1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да, сите што сакаат да се бават со "советодавна работа" треба да имаат гешталт (кај нас на тоа навалија сите) иии тн., а тоа се скоро сите освен оние во училиштата. А за психотерапија не е само да се има сертификат, туку многуууу многу искуство (гледање буквално се' и сешто) и не само да си добар/а и речит/а на зборови (као овие што бустаат маркетинг) туку да се спуштиш на ниво на "пациентот", да се чувствува пријатно во своја кожа и да знаеш во кој тајминг што да кажеш, а не цитати од моќта на потсвеста и слични извадоци од интернет па ако упали, упали. Внимателно на кого му ја доверувате вашата интимност, живот.
     
    На crazylady, Viki693, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sunshinee2

    Sunshinee2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Nikade ne rekov deka dobri se tie psihoterapevti sto se reklamiraat. Skroz se soglasuvam so toa deka za tie sto se dobri se prenesuva od usta na usta. Jas licno koga bi izbrala da odam kaj najdobriot psiholog ili najdobriot psiholog, psihoterapevt bi ja izbrala vtorata opcija. Psihoterapijata e dolg (da ne recam konstanten) proces na rabota na sebe i sekoj dobar psihoterapevt ne zavrsuva so rabota na sebe po 5 godini edukacija. Ako nekoj psiholog e mnogu dobar vo svojata profesija so dopolnitelna edukacija bi bil uste podobar.
     
  3. Sunshinee2

    Sunshinee2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam so tebe za se pogore napisano. Ne site psihoterapevti se dobri. Moabetot mi bese koga bi birala megu dobar psiholog i dobar psiholog - psihoterapevt bi go odbrala vtoriot. Realno da ne ja frlame vo voda taa ogromna rabota na sebe vo psihoterapijata. Za mene ima golema razlika.
     
  4. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не, не се разбравме не реков дека ти рече дека тие се добри, дадов мислење само да не пишувам во друг пост. Инаку ако јас се прашувам секако дека психотерапевтите треба да се посетат на прво место, ако состојбата ескалира тогаш да се иде понатаму. Затоа што најчесто проблемот човек може да го реши сам откривајќи се себеси ( секако низ ова треба да го води психотерапевт). Но кај нас веќе секој е психотерапевт кој не работи државно во училишта или во градинки или за дополнителни пари сака да е на државна и приватна цицка ќе отвори и приватно (ќе стане нели психотерапевт). И не може никој да ми каже дека една личност може да се даде максимално себеси "работејќи 8 саати" на едно место и 4 саати на други, а притоа воопшто не е едноставна работа. А и веќе се нема контрола кој се станува психотерапевт и колку е спремен за тоа, туку ако се има пари и педагог може да стане психотерапевт и ред други што мислат дека психологијата е едноставна работа.

    Да сумирам, во океан од психотерапевти е многу тешко да се најдат барем 5 асални. Не би да изнесувам на форум информации од моите работни искуства, но на голем дел би им се одзеле лиценци. Да не ме сфатите погрешно сите што сте на темава ја поддржувам секоја идеја да се посети психотерапевт и велам дека е клучно секој човек да посети психотерапевт во одреден момент од животот и дека менталната хигиена е подеднакво битна како и физичката, но внимателно да избираат на кој ќе се доверат и од кого ќе очекуваат помош, а со тоа да се избегнат маркетинг психотерапевтите кои не 2 работи туку и 3-4 ги работат. Па какви стручњаци имаме на клиника па не се расфрлаат на сите страни со својот капацитет, но ајде јасно ми е дека се е за пари.
     
    На Angie1432, Just.do.it и Sunshinee2 им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Сосем се согласувам. Секој кој има интерес може да биде психотерапевт, ова е вака и во светот, бидејќи психотерапијата се дефинира како самостојна дисциплина и не мора да се биде психолог за да се биде психотерапевт. Зборевме за овие работи на факултет, и сметам дека не треба некој кој не е психолог да биде психотерапевт.
    Исто така има многу кои работат без лиценци и за жал комората не може ништо да им направи.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуства со Владимир Ортаков во Систина?
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.468
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира, на интернет прочитав пофалби, ме интересира дали е со подолго искуство, за мајка ми барам, одбива лекарства да прима па барам психотерапевт, ако може некој да сподели лично искуство
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WorkOnYou

    WorkOnYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Ortakov e psihijatar, podobro da si najdete psihilog-psihoterapevt.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.042
    Допаѓања:
    225.237
    Пол:
    Женски
    Ортаков е психијатар, одличен е во својата работа, но ако бараш конкретно психолог онда не е он.
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie29

    Angie29 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Moze broj od zenata
     
  11. Ashe

    Ashe Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Многу би сакал да наведите доколку постои таков солиден психотерапевт кој се занимава со КБТ (Когнитивно Бихавиорална терапија) конкретно за генерална анксиозност и панични растројства?
    Ми треба конкретно обучен психотерапевт во оваа област, не би сакал да одам кај некој за да правиме утешителни муабети, напротив да се посвети на практичниот дел од терапијата.
     
