Здраво Дали некој има лично искуство или знае некого што бил на психотерапија кај психолог/психотерапевт во Скопје кој работи конкретно со нарушувања во исхраната (ED), body dysmorphia и/или орторексија? Ме интересираат препораки од луѓе кои биле на терапија и се задоволни од пристапот и резултатите, а не само општа препорака за добар психолог. Ако сте задоволни, би ми значело да споделите име (може и во порака), кој тип терапија го користи и дали би го/ја препорачале за ваква проблематика. Ви благодарам многу ❤️
Здраво, дали некој има искуство со Александра Прошева и/или Андромахи Наумовска, поконкретно за сеанси со партнер?
Јас сум одела кај Прошева, не ми остави нешто впечаток.. ми даде препорака за кои книги да ги читам и генерално многу општи насоки даваше.
Кај кој психолог или психотерапевт одите?Дајте предлог,барам да ме упати научи како да се справам со анксиозноста..
Здраво, ми треба предлог за добар психолог, да не биде само да ме тапка по рамо и вика во право си сите други се криви туку баш да ме насочи и да не е некој што го интересира само да земе пари и да заврши сесијата.
Дали ќе сакаш да ми пратиш контакт (или некој друг ако идел кај неа и има број) во приватна бидејќи не можам да најдам на нет? Фала ти!
Дали може да ми препорачате психолог/ психотерапевт кој се бави или има искуство со проблематика психолошка поддршка при инфертилитет?
Ивана Хаџиванова, презадоволна сум од неа, цена на сеанса 2500 денари. Баш така како што бараш, добар пристап и поддршка, не е само ради реда и тапкање по рамо.