Ве млам за совет од оние кои веќе имаат искуство со посета на добар психолог за деца. Ми треба некој кој знае да сослуша и советува и кој работи со деца во пубертет
Здраво феминки другарка моја има проблеми и има потреба од добар психијатар па ако може да ми кажете како одат тие работи со закажување упат ли треба или како од прилика? Колку чини една сеанса и воедно да препорачате некој добар психијатар. И сама кажува дека ако не побара некое чаре ке полуди кај и да е. Фала однапред
Јас би и препорачала прво да се обиде со психолог,сепак зависно од проблемот.Меѓутоа јас згрешив и бев на психијатар прво и вообичаено имаат тенденција да не те сфатат доволно сериозно,со оглед на тоа што се бават со далеку посериозни проблеми.Едноставно не беше соодветно за мојот проблем. Инаку,да ти одговорам,да ти треба упат и се закажува преку мој термин.Значи матичниот е ти закаже.
Ве молам за совет/ сугестија, ваше мислење за добар психолог, психотерапевт во Скопје, небитно дали работи само приватно или и преку фондот, ми треба стручна помош па доколку има некој позитивно искуство со одреден психолог/психотерапевт или знае, слушнал од некои блиски пријатели итн. нека пише
Здраво, Мирјана Јовановска Стојановска е прекрасна, сум идела порано кај неа. Топло ти ја препорачувам, нема да зажалиш. Ивана Маринчек немам слушнато. Поздрав
Zdravo. Dali nekoj znae psiholog sto znae da zboruva angliski? Ziveav vo stranstvo do sega i ne znam bas dobro to express myself na makedonski jazik. Fala
Ве замолувам ако може информација дали Снежана Андреева и погоре што имате пишано за Мирјана Јовановска Стојановска се психолози/психотерапевти, или психијатри и каде работат, каде се наоѓаат, дали работат во Скопје или се работи за друг град? мене ми треба добар психолог, психотерапевт во Скопје, секоја сугестија, предлог доколку имате позитивно искуство ќе ми биде од голема помош.
А како ќе знаеш кој е психиотерапевт а кој психијатар? Дечки нема доктор што би те ислушал денес. Сите за 5 минути гледат да те сврзат иако им велиш дека сакаш терапија со разговор или комбинирана. Како тој, потенцијалниот доктор знае што ти е кога те прашал само едно единствено прашање и ти дава рецепта одма? На која основа? И нели тие, баш докторите треба да те испровоцираат да почнеш да зборуваш а они и да сакаш сам да зборуваш те сечат директно? Јас не знам кај да се обрати човек ако сака разговор??? Ако, ако ќе се затвараме ние уште во себе не се секирајте вие ни сега ни подоцна, се надеваме дека сте задоволни од самите себе
Ваљда по дипломата хаха па при првата средба кој бил коа се претставуваат кажува дали е психијатар или психолог, или коа се информираш тогаш дознаваш дали работи као психијатар(читај препишувач на лекови,со чест на исклучоци) е сеа дали е вистински стручњак или само на папир тоа е вистинското прашање. Во потполност се согласувам со тебе дека реткост е да се најде навистина доктор кој е на висина на својата задача кој работи посветено, кој би те ислушал, правилно дијагностицирал, правилна терапија и вистинско од корен решавање на проблемот.Мене ми е потребна психотерапија, разговор со салам психолог/психотерапевт, затоа побарав совет помош ама нема сугестија, одговор, пишав и овде и во тамата за анксиозност, и јас незнам и се прашувам кај да се обратам, не е решение да се затвориме во себе, макар и меѓу себе тука ќе разговараме, споделуваме, тоа е живееме во едно време невреме, општеството е труло по сите основи но ние сепак треба да се бориме да биде подобро за нас и за сите други, и на крај се ќе биде добро
Мирјана ЈовановскаСтојановска се наоѓа во кабинетот Амигдала, улицата мислам е Аминта трети, кај Холандска амбасада. Во скопје се наоѓа. Таа е психотерапевт. Исто и Снежана е психотерапевт, но не знам каде се наоѓа.
Како работат, на кој принцип? Дали може со упут или како се плаќа? Инаку препорака за веројатно психолог/психотерапевт кој прави сеанси, за личен развој, надминување на блокади, страв и стрес и сл.? Значи да не биде само апчиња препишување.
Мисли на ПСИХЕА пиши на фб ке ги најдеш одма. Јас одев кај Ѓорѓе Хаџи Ангелкоски. Заедно работат мислам. 450 ден е за цел месе, се оди првиот пат со упат од матичен. Работи со ФЗО. најди го на фб и договори со него
Психијаторот е доктор, со медицински факултет специјализирано на психијатрија. Психолог/психотерапевт не работи во болница, не препишува лекови, со филозовски факултет е плус некоја обука.