Препорака за добар психолог

Discussion in 'Психологија' started by Blue.Butterfly, Dec 8, 2010.

  1. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Joined:
    Apr 9, 2018
    Messages:
    349
    Likes Received:
    486
    Gender:
    Male
    dali nekoja znae kakvi se psihijatrite vo dijagnosticki cenatr kaj gradski zid?
     
  2. Me_Beatrix

    Me_Beatrix Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2017
    Messages:
    75
    Likes Received:
    28
    Gender:
    Female
    Дали некој може да ми даде број од психолог со кој можеш да разговараш на телефон,пред да го посетиш ?? За конкретна ситуација ми е потребен ?
     
  3. Mamatatolazar

    Mamatatolazar Истакнат член

    Joined:
    Jun 10, 2018
    Messages:
    27
    Likes Received:
    9
    Gender:
    Female
    здраво на сите
    би сакала да ве прашам дали некој од вас има посетувано психијатар од ординација др. павлов конкрено докторката александра бошковска јас бев и сум задоволна од неа и сакам да ве прашам дали иумате одено кај психотерапевтот александра прошева ист работи во др. павлов со принципот на гешталт психотерапја
     
  4. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Joined:
    Sep 29, 2017
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    1,432
    Gender:
    Female
    Nekoj psiholog vo Strumica,aj ve molam itno e.
     
    David.wp17 likes this.
  5. Radmiwce

    Radmiwce Истакнат член

    Joined:
    Jan 11, 2010
    Messages:
    39
    Likes Received:
    44
    Јас пак да си прашам ако знае некој нека ми одговори. Дали др. Миодраг Милутиновиќ се уште работи? Имам слушано прекрасни работи за него и би сакала да одам затоа што очајно ми треба помош
     
    Milobebence likes this.
  6. m_i_l_a

    m_i_l_a Истакнат член

    Joined:
    Jul 24, 2018
    Messages:
    21
    Likes Received:
    5
    Gender:
    Female
    Препорака за добар психотерапевт Мито Тасевски работи во Центар за психофизичко здравје Гаспар
     
    Milobebence likes this.
  7. eta

    eta Популарен член

    Joined:
    Nov 20, 2009
    Messages:
    1,977
    Likes Received:
    5,380
    Gender:
    Female
    Ако може препорака за добар психолог. Конкретно ми е потребно да е добар во областа како најлесно да се преболи спонтан абортус и стравот од нова бременост. Ако има некој искуство од оваа област, нека ми пише.
     
  8. zglauvrol

    zglauvrol Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2017
    Messages:
    10
    Likes Received:
    6
    Gender:
    Male
    Исто и јас имам потреба од некој многу добар психолог, па ако треба нека е и најскап.. конкретно ми треба за нервоза/анксиозност пред сексуален чин... знаете кои се последиците од тоа...
    Фала.
     
    Milobebence, eta and David.wp17 like this.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Joined:
    Jul 21, 2016
    Messages:
    5,673
    Likes Received:
    107,604
    Gender:
    Female
    Дали може некој да ми препорача добар психолог од Тетово. Ви благодарам однаоред, поздрав!
     
  10. zglauvrol

    zglauvrol Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2017
    Messages:
    10
    Likes Received:
    6
    Gender:
    Male
    Никој? :(
     
  11. Scorpio991

    Scorpio991 Истакнат член

    Joined:
    Oct 22, 2014
    Messages:
    50
    Likes Received:
    158
    Gender:
    Female
    Бојана Стојменовиќ
    "Мој психолог"-- побарај на фб :)
     
    Milobebence likes this.
  12. Poppins

    Poppins Популарен член

    Joined:
    Sep 21, 2016
    Messages:
    2,721
    Likes Received:
    5,696
    Gender:
    Female
    Дали некој има искуство со Снежана Апостолова , и контактирал со неа , имаше пред некое време на сител , дека и преку скајп и маил може , доколку не си во можност да одиш кај неа ..
     
