Кој сака сеанса по нормална цена (без дерење од 1200 до 1500) нека пише кај мене во инбокс. Услуга врвна од областа на мотивациска психологија или како амеркиканците што препочитаат мотивационен тренер, советник, нека пише кај мене во инбокс.
Има разлика, да, тоа е по лајт варијанта, повеќе би кажала да си го подобриш своето функционирање и да се избориш со секојдневните притисоци по различна основа. Кај психолог сеансата е класика, тераш сеанси и сеанси, може ќе дојдеш до некое решение на проблемот, може не. Јас сум пробала се и сешто, па пишав. Кај мотивационен тренер е различно, може за кратко време ќе дојдеш до резултат,односно ќе чуеш нешто што го знаеш, а не му даваш значење, а може баш тоа ти треба.
Не мора да значи дека ако идеш кај мотивациски говорник или тренер ќе го решиш проблемот побрзо, а кај психолог нема да успееш да го решиш. Еден психолог психотерапевт, пред се има соодветна едукација, односно факултет за психологија, па добивање лиценца, па едукација за психотерапија 4 или 5 години, па лиценца за тоа. Значи вклучува работа на себе и потоа работа со клиенти. И тоа и те како може да помогне на личностите кои имаат некој проблем. Не значи дека мотивациски говорник може повеќе да помогне од психолог. Со ова воопшто не се согласувам.
Не мора да значи. Јас сум пробала се психолог клинички, гешталд психо - терапевт, психијатар. Сум била кај извикани имиња со скапи сеанси, не би сакала да им правам реклама. Од еден "врвен" стручњак бев крајно разочарана, две сеанси по 1800 платив, а типот не ме ни следеше што зборувам, си гледаше на саатот да помине времето за сеанса. Но, има и професионалци рака на срце. Девојката што ми е психолог сега е навистина посветена. Така што, дипломи, курсеви, тренинзи, лиценци не се пресудни за добар психолог, туку посветеноста. Пробав и кај мотивациски советник и мене ми се допаѓа и кај мене да кажам делува. Не убедувам никој секој си има право на избор, каде би одел и што му одговара во зависност од проблемот.
Како во сите професии, па така и во психологијата има некои кои се стручни, професионални и си ја знаат работата и некои кои сакаат само да добијат пари. Но ова го има во сите професии. Лиценци и едукации не се гаранција за добар психотерапевт, но мора психотерапевтите да совладаат одредени вештини, техники и да стекнат сознанија, кои подоцна ќе ги имплементираат во работата. Затоа се потребни тие лиценци и едукации. Ти потенцира дека кај психолог може да се реши проблемот, може не, а кажа дека мотивациски тренер сигурно повеќе би помогнал од психологот. Со ова воопшто не се согласувам, причините за моето несогласување се наведени погоре во постот.
Секој дипломиран психолог не се бави со психотерапија. за тоа има уште многу доучување а има и други смерови во кои работат дипломираните психолози. Ама да споредуваш сеанса кај психотерапевт и сенса кај мотивациски говорник е неспоредливо зошто не им се истите цели и насоки на сеансиве. Психотерапевтот се насочува кон заедничко барање и решавање на блокадите од минатото кај корисникот на неговите терапевтски услуги а мотивацискиот говорник се насочува кон мотивирање и давање поддршка за справување со моментални пречки и проблеми во сегашноста. Fot the record нема споредба на ефект од психосеанса со ефект од мотивациски говор. И во зависност од ситуацијата не секој е за психосеанси или мотивациски говори. А на тема (не)стручност има во секоја професија.
Идењето на психолог е сериозно, не е играчка. Не е исто психолог и мотивациски говорник, не може мотивациски говорбик да дава сеанси исто како психолог. Психичкото (менталното) здравје е сериозна работа исто како и соматското здравје. Кога ве боли нешто или имате некакви соматски симптоми одите на лекар, исто е и со менталното здравје. Не е играчка и не секој може да држи сеанси!
Дечки здраво. Би сакала да ми препорачате добар психолог. Ги читав изминатите ваши предлози и изборот ми се сведе на: 1. Ивана Хаџиванова 2. Диана Белевска 3. Вера Јовановска Типко 4. Когниција Секако, да не бидат и многу скапи. фала ви многу
Дали еден човек е за на психолог доколку е агресивен секој ден, покажува незадоволство, плаче, нервозен е и крши предмети?
Мислам дека тоа е повеќе за психијатар, а не за на психолог и мислам дека многу од тука не ја сфаќаат разликата помеѓу психолог и психијатар
Јас имам посетувано психијатар и можам да кажам дека ми има мн помогнато, но за жал повеќе не работи во ординација работи во психијатриска болница
Џасмин како ти се допадна, дали си задоволна од советувањето? Дали има некој друг препорака за онлајн консултации со психолог? И дали психолог е правилниот човек за разглобување на проблеми на незадоволство од животот, трпение према другите, нервоза, прокрастинација? Дали тие одат длабоко назад до проблеми од детството, односите со родителите? Знаете ли можеби семејни психолози кои консултираат и онлајн? Кај кого би препорачале да оди млад семеен човек? Кај нас тоа може е сосема табу? Или?
Ивана Хаџиванова мене ми помогна, цената е 1200 мислам. Јас имав проблеми со Анксизоност и самодоверба.
Ќе започнам со одговори од последното па нагоре, многу прашања наеднаш имаш поставено 6. Воопшто не треба да те загрижува дали е табу или не. Треба да се обратиш на психолог за помош, а не да се мислиш што другите мислат за тоа. А ако ме прашуваш мене лично не сметам дека е табу. 3. Да. 2. Да. Конкретно кај кој психолог да се обратите не знам точно, мора секој сам да си одреди со кое стручно лице би имале најдобра соработка и разбирање и напредок од психосеансите се разбира.