Не знаев за овие измени. Искрено не е фер и тие да полагаат а имаат веќе искуство и би требало да ги вратат старите правила. И мене некои ми викаат да идам на стажирање за лиценца некои не, дека било само трошок. Но сметам дека добро е да се иде, бидејќи може многу да се научи.
Од стажаот се учи навистина многу, доколку си на право место и со прав ментор. Доколку ние психолозите стоиме позади тоа дека 200 евра е трошок за вадење лиценца, нашава професија ќе стои во место. Пример, има многу психолози што се однесуваат нетично за време на сеанса, и доколку не се членови на комората, комората не им можи ништо. А доколку се, може да се крене постапка кривична или како и да се вика. Без лиценца, клиентите се помалку заштитени, а ние работиме токму за нивното добро.
Баш за ова зборевме и со професорка од факултет. И таа кажуваше дека нелиценцираните не може никако да се контролирани во работата, што е премногу лошо. Сметам дека доста добро е тоа што се формираше комора и што законски се решени многу работи. Е сега проблемот е во спроведување на законот.
Верувам на луѓето што ја водат комората и сигурна сум дека ќе успеат. Овие неколку години навистина ја мрднаа од место, се надевам на светла професионална иднина за нас.
Дефинитивно психологијата има голем напредок на овие простори. Има надеж и за нас психолозите. Е сега имам прашање за испитот. Дали се полага усно или писмено и дали прашуваат детали? И колку време трае полагањето?
И јас би сакала да знам. Бев неколку пати кај д-р Мирјана Јовановска Стојановска во Амигдала, и воопшто не сум задоволна. Имав неколку сесии, една ја откажав неколку часа однапред и следната кога ја закажав не се појави, ниту ми дига на телефон, ниту пак ми се јави отпосле. Тотално непрофесионално. Џабе потрошени пари за неколку сесии, сега треба повторно да поминувам низ процесот.
Дечки има огроомна разлика меѓу психолог и психотерапевт. Психотерапевтите се 100 чекори понапред од психолозите. Од срце би ви ја препорачала Ива кај која одам веќе година дена. Премногу е добра а воедно и цената за средношколци и студенти и е дупло пониска. Би ја препорачала за секој што се справува со анксиозност или панични напади. Не знам каква претстава имате вие за психотерапијата ама тоа е долг процес на работа на себе и ниедна анксиозност ниту панични напади нема да се средат со 10 пати посета на психотерапевт. Доколку некој го интересира повеќе може слободно да ми пише во порака.
Секој психолог којшто има приватна ординација и има завршено едукација за Психотерапија, всушност е психолог, психотерапевт.
Секако. Меѓутоа зборот ми беше има огромна разлика меѓу само психолог и психолот, психотерапевт. Не се изјаснив убаво.
Здраво. Дали некој има отидено на психолог/психотерапевт заедно со партнер? Дали може препорака за некој?
Кај нас нема разлика во пракса. Или ок ако сакаш да направиме разлика едноставна е, барем кај нас, психолозите се во училишата сите останати се „психотерапевти“. Не би да препорачувам за да не бидам пристрасна, би рекла само да се тргнете од оние на кои се мава премногу маркетинг, ако сакате да се уверите фрлете пари. За тие што се добри се слуша муабет од уста на уста, не мора да имаат реклами, спонзорирани страни, секој ден да гостуваат по емисии и слично. Знам психотерапевти што се 1000 години назад, не треба да се генерализира.
Има разлика. Сите што имаат приватни ординации се психотерапевти. За да има приватна ординација мора да има завршена едукација за психотерапија. Се согласувам со членката погоре, тие што акцентот го ставаат на маркетинг, многу од клиентите кои биле кај нив не се задоволни, иако не мора да значи дека е точно ова. Проблемот е што со завршување на едукацијата, мислат дека веднаш ќе бидат добри психотерапевти, што сметам дека е клучна грешка. За добар психотерапевт покрај едукацијата, треба искуство и постојана работа на себе. Сум слушала многу случаи кадешто биле премногу незадоволни од психотерапијата, дури и ништо не им помогнала посетата на психотерапевт.