  13. ТрајчевскаА

    ТрајчевскаА Нов член

    Joined:
    Aug 24, 2018
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Читајќи ги вашите препораки и совети за добар психијатар,психолог или невропсихијатар се одлучив и го препорачав Д-р Миодраг Милутиновиќ (Limine). Јас сум немала искуство до сега па и не познавав никого,со цела доверба на особата што и требаше стручно лице од таа област го препорачав човекот и најдов контакт од него. Првично зачудувачки беше цената што си ја постави докторот и проценката дека на особата што бара помош од прилика ќе му требале 2 месеци во кој содржат 8 сеанси значи еднаш неделно,тоа го водел како случај а неговата пресметка за неговата ефикасност на помош ја предмета на 8 сеанси за кое што цената би била 3000 евра,односно 1500 евра еден месец со 4ри термини. Првиот информативен разговор исто така беше наплатен 2500денари,договорот беше од првиот термин се плаќа целокупната сума за еден месец односно 1500евра при првиот разговор. Тоа беше прифатено и се почна така назначената психотерапија која што содржеше само сеанси со разговори без препишани лекови поради што и особата што му беше потребна помош не сакаше да го решава својот проблем со лекови. Првиот нивни разговор не знам да цитирам точно поради што не присуствував се состоел во плајќање на 1500евра и краток разговор од 1 час од 19часот до од прилика 20часот во текот на сеансата бил составен план,односно ете вака почнува приказната...

    Пациентот на кој му требаше психотерапија и разговор со стручно лице еден од клучните проблеми во животот му представуваше минатото на особата што е во врска односно на неговата девојка со која што е заедно и недовербата во неа,поуката и решението од НЕВРОПСИХИЈАТАРОТ Д-р МИОДРАГ МИЛУТИНОВИЌ е следнава:

    Да се стави програма на лаптопот на пациентот(дечкото) за одземање податоци од телефон (програмата-Dr.Fone) и со таа инсталирана програма на неговиот лаптоп телефонот на девојката некако да се земи без таа да знае за што точно ќе биде користен телефонот и се тоа може да се одвива во канцеларијата односно ординацијата на НЕВРОПСИХИЈАТАРОТ Д-р МИОДРАГ. Поукава и решението на проблемот од страна на докторот навистина се оствари во следниот термин на 15.08.2018год имаше закажан термин во неговата ординација Ул. 11 Октомври бр.21/11 Скопје во 19часот,девојката за која што ви кажав погоре сум јас. На тој ден јас бев со дечкото што требаше да има сеанса или психотерапија како да ја наречам,не сме од Скопје па бев со него да го дружам по пат да го чекам додека има термин и да се вратиме заедно,пред да оди на психотерапија дечкото да смисли убава лага, со себе си го зеде својот лаптоп и ме замоли дали можам мојот телефон да му го дадам за Х причини да не објаснувам ама тоа беше лага,и нормално без многу сомнежи а сепак мал сомнеж му го дадов својот телефон и јас останав да чекам во кола. По 10-15минути се враќа дечкото во избезумена состојба,задишан,со бес,вознемирен и нервозен не личеше на нормална состојба на човек. Се врати во кола по мојот кабел од телефонот поради што тој што го доби од докторот или го купил не знам ама не можеше да го поврзи со неговиот лаптоп па му требаше мојот оригинален полнач. Уште кога ја видов неговата состојба знаев што може да биди целата работа излегов од кола со мојот кабел и тргнав накај канцеларијата на докторот,дечкото пробуваше да ме спречи да не одам и вратата да ми ја затвори ама јас влегов се запознав лично со Д-р Миодраг а кога влегов дечкото му кажа: оваа е девојката што ви кажував, кога се свртив десно од вратата на неговата маса во чекалната беше лаптопот на дечкото поврзан со мојот телефон,прашав што прави и ми одговори па ништо плаќав нешто ама не фаќаше... Докторот само стоеше и во моите очи беше збунет и не очекуваше дека ќе ме види во неговата канцеларија. На лаптопот беше отворена програмата што ви ја напишав погоре,дечкото исклучи се го зеде лаптопот а јас си го зедов мојот телефон. Јас го прашав докторот дали ќе му смета да седам во неговата чекална додека имаат термин на тоа ми одговори: не,не ама немам клима тука па да не ви биде жешко. Останав во чекална додека траеше нивниот разговор од прилика еден час,потоа се поздравив со докторот и ми кажа: не знам како стоите со овие работи ама ако ми требате во корист на пациентот дали би дошле на разговор и јас одговорив дека немам проблем со тоа и си заминавме. Патот од Скопје до нашиот град можам да кажам дека беше една голема траума за мене и јас требаше со тоа да се справувам 2 часа,требаше да се справувам со ситуацијата што ја доведе докторот и со неговите зборови што биле кажани на пациентот. Воопшто не се осеќав сигурна и навистина бев уплашена за мојот живот и животот на дечкото поради што тој беше надвор од контрола,следеше психичка тортура како: јас имам право да знам се што сакам да знам,ти ме манипулираш мене ме правиш мајмун,ти си играш со мене,ти лажиш,да ми го дадеш твојот телефон и ред други работи. Некако помина тоа фала богу стигнавме живи,после таа траума неможев да разберам дали докторот беше вмешан во планот,дали воопшто знаеше што се случва во неговата канцеларија,дали беше запознаен... Следниот ден му звонев на докторот неколку пати но не ми крена,потоа му кажав на дечкото да му пренеси на докторот да ми се јави но не се јави. Се обидов да се јавам пак докторот ми крена и не ми зборуваше неколку секунди,потоа звонев пак не ми се јави а пробав и на фиксниот број во ординацијата,не разбирав како е можно да не можам да го добијам а звонев неколку дена во соодветно време. Му напишав порака на докторот што гласеше вака : Добар ден Д-р Миодраг,

