Препорака за добар психолог во Скопје Јас имам слушнато исто само убави работи за докторот, од луѓе кои оделе кај него на сеанси. Сакам и јас да отидам, па да прашам дали ми треба упат од матична или??? Треба да се јавам да закажам претходно?
Препорака за добар психолог во Скопје Да, се закажува. Инаку, ако сакаш да одиш со син картон ти треба упат. Инаку без упат ќе треба да си платиш приватно а има бааѓи разлика во цената. Мислам 50 или 150 денари наспрема мислам 1600 денари. Само пофални зборови имам за докторот.
Препорака за добар психолог во Скопје Супер фала ви многу, утре и така имам работа низ град, па ќе отидам да закажам и на сеанса ќе однесам и упат и картонче. Само уште да ми кажете поточно каде е? Мислам дека имам прочитано реклама некоја кај пазарчето кога се оди накај кисела вода ама не сум сигурна...
Препорака за добар психолог во Скопје Александар Марцикиќ најмногу работи со зависности. Има некаде низ темава и број.
Препорака за добар психолог во Скопје Карши автобуската станица кај Зелен пазар, односно во редот на Градска болница веднаш позади автобуската станица.
Препорака за добар психолог во Скопје Здраво девојки, Ги прочитав пораките на форумот и се охрабрив да отидам кај д-р Милутиновиќ.Благодарност до девојките кои споделија информација на форумот, затоа Што докторот ептем е ОК.Пријатен , фелксиилен и Што е најважно професионалец во својата работа, се најдобро можам да кажам за него.Значи јас имав подолго време на душата проблем кој го носев и потиснував и од тоа потиснување , добив проблем со стомакот и никако не можев да заспијам од кркорењето на цревата , од силните грчеви и болки...откако ги направив испитувањата дознав дека не е физички т.е(тоа доаѓало од значи од психата).Го лоциравме пробелот со докторот и решивме да работиме на отстранување на блокадата. Мој совет , без предрасуди и стереоптипи, побарајте стручна помош , без разлика колку ќе чини, зашто здравјето нема цена. Јас платив приватно 1800 денари и не се покајав, верувајте. Среќно на сите , Поззз
Препорака за добар психолог во Скопје јас одам во ординацијата ПСИХЕА кај др. Биљана и администраторката и докторката се многу фини, многу сум задоволна од нив беше 100 денари партиципација , од вчера е 200денари знае да те сослуша, да те посоветува, и да одвои и малку повеке време од дозволеното, а не како др. Милутиновик што ми препорача антидепресиви , кога му кажав со какви проблеми се соочувам, демек тие ке ми помогнеле да се вратам во нормала
Препорака за добар психолог во Скопје На мене пак не ми даде антидепресиви.Ми рече дека може да ми препише ,но ако ми ги даде ќе треба да ги земам подолг период.Ми остави простор да размислам до следното видување , дали ќе земам или само ќе работиме со сеанси.Се уште не сум размислила , но кога ќе се видиме уште еднаш ќе се посоветувам да слушнам дали може да поминам така ,тоа П.С Да нема забуни , сепак д-р Милутиновиќ е неуро-психијатар , не е психолог (кај психолог не добиваш таблетки) .
Препорака за добар психолог во Скопје Moето искуство со Милутиновиќ воопшто не е убаво.Нити ми помогна,туку само одмогна.Не очекував чудо,ама ни такво нешто од човек кој студирал за тоа и плус со искуство .Некаде и некому му го имам пишано моето искуство со него и не сакам да се повторувам за таков човек.После сеансата со него,ми направи уште полошо.Докторите матични кои ме препорачаа кај него-му се јавија да го прашат зошто така постапил,и ми се извинија што ми го препорачаа.За цената тогаш не гледав пари,а толку беше и тогаш 1800,а нити терапијата ми помогна. Потоа бев кај психијатар од мојот град.Му симнувам капа зошто без терапија со разговор успеа да ми помогне. Значи некогаш мислиме дека ако платиме многу-ќе добиеме толку.А испаѓа спротивно. Кај едниот платив 1800 кај другиот 100 ден,а услугата беше обратно пропорционална со парите
Препорака за добар психолог во Скопје ДЕВОЈКИ знам дека можеби за повекето од вас ке звучам смешно ама ете си ги прибрав срамот и морам да кажам иако имам 26 јас сеуште имам страв од темница духови и такви други работи и до ден денес јас во мојата соба спијам со 4 помали и 2 средни осветлувачи и тоа различни ( електрични, диодни батерии за секој случај да не снема стуја а и имам неколку свеќи постојано како и запалка). Е сакам да ми кажете дали овие психолозиве наши можат да помогнат за вакви случаи. Знам дека за некои е ова несватливо ама јас имам 2 трауми од детството и ете сеуште го имам овој проблем. Ај ве молам ако некој знае кај можам да се обратам нека ми пише
Препорака за добар психолог во Скопје делфина најпрво добро ни дојде на форумот. нема страв и срам, секој од нас има нешто во животот, утре и 50год. да имаме секогаш такво нешто ќе се појави. најдобро е да се распрашаш поопширно.Психолог како психоло има колку сакаш, но секој од нив си имаат отсек во кој се најдобри...затоа најдобро е да побараш некој поконкретен за тие стравови и стресови што ги спомнуваш.
Препорака за добар психолог во Скопје fala srcko ama od kaj da pocnam da baram prasav ednas pa me gledaa kako frik [mod-kirilica:1pcngp0r][/mod-kirilica:1pcngp0r]
Препорака за добар психолог во Скопје luge, dali imate slusnato za mimi od sega i ovde, dali e dobar psihoterapevt?
Препорака за добар психолог во Скопје И јас имам слушнато дека др. Марија била многу спремна..ќе закажам деновиве кај неа и ќе го споделам искуството
Препорака за добар психолог во Скопје А некој психолог што нема ништо против хомосексуалци? Здодевно ми е веќе да ме прашуваат кога одлучив да станам лезбејка...
Препорака за добар психолог во Скопје Тој што го спомнуваш е жива превара. Ем ти дроби нешто демек професионално ем кога го прашуваш само се смее и ништо не ти дообјаснува. Плус нема ни ординација своја, ниту е пак некаде регистриран. Оффффф, барајте дипломи на увид, барајте со своја ординација. Значи професионалци кои вложиле во себе и преку основни работи како што е ординација-канцеларија.
Препорака за добар психолог во Скопје Дали некој има искуство со Антонио Новотни? Мојата матична ми рече екстра бил, ама дур не чујам од искуство некој да ми каже, не верувам во ништо.