Здраво. Ве молам препорака за брачен советник, психотерапевт. Да работи и онлајн. Ви благодарам многу
Јас лично за Ивана Хаџиванова знам дека има онлајн.Јас имам одено кај нејзе и само пофални зборови имам.
Нема термини. Пробав со Јована Затаракоска, еднаш се вклучивме, сега не ми враќа нов термин да закажеме
Ќе сакаш ли да ми пишеш како ќе пројдеш после сесијата? За колку време ги закажа, се чека многу? Јас бев на 2 сесии кај Александра Стојановска, некако сакам да пробам и на уште некое место…
Бевме денес на првата сесија. Впечаток 4 од 5. Не запишуваше додека зборувавме, се плашам дали доволно не слушаше и ќе не следи со памтење.
Имавме сесија...имав чувство како да не не следи цело време. Не запишуваше ништо...валда не памти од сите луѓе сесиите кој што кажал. Ќе видиме ајде на наредни сесии
Тоа што не запишува додека трае сесијата не значи дека не ве следела. Напротив, може да значи дека внимателно слушала и не го делела вниманието помеѓу вас и пишувањето. Некои психолози си прават забелешки после сесиите затоа што така им одговара нив лично.
Точно и мојот психијатар не запишува ништо ама знае се што сме разговрале и ме прашува ретроградно. Многу психолози/психијатри не слушаат само туку и гледаат гвор на тело, начин на зборување однесување.. и се концентрираат на личноста а не само да си шкрткаат во тефтерот.
Дај Боже. После нас се брзаше на друга сесија, а и знам дека има други обврски како предавач. Се надевам дека нема да ни е залудно одењето. Инаку, ми се допадна, стабилна, очигледно со искуство.
Точно. Физичкиот изглед и невербалниот говор мора да бидат дел од психичката процена (затоа лична посета е секогаш подобра од онлајн состанок). Ако гледаш долу во нотесот, нема да го видиш сето тоа. А ако е пар пред психологот, веројатно има и повеќе за следење - прво две посебни личности се, второ ја следи динамиката на нивната комуникација. Ако и е набиен распоредот, таа мора да го почитува времето на сите клиенти/пациенти. Забелешки, извештаи и сл. обично се прават на крајот од работниот ден, кога нема закажано пациенти. Тогаш може и да испланира што наредно ќе работи со него, што треба да се праша, кој тест или дијагностичко средство да се даде и сл.
Мене мојот после година дена кога ме виде во бело и во светли бои облечена, ми рече е сега сме на добар пат. И кога ќе му додјдам ненашминкана ме прашува зашто не си шминкана.. зашто секое отстапување од она што било може да е проблем. Многу забележува.