    кога ќе имате време од 5-10минути да одвоите звонете на овој број. Веќе се запознавме јас сум ********** и имам неколку прашања за вас.

    После пораката неколку минути ми се јави докторот,моето прашање до него беше дали тој воопшто знаеше што се случува во неговата канцеларија со лаптоп на масата и поврзан телефон на тоа тој ми одговори: не не знам,а зошто колку што знам пациентот си го зеде лаптопот за што се јавувате си го заборавивте вие телефонот кај мене? Јас одговорив не,јас ви зборувам од мојот телефон не е заборавено ништо,туку сакав да прашам што знаевте вие од таа ситуација во вашата канцеларија што се случваше со мојот телефон поврзан со лаптоп на тоа ми кажа: јас не сум должен да ви давам информации за мојте пацинти тоа е помеѓу нас,но моето прашање не беше за психотерапијата или информации за пациентот моето прашање беше за мојот телефон. Го прашав дали тој знае за законот за лични податоци и одземање на лични податоци без одобрение дека тоа е крадење,на тоа кажа дека тој не знаел на кој е телефонот и што се случува но нели во канцеларија на НЕВРОПСИХИЈАТАР да дозволите пациентот да прави работи надвор од вашата програма предвидена и без ваше знаење што се случува и покрај вознемиреноста што беше очигледна од страна на дечкото нема да се запрашате што прави пациентот????