    На Sunshinee2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunshinee2

    Sunshinee2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Jas bi ti preporacala gestalt terapija za toa. I jas imam problem so istoto i mnogu dobro se razrabotuva preku gestaltot. Moja drugarka ima probano so KBT ama ne bese zadovolna voopsto ( rabotese so dobar terapevt inaku).
     
  13. Sweet Harmony

    Sweet Harmony Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Jas pocnav da odam kaj Tina vo Kognicija...zosto i mene i e potrebna bihejvoral terapija..zaradi psihosomatski narusuvanja...
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кај психотерапевт одат клиенти, не пациенти.
     
    На WorkOnYou и Sweet Harmony им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Премногу е професионална и премногу е стручна во областа. Не е реклама ова,од искуство со неа.
     
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Има пациенти, корисници, штитеници и тн. зависи како е заведена институцијата и како се заведуваат (не одлучувам јас и не живееме во Америка). Ако не знаете нешто не кажувајте само колку да пишете нешто.
     
    На Hoping и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Јас знам многу подобро на темава од тебе. Имаш уште многу да учиш. Темава е препорака за добар психолог психотерапевт и кај психолози не одат пациенти туку клиенти. Кај психијатри одат пациенти. Не е битно дали се зависници, штитеници или луѓе со секојдневни проблеми, сите се нарекуваат клиенти. Кај нас сеуште психотерапијата е табу тема и неинформирани луѓе мислат дека на психотерапија одат само луди, така што воопшто не е во ред да ги нарекуваш луѓето пациенти и да одвратиш некого од психотерапија. Научи малку основна терминологија.
     
    На Milobebence и WorkOnYou им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    Ако знаеш многу подобро од мене ќе знаеш дека од година во година терминологијата се менува (имам дискутирано на други теми за терминологијата и што мене не ми се допаѓа), со тоа што се обраќаш на некој што не го знаеш и зборуваш за тоа кој колку знае (на форум алоо) можам само да кажам свака част, многу кај нас мислат дека е така едноставно па и на социјални медиуми и форуми да се прават проценки. Али алтер егото е чудна работа не бира место. Во многу институции во земјава каде што се води медицински дневник се пишуваат пациенти па и на конференци, сакале ти и ја или не така е. Неам потреба тебе да ти се докажувам, ниту пак ме интересира ти што мислиш за мене (иако друга беше целта на тој пост, очигледно анализа на зборови правите). Така да не ми кажувај тука јас од кого одвраќам (а не го правам тоа), зборувај за тоа како ти си го сфатила тоа. Мое е да си пишам од мое гледиште и ако можам да помогнам да не се фрлаат пари кај некој што не вреди (да ти објаснам зошто не си го разбрала тоа не значи да не се иде кај друг, не е моја вина што на кој како му текна си отвора приватно и државава не води сметка за тоа) и е само исфорсиран во медиумите за да лапа пари од проекти затоа што не си видела како родители на деца зимаат кредити за да можат да платат и на крај да не добијат ништо од тоа, мене тоа ме боли можеби тебе не, не знам не те знам. Ти бркај си твоја работа и фаќај се за секој збор и правопис (може и тоа ти е работа можеби и пари зимаш од тоа да анализираш друг што пишува на форум), тие што се во оваа област точно знаат за што пишувам и затоа што и тие се сведоци како излгеда од другата страна. Сите сме различни и не сме дојдени сите на форум за се докажуваме колку и што знаеме, туку да збориме од свој аспект ако ти си имала друго гледиште тоа е ок. Ако сакаш да дискутираш за терминологија обрати се на друго место не е тоа моја област, знам на форум секој е експерт за се', но за жал тоа не се зема во предвид во реалниот живот. Ако се обидуваш да понижиш и себеси да се издигнеш со тоа колку знаеш кај мене не пали кажувај им на оние за кои ти си одговорна што да прават, мене не. Ниту ќе ме доведеш до степен да се спуштам на ниво да те понижувам ниту некој ме плаќа за на тебе да ти давам факти. Олабавете се малку.

    **Се извинувам за офтопикот.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Сама си пиша, кај што се водат медицински дневници се нарекуваат пациенти. Психолозите не водат медицински дневници бидејќи не се медицински лица. И тоа не може да е твое или мое гледиште, тоа е така како што е. Јасно ми е дека терминологијата не е твоја област, ти благодарам што ми потврдуваш. Не се возбудувајте толку кога некој ќе ве исправи на форум, како се браниш, а никој не те нападна, едноставно само ја прифаќаш исправката и не мора да пишеш долгометражен пост пошо немој да мислиш дека толку јас се замарам со тебе. Не ми е уопште јасно зошто си ми реплицирала со објаснување за тоа кој како се рекламирал, пари да не фрлале, бла бла бла, кога јас само ти искоментирав за мешање на термините.
     
    На AsteryStella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Психолози работат и онаму каде што се водат медицински дневници ако не си знаела. Многу работи не ти се јасни како што читам. Исправувај си во својот дом, јас не ти побарав да ме исправиш посебно кога мислиш дека се' знаеш, а не знаеш. Очигледно се замараш ако ти треба моја потврда и билдаш его врз основа на тоа.