ќе потпишам договор на нотар за порака дали смеам еднаш во две години да пратам Не очекувам сите исто да работат Затоа таа е нечовек и не бранете нешто што не се брани Уживате да браните некој што не е во комуникацијата Да сте вие на моја ситуација друг муабет би правеле
Во чив одговор овде читаш бранење? Ни ние не знаеме зошто не ти одговорила, ниту ти не знаеш. Пробуваме да ти доловиме дека не е секогаш само твојата страна и перспектива и дека ако таа не ти одговорила не значи дека нема морални вредности (а богами и ние тука), ниту дека ти не вредиш или си помножен со нула што не си добил одговор.
Ме нападнавте од сабајле кога се вклучив до сега повеќе пати Имаше доста напади и навреди врз мене се не навредив никого И воедно стално ги браните другите на сметка на мене особено психолозите Као сум јас манијак за една порака што сум пратил на Фејсбук кога ми беше телефонот на сервис Исл Или сум бил нарцис Затоа што така ми рекле стручните лица дела сум паметен и добар И напатен Тоа е нарцис така Знам зошто не се замараат и во кажувам сто пати затоа што гледаат пари и не ги интересира ништо друго Не секој човек има емпатија или морални вредности Тоа го објаснувам цело време Тие што овде ме навредуваат да имаа малце чувства дека и јас сум човек никат немаше да ме нападнат Ама машко сум на женски форум што е битно Да го нападнеме Голем дел од мажите имаат поголеми чувства од жените тоа се докажува и тука
Кога си приметил дека ете нема емпатија, кога не ти се допаднала, зошто си продолжил да одиш две години? Не. Ако тоа и е приватен профил на фб, неповрзан со работата, ама ич нема обврска да ти одговори.
Ајде вака. Се после ова порака шо е оф топик со темата "Препорака за добар психолог" ќе биди избришано. Јас сега ќе читам наназад и бришам, ако нешто заборам ве молам пријавете.
Здраво, веќе подолго време имам проблем со импулсивност, носење брзи заклучоци и отежната и неразбирлива комуникација. Сето тоа придонесе, да повредам за мене битни луѓе и ме интересира кој психолог е добар и имате искуство за ваков проблем?
Превземен текст. Spoiler: Текст за психолог Да одиш на психолог, а да ја криеш вистината? Не секој што оди на психолог навистина сака да се промени. Некои луѓе одат на терапија затоа што конечно сфатиле дека повеќе не можат сами да го носат товарот и искрено сакаат да излезат од кругот во кој се заглавени. Други, одат само за да создадат слика дека работат на себе. Им треба потврда пред блиските, пред околината, а понекогаш и пред самите себе, дека прават нешто за својот живот, иако во суштина не се воопшто подготвени да се соочат со својот најголем проблем. Да се седне пред психолог и да се раскаже сопственото детство не е исто што и да се започне промена. Тука има голема разлика. Може со часови да се зборува за разводот на родителите, за осаменоста, за загубите во семејството, за тоа дека никој не нè разбирал и за неправдите што сме ги доживеале како мали. Сите тие рани можат да бидат вистински и тешки. Тие заслужуваат да бидат слушнати и разбрани. Но ако истовремено се премолчува зависноста што денес го уништува животот, терапијата станува приказна во која се зборува за сè, освен за она што најмногу боли. И најчесто е така. Тешкото детство може да објасни зошто некој станал ранлив, гневен или склон кон бегство од стварноста. Но не може бескрајно да го оправдува она што тој човек го прави како возрасен. Постои навистина огромна разлика меѓу објаснување и оправдување. Објаснувањето помага да се пронајде коренот. Оправдувањето го користи коренот за никогаш да не се отсече отровната гранка. Особено е болно ако вината се префрла врз родителите што се бореле за него, го штителе, го ваделе од проблеми и ги трпеле последиците од неговите постапки. Ниту еден родител не е совршен, тоа е јасно. И родителите прават грешки, понекогаш и сериозни. Но не е чесно секоја сопствена зависност, лага или лош избор да се стави на грбот на мајката или таткото само затоа што тие се најблиску и најлесно можат да бидат обвинети за своите животни грешки. Вистинската терапија секогаш започнува во мигот кога човекот ќе го изговори она од што најмногу се срами. Започнува со признанието дека има проблем што повеќе не може да го контролира. Започнува со кажување на точната сума на долговите, последното коцкање, последната употреба на дрога, лагите кажани во семејството и начините на кои се манипулира со другите за да се продолжи истото однесување. Без тоа, психологот работи со половина човек и со половина вистина. Може да анализира детство, стравови, загуби и семејни односи, но нема никогаш да ја допре вистинската точка. Секако, задачата на психологот не е да го понижува, напаѓа или обвинува клиентот. Луѓето со зависности често носат огромен срам и токму поради него ја кријат вистината. Добриот психолог треба да создаде простор во кој човекот ќе може да ја каже вистината без страв дека ќе биде уништен со осуда. Но разбирањето не значи наивност. Да бидам искрен, понекогаш терапевтот знае дека клиентот не ја кажува целата вистина, но не го соочува веднаш. Тоа може да биде дел од внимателен терапевтски пристап, особено ако човекот сè уште нема доволно доверба или сила за целосно признание. Сепак, постои разлика меѓу трпеливо градење доверба и молчаливо учествување во претставата. Ако со месеци се заобиколува главната зависност, ако се прифаќаат очигледни невистини и ако терапевтскиот однос носи некаква лична или јавна корист, тогаш оправдано се поставува прашањето дали воопшто се работи на проблемот. Сè додека таа вистина се крие, не постои вистинска промена. Постои само добро одиграна улога на човек што сака да се промени.
Zdravo Dali moze da mi preporacate dobar psiholog po moznost ako raboti DBT nemozam da najdam kaj nas. Im diagnosed with BPD C-PTSD and OCD. Odev na gestalt i momentalno odam na EMDR no ne mi pomaga. Fala vi