    Потоа сакав да му објаснам дека на мојот телефон имам право само ЈАС и ако јас дозволам на некој да одзема мој податоци би било во ред а во спротивно е безправно одземање или крадење,исто така му кажав дека тој има право на неговиот телефон или на телефонот на пациентот ако дозволи а не на мојот во никој случај. На тоа докторот ми кажа имал право тој,не можев да поверувам по која основа и кој закон тој има право на мојот телефон што е моја сопственост,после тоа го прашав дали тој има проценка за неговиот пациент на тоа ми кажа јас не сум должен тебе да ти кажувам,да не е должен но јас прашав лично за него дали тој проценил за тоа да го доведи до таа ситуација а свесен е дека јас сум тука и јас треба да патувам назад со дечкото во кола а не сум воопшто запознаена со ситуацијата како докторот мислел да го контролира тоа??? Го прашав дали ја виде состојбата на дечкото додека го поврзуваше мојот телефон со неговиот лаптоп бидејќи кога дојде кај мене во кола тоа беше ненормална состојба на вознемиреност,задишаност,бес,лутина... На тоа ми одговори не знам кај мене беше нормално ништо од тоа не видов,а надвор од мојата канцеларија не знам јас... Дечкото е способен да променува вознемиреност,задишаност,лутина во рок од 2-3мин јас го гледам едно а докторот друго??? Му кажав за мојата траума по пат на тоа ми одговори па ете жива си ништо не ти се случило,мислам каков одговор е тоа од доктор? Му кажав да жива сум поради што јас свесна бев и се справив со ситуацијата што докторот ја испланирал,ми кажа дека си измислувам дека воопшто не било така и дека тој не е одговорен ми кажа па како правите вие па што ако излезам и ме удри мене кола кој е крив за тоа... Дали тоа е соодветна споредба? Ми кажа имал 25год искуство и помагал на луге,искрено не знам и не сакам ни да знам како ама му кажав и стојам позади тоа дека тоа што го направи е КАТАСТРОФА од еден психијатар тоа не би го очекувала,на тоа докторот ми кажа: не,вие сте катастрофа! Молам? Невропсихијатар на телефон на особа што не ја ни познава се обраќа со ВИЕ СТЕ КАТАСТРОФА! Немам објаснување. На крајот од муабетот кажа: од каде да знам дека вие не ми го снимате разговорот и кој знае како ќе го искористите,ако сакате ќе зборуваме лично вака не разговарам... После се што кажа докторот,и после неговата измислена помош дека така се решава проблем на еден пар каде што има недоверба нема веќе што мене да ми објаснува. И многу ми е чудно па што се загрижил дали јас го снимав разговорот или не кога тој е во право треба да си стој позади неговите дела и зборови што ги кажа нели? Ако тој мисли дека така се решава проблем со крадење на лични податоци за да се стекни доверба БРАВО! После целата оваа случка уште дознав дека поради вознемиреноста и нервозата на пациентот,докторот му дал апче на пациентот за да се смири апчето си го нарекол витамин Б6,ама јас не знам што беше и дали тој мојата сигурност и тоа што ми кажа јас сум сигурен дека ништо немаше да ти се случи по пат е поради според мене седативот што му го даде? Па со некои седативи колку јас што знам не смеете да возите а не посебно долг пат,дали размислил на тоа? Дечкото тврди и кажува дека не е свесен за многу работи и нешто не памти од како го зеде апчето кај докторот исто така кажува и тврди дека целиот план со одземањето на податоци од мојот телефон е смислен и поттикнат од психијатарот и тоа да се одвива во неговата ординација. Значи верувам во тоа,поради што ако не беше така тогаш дечкото можеше на било кое друго место да ми ги одземи податоците а не точно во ординацијата на докторот,ако тој не бил запознаен или дел од планот ќе се запрашал што прави пациентот и зошто е толку вознемирен за да треба апче да му даде за смирување??? Следното што ми го кажа докторот беше: јас со мојот пациент не разговарам за вас... Тоа е лага од докторот поради што смислиле план за мене и мојот телефон а не разговарале за мене? Која е потребата од кажување лаги од негова страна? Пацинетот сакал да си ја снима психотерапијата односно разговорот со него но тоа докторот не го дозволувал... Зошто не?

    Јас лично со мој очи ја видов целата ситуација,и лично со мој уши ги слушав зборовите на докторот. Немам објаснување за неговата неконтролираност да се дрзни и да кажува имал право тој на мој податоци,инспектор да е или детектив тој треба да дојди со налог за одземање на мојот телефон поради одредени наведени причини а ова вака лебди во вода,потоа да дава проценка за личност и да ми се обраќа со вие сте катастрофа а не ни поразговарал со мене...

    И за неговата сума што си ја побара од 1500евра за еден месец за од прилика 4 саати без никаква потврда за парите ни сметка и за работата што ја сработи,неговото планирање за крадење и одземање на мојте лични податоци од мојот телефон и реализирање во неговата ординација чинеше 1500евра???

