Да не ве цитирам двете, фала за одговорите. Не знам дали сте во браншата или не, не е само кон вас упатено прашањето. Искуство/сознанија со работилници за личен развој кој би вклучувале и конкретни теми (анксиозност, справување со конфликти...). Обуки кои не се само за психолози ама се одржувани од психолози, а не разно-разни коучери или како и да ги нарекуваат (не Ана Бучевич стајл, ништо против немам). Обука/работилница која е групна и интерактивна. Знам дека се многу популарно и премногу ги има, сакам да чујам мислење од некој кој е во струката, кој може да посоветува.
Така се вика, запиши си Не да патам, туку при одредени звуци се трансформирам во сериски убица и многу тешко се контролирам. Катастрофа.
Чекај, ако студенти, односно оние кои немаат да речам пусул дека се психолози, можат да посетуваат вакви едукации, значи ли дека и луѓе од други, евентуално сродни струки можат да го направат истото? Кои се условите во таа смисла?
Значи тие 4 или 5 институти не се воопшто лајф коучери, тие се психолози кои завршиле факултет па потоа добиле обука од Европски институт за гешталт, тие сертификати што ги издаваат се сертификати кои се признати во европа, но не те разбирам, ти сакаш да станеш психотерапевт или да одиш како клиент? Овие обуки се за тие кои намераваат да станат терапевти, ако сакаш да одиш како клиент само се јавуваш и закажуваш сеанса, имаш и индивидуални и групни сеанси
Две засебни прашања имав, ама ти ги спои во едно. Специјализацијата на психолозите ја разбрав, тоа беше информација за да може да се одделат оние шарлатани од сериозните, бидејќи членките во претходните постови зборуваа дека има такви кои не работат со лиценца. Јас никако не сум заинтерсирана да станам ниту психолог ниту психотерапевт, прашувам за обуки за клиенти кои се групни, овозможуваат работа во група на теми поврзани со психологијата. Ги нарекувам обуки/работилници затоа што не мислам на терапија/третман/сеанса еден на еден кај психотерапевт. Нешто од типот на Нада Жанко која држеше ТА работилници, ама за лаици, не за оние кои сакаат самите да работат како психотерапевти.
Значи не те разбирам, ако не планираш да станеш терапевт зошто ги нарекуваш обуки, ако сакаш да одиш на психотерапија за лични проблеми, тоа не се нарекува обука.
Зависи колку е лошо. Ми помага кога џвакам мастика или евентуално rife frequencies/binaural beats побарај на Јутуб, медитативни музики што би се рекло.
Не ги нарекувам јас така, туку тие што ги организираат им даваат такво име, пократки работилници од неколку дена или неколку недели, дадов и пример, ТА на Нада Жанко, или http://simbiotika.mk/индивидуален-развој/ Но насочени кон конкретни теми од психологијата и водени од психолози.
Не би одела на вакво нешто. За да решиш некој проблем не се оди на некоја обука. Обуките се конкретни, пример обука за тоа и тоа. Ти ако имаш некој индивидуален проблем одиш кај терапевт и зборуваш за тој проблем.
Немам проблем, фала ти што се грижиш. Освен ако не решиш да седиш до мене у кино и да јадеш чипс/пуканки, тогаш би имала, повеќе проблеми. Замолив членовите да ми посочат психолог, кој работи евентуално ваков тип обуки. Особено оние од струката, верувам дека се запознаени.
Ама каква обука знам што мака е тоа, и јас го имам истото само не до степен да ме излудува. Значи нема посебни терапевти што работат едни со луѓе што имаат проблем со звуци од џвакање, други што работат со нешто само ептен конкретно. Терапевтите се обучени со многу широк спектар на проблеми да се занимаваат. Не мора некој да е на факултет за тоа да ти го каже, општо познато е тоа. Јас со години сум одела на психотерапија и терапевтот мој работел со се и свашта. За да ти помогне некој со тоа што се нервираш со звуци од џвакање не се оди на обука, тоа е конкретен проблем и терапевтот ќе ти помогне да дознаеш зошто се нервираш, од каде ти доаѓа, како да си помогнеш. Обуките се нешто наменето за поголем број на луѓе, универзално, а ваквите проблеми се решаваат со индивидуален пристап.
Сега веќе мислам дека ме зезаш За џвакањето работам техники со психолог, сѐ ми е јасно А за обуките, слични на оние кои веќе ги спомнав, неколку пати, ТА ама не за професионалци кои работат со клиенти, туку за лаици кои сакаат, од лично задоволство да имаат увид во таа конкретна техника, или слична на неа. Или пак обуки какви што одржува Симбиотика, но работени од психолог (евентуално ако има такви), бидејќи досега сретнувам насоки само од МАЧР ама врзани за овие модерниве коучинг обуки.
Ок, ај ти договори се со себе си прво што сакаш да не прашаш па врати се на темава и постави го прашањето појасно.