Девојки имам голема анксиозност. Дали треба да идам на психолог или психијатар? Кој е постручен и има повеќе знаење и би можел да ми помогне?
Најдобро е да посетиш психотерапевт (било да е психијатар или психолог) според моето искуство. Не знам што значи тоа голема анксиозност. Секако ако одиш државно психолог прави психолошко тестирање, а психијатар дава медикаментозна терапија доколку е потребна. Како и да е, ако одиш на психолог тој ќе те препрати кај психијатар доколку треба.
Голема анксиозност значи голема вознемиреност, очекување на лоши работи да се случат, губиток на енергија, и обично ми се јавува наутро. Дали би ми помогнала фармакотерапија или психотерапија? Фала за советите девојки
здраво. мене ме интересира дали има некој психолог што не е многу скап, значи моментално не сум во можност да платам 1500 ден за час. Дали има некој што работи со фондот ?
Прво пробај со психотерапија. Секако е подобро од медикаменти. Психотерапијата помага многу. Можеби малку подолго ќе трае ама ефектите се долгорочни. Те гушкам
психички болести многу ретко се лекуваат медикаментозно, клинички потешките случаи ги третираат медикаментозно. Се друго може психолог да реши. Депресијата и анксиозноста првественон се третираат кај психотерапевт и доколку има потреба се пренасочува на психијатар. И не си играјте многу со лекови. Еден мој пријател за цел живот го уништија така. Место на психолог дирек на психијатар го пратија и го третираат со медикаменти,се доизгуби детето скрос со умот. Одкако излезе од таму и прекина со таква терапија се опорави.
Ми треба добар психолог било каде во Скопје, приватно со пристапна цена бидејќи моментално не сум осигурана и по можност некој кај кого брзо се наоѓа термин.
Те молам немој повеќе вакви коментари дека НЕКОЈ СО ТЕРАПИЈА СО МЕДИКАМЕНТИ СЕ ДОИЗГУБИЛ. Толку,за жал, не' има на форумов што сме и еве не' здрави,прави со помош на апчња. Секој си е случај за себе, можеби на другарот твој не му била погодена терапијата, па се изгубил. Значи, СО СООДВЕТНА ТЕРАПИЈА И РАЗГОВОР ЌЕ БИДЕ СЕ. Поздрав и се надевам дека никогаш нема да влезеш во кругот на анксиозноста и депресијата.
не би да опишувам тука што се случувало жално за детето, изгуби семејство,жена и детенце и најубавите години од младоста. И да повеќе се запусте одколку што се излечи,е сега со добар доктор добар разговор и добро поставена дијагноза да,се се решава.
Здраво! Дали може да препорачате психолог кој е погоден за работа со тинејџери/лица од 18-19 години, за справување со проблеми во социјален и романточен живот во Скопје? По можност личноста навистина да е запознаена со модерниот начин на живот на младите, за да може да понуди практични совети и решенија. Ако знаете ве молам пишете информации за контакт и цена на една сеанса! Фала ви!!