    Ова не можев да го преќутам,јас сум сериозно загрижена за неговата работа не само што јас бев трогната туку не можам да дозволам на овај начин докторот да мисли дека помага на луѓе или дека ова личело на психотерапија.
     
  14. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2018
    Messages:
    1,559
    Likes Received:
    11,807
    Gender:
    Female
    Што прочитав по ѓаволите? :drunk:
    Трајчевска, сериозно ова? :drunk:

    Повеќе на клевета ми личи, од пациент што имал негативно искуство со докторот. Искрено не можам да поверувам. :whew:
     
    cresa-jagoda and theunforgiven like this.
  15. ТрајчевскаА

    ТрајчевскаА Нов член

    Joined:
    Aug 24, 2018
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female

    Се разбира е негативно искуство,а според мене не клевета туку споделување на искуство за кое што сум доста многу изненадена.
    Сериозно беше се до детал баш така како што напишав,го споделив тука со цел да биде кажано и не се повтори во никаква,ни слична варијанта.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,307
    Likes Received:
    226,950
    Gender:
    Female
    место 2 саати да објаснуваш на форум пријави го или у најмала рака викни му инспекција.
     
  17. zglauvrol

    zglauvrol Истакнат член

    Joined:
    Dec 15, 2017
    Messages:
    10
    Likes Received:
    6
    Gender:
    Male
    Мислење за Флоријан Наумов во државна?
     
  18. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Joined:
    May 30, 2018
    Messages:
    256
    Likes Received:
    531
    Gender:
    Male
    Дечки на огромна мака барам искрена информација и помош од вас.
    Мајка ми веќе 4 години е во тешка депресија, слабо комуницира, не излегува, не гледа тв ниту станува од кревет освен ако има потреба за тоалет, се плаши нон стоп да не и се деси нешто полошо, значи жената е тотално западната, нон стоп мисли негативно и плаче, како да нема излез, 4 пати лежеше во воена болница на психијатрија и еднаш во државна но тоа не помогна ни малку, докторите ја отруја со вакви онакви апчиња кои немаат никаков ефект, дали знаете некој добар психијатар да ми предложите што би помогнал, значи жената е западната во навистина огромна депресија, ви благодарам однапред...
     
  19. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Joined:
    Aug 4, 2014
    Messages:
    360
    Likes Received:
    1,115
    Gender:
    Female
    Според мое мислење најпрво треба да посетите психолог, кој ќе помогне депресијата да се излекува или барем да се држи во некаква контрола, па потоа кај психијатар по апчиња..

    Да посетуваш само психијстар без терапија кај психотерапевт/психолог е еднакво на тоа да имаш забоболка, и да земаш апчиња против болки без да појдеш кај стоматолог - проблемот само ќе се заташкува и проширува а нема да се реши.

    Не знам колку финансиската состојба ќе ви дозволи и не знам од кој град си, но моја првична препорака е да појдете на една консултација, или кај Милка Ололоска (може и на фб да ја најдеш и контактираш), или кај Ивана Хаџииванова, двете се од Скопје. Доколку се одлучите за психотерапија (што е најдобар и најправилен избор,трајно решение), една сеанса кошта околу 1200денари а се работи 1 неделно или 1 на 2 недели, зависно од можност и потреба. Знам дека ако си од др град,со Милка сеансите ќе можеш и на скајп да ги работиш..

    Пробајте појдете барем на еден разговор, слободно и кај друг психолог/психотерапевт ако имате подобра препорака. Тука лежи решението на таквите проблеми.

    Ти посакувам среќа тебе и на мајка ти. Депресијата е честа и тешка појава и за личноста и за околината. Добрата вест е дека се лекува..

    Ако било што друго те интересира пиши ЛП, ќе разговараме.

    Поздрав! :hug:
     
    Milobebence likes this.
  20. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2017
    Messages:
    432
    Likes Received:
    1,435
    Gender:
    Female
    Дали некој бил кај Ивана Хаџиванова?