Срам, несфам ќе кажам. Кај што одам психотерапевтот во БТ. Си ги средуваше петиците пред мене, си ги лупеше.... Ова и е втор пат. Искрено, повеќе не сакам да одам. Па и ко ми рече ајде, треба мажење, после 40 год, детето можи да има аутизам...... Врв. Дали претерувам? Јас и кажувам жено, ко пластично ми е сето, изгубена се осеќам... Пошто и сменив средина...
Не оди пак кај оваа. И другарка да ти е, не треба да средува петици пред тебе. Па камо ли психотерапевт... И не е нејзина работа тоа дали ти ќе се мажиш и дали ќе правиш деца. Ова е скроз непрофесионално однесување.
А бе и боса седеше пред мене, си ги качуваше нозете на столица... Онака како дома што правиме, ама таа работи и БТ и Ск и се рашетува и ми вели еднаш директно од пат идам. Упорно и кажувам дека не сакам близина со една колешка.... Откако се омажи и роди дете, мајка ми ја начекала и у честитала. И оваа и рекла ајде, шо чека, таа? За мене. И ми вели психотерапевтов , па шо и ја рекла вистината на мајка ти. Ми вели па беше блиска со нејзе појди и со поклон. А, колешкава жива портарка и за сите се ми кажуваше, верувам и обратно и ме носеше со колата на работа Леле ко ми рече така...оди дружи се и со нејзе. Јас пак ко ќе ги видам, ќе му дам пари на малото ќе се поздравам... Ама од мене фазла нема... Еднаш и пишав порака по 3 недели ми врати демек мн зафатена
Таа која ни за своите постапки не е свесна, не може ни тебе да ти помогне. Батали ја и ич не мисли на тоа што ти рекла.
А бе ужас... Цело време ја слушав јас па.... Сеа сакам да одам кај друга мислам дека работи CBT во БТ, ама му е страв да не си прекажат за мене, за мојот живот. Битола е мала.. Ама па цената ми одговара кај оваа вторава, другарка имам таму одеше кај неа
Не се устручавај и не си клавај такви ограничувања непотребно. Најпрво, ти плаќаш за нешто шо ти треба, а по ова шо имаш напишано жената не ти помага туку ти одмага. Муабетите се ко со баба ми да имаш седнато… Друго, нема како да си прекажат оти нема како да знај таја кај која друга имаш одено, ти се чини така оти ти имаш контекст и ја знајш информацијата, тие нема како да знат една за друга освен ако ти не му кажиш. Крајно ако толку се трачарки, трачарат со сите за сите и то е крајно непрофесионално прво, а после не знам дали и кои се одредбите за доверливост. Исто така, муабет ко муабет, рекла-казала, пробај да смениш гледна точка и не му придаваш толку значење на нештото оти не можи да контролираш шо некој ќе кажи за тебе и какво мислење ќе има. Ако сакаш да си “побезбедна” од тој аспект сепак, пробај со некој онлајн од друг град, само тука не знам дали и колку има разлика во цената и колку ти менва то. Светот е мал, не само Битола, ако гледаш така зато пробај ослободи се од тој страв и напрај то шо знајш дека е најдобро за тебе. Со среќа во потрагата по соодветна терапевтка!
@GirlLove вака најдобронамерно прашање ама дали кога одиш кај некој нов психолог (океј не како таа погоре од Битола) одиш повеќе пати пред да видиш дали ти одговара или очекуваш од прва да има ефект? Гледам никаде не се пронаоѓаш многу долг период.
Одам година дена, ама се влечам и психијатарот ми рече Брнаут не поминува 2 дена или 2 месеци и да не бројам и да не се споредувам со другите, и да си го слушам телото.... Дојди во ЛП.
Imav mnogu loso raskinuvanje i bi sakala da porazgovaram so psiholog. Od Skopje sum, mislam deka vo zivo bi imala poveke rezultati otkolku online. Ve molam za preporaka so navedena cena i lokacija.
Од истата причина почнав кај Александра во Емотива пред месец и пол, за сега сум задоволна. Јас имам онлајн сесии оти ми е полесно за организација, ама можеш и во живо. Цената е 2400
Здраво, ме интересира дали некој бил кај Сашо Петковски на групни часови психологија и која е цената, колку трае? И исто колку е кај Сашо сесија 1 на 1?