Јас искрено мислам за во нашата државичка е скапичко толку за еден саат барем 1000 денари плата 300 евра, имаш проблем психички и што ако немаш пари за толку да платеш за еден час
Дали некој може да ми препорача добар психолог за надминување проблеми со public speaking и анкциозноста поврзана со тоа. Само не ги препорачувајте Ивана Хаџиманова или Бојана Стојменовиќ бидејќи немаат слободни термини во брзо време. Фала ви.
Двата. Психијатар (добар) ќе одреди дали ти е потребна терапија - апчиња. Психолог/психотерапевт за психотерапија, да откриеш кој е коренот на проблемот. Не сите психијатри држат психотерапија. Затоа двата.
Комората на психолози не одредува колку пари е една сеанса. Може во светот да, но кај нас не! 2500 денари алоо, не се нормални. Имам идено кај повеќе и сите беа макс до 1500 денари. Истражувајте малку пред да си ги дадете парите така.
Според член 14 од законот за вршење на психолошка дејност ценовникот го одредува комората. Прво информирајте се вие, па после кажувајте.
Ништо ново не слуша Зборувам за тоа колку важи законот кај нас. Не може комората да одредува цена, кога пола и повеќе што работат приватна пракса немаат лиценца. Излези надвор, разговарај со психолози од комората и ќе сфатиш што се случува.
Колку што функционираат сите закони кај нас толку и овој. Вистина е дека има некои кои работат без лиценци, но ако отвориш огласи за работа, секаде бараат лиценциран, зборувам за во Македонија.
За жал не е така. Би била навистина среќна доколку би барале со лиценца. 99посто во школиве се без лиценца. Голем број во здраствените домови се без лиценца, за приватна пракса да не зборам. Никаде не пишува дека се бара лиценциран психолог, освен за работилнициве за Денови на психологија...за жал. Најнова информација е што комората ќе праќа писмо до Министерството за здраство и министерството за образование дека мора да се лиценцираат психолозите. Последниве три години следам огласи и на ниту еден не се бара лиценциран психолог, иако јас сум.
Не препорачувам да идете кај психолзи без лиценца. Бојана Стојменовиќ нема лиценца и воопшто не бев задоволна од неа, фрлени пари за ништо.
Има правила во комората за психолозите кои се без лиценца пред оформувањето и доколку тие имаат стаж неколку години им се важи како да имаат лиценца. За во здравство посебно бараат лиценциран.
Порано беше доколку имаме 5 години стаж да не се полага. Но сега мора да полагаат тие, кој добил добил, од оваа година мора да полагаат иако имаат 5 години работен стаж.
Жал ми е, но се надевам и тоа искуство ќе ти послужи за нешто. Психотерапевт не се станува туку-така, како што се замислуваат некои. Навистина е потребно дооолги години работа на себе, а и доколку се почне работа со клиенти, тоа да биде работа под супервизија.
Полагаат и тие, пред неколку месеци колешка полагаше, иако работи веќе 6 години во основно училиште. Да си извадела лиценца пред година ипол, само ќе платеше и ќе и дадеа. Од оваа година е тоа.
Irena mozis da ja zemis ama mora da polagas iako imas staz 5 godini, ima nekoja promena vo komorata. Jas polagav vo septemvri iako imav 5 God staz -Еве коментар од страната Psiholozi на фб.