Ако прашуваш за работилници и обуки наменети за заинтересирсни за психологија, а да се организирани од психолог, Бојана (Мој психолог) организираше неколку пати и беа доста посетувани. Сум била на една работилница кај неа и не сум задоволна.
Ако ти падне нешто во око што би можело да биде потенцијално добро, секако не мора да биде бесплатно, можеш да ми пишеш. Фала ти
Здраво дечки, 25 години имам али се чувствувам буквално како 40 да имам. Во млади години од нула направив кула и рикверц пак. Мислам дека имам мозок да правам пак од почеток, али си викам себеси и шо ако правам пак. Едноставно мислам дека за 3-4 години живеев живот во вредност за 20 години и многу се изморив. Читав коментари дека најдобро е да си свој психолог. Верувајте дека после еден степен не е интересно ни тоа пошто почнуваш веќе се да знаеш Немам желба за ништо, немам цел. А сакам да имам стварно некој цел и да трчам по тоа пошто вака стварно не тече животов. И сеа кажете ми за психијатар, за психолог, или за што сум јас баш? Фала
Дечки, доколку има некој дипломиран на психологија би сакала да ми пише во л.п или да ми препорача институции/ компании кои што се заинтересирани за стажирање кај нив? Благодарам.
Јас лично ја препорачувам Когниција, Тина Васков. Моментално паузирам од терапија, меѓутоа Тина е прекрасна личност, со секој разговор нешто учев и навистина имав напредок. Работи когнитивно-бихевиорална терапија, лично јас тоа го барав зошто сметав дека најдобро ќе ми помогне. Јас имам отидено на една сеанса кај Бојана, цената беше 1200 денари. Постара колешка од факултет ми е, ми беше препорачана, решив да се обидам. Мене лично за мојот тогашен проблем ми направи океј муабет и ми даде убави совети, меѓутоа не сметав дека со повеќе средби со нејзе би можела да прогресирам. Едноставно не се погодивме, што е многу битно кога одиш кај психолог. Кај мене е тешко малку зошто основните работи и совети ги знам затоа што веќе истото го студирам и ми треба поинаков пристап. Меѓутоа мои другарки одат кај Бојана и се прилично задоволни. Млада е, разбира некои работи полесно, така да можеш да се обидеш.
Потребен ми е психолог. Многу и тоа. Долго време потиснувам чувства и размислувања ама мислам дека ако продолжам вака ќе настане хаос со мене. Каде би можела да се обратам? Не сакам да продожам вака. Ама во мојов град општ лекар не можам да најдам не па стабилен психолог. Сум одела порано не сум видела некое подобрување, сакам пак да се обидам да видам дали ќе ми биде од помош. Не се работи за депресија, ама ако не преземам нешто ќе западнам во депресија, а не го сакам тоа..
Најдобро матичниот лекар да ти закаже на психијатар. Тој најточно ќе процени што е проблемот, дали треба медикаментозна терапија или само психотерапија и најдобро би те насочил кај кој психолог да одиш ако само тоа ти е потребно.
Можеш и online да си закажеш кај психолог. Гледам дека многу психолози работат и така. Не мора да значи дека си за на психијатар. Психологот можи да процени дали си или не си.И ќе те упати доколку си. Ивана Хаџи Иванова гледам ја фалат многу, а можеш да и пишеш на фб. Јас сум немала искуство со неа на друг вид психотерапија сум.
Се жали на депресија, знаеш колку е опасна ако не се дијагностицира прецизно и лечи на време? Подобро психијатар да си консултира па нека е само за на психолог, без потреба од терапија со лекови, ќе ја насочи психијатарот за што е. И воздржете се од совети оди на психолог онлајн кога може да е поозбилна работава од потреба само за психосеанса.
Нигде не спомна девојчето дека е во депресија туку дека може да падни. Од тоа што го прочитав конкретно знае што и се проблемите. И затоа ја советував за психолог и за онлајн бидејќи кажа дека во нејзиниот град нема, а можи Скопје и е подалеку. А и повеќето добри психолози и психијатри се во Скопје. Добар психолог можи да процени дали е за на психијатар, а не секој психијатар ти препорачува и психолог. Конкретно и ја препорачав и Ивана бидејќи и сама има изјавено дека соработува и со психијатри кога знае дека само психотерапија не поможва. И за прашањето знам што е депресија и колку е опасна.
Од каде знаеш дека не секој психијатар ти препорачува психолог? Ги имаш сите посетено па си извлекла ваков заклучок? Дека ако не е од искуство совет, задржи си го за себе зошто е ширење дезинформации за работата на психијатрите.
Не ми е целта да се расправам по форуми. Имаш цела тема Анксиозност се вика, па ако имаш време прочитај. Од искуство на блиски луѓе знам дека што посетиле државен психијатар не им било препорачано психотерапија. Туку самите си барале. Секоја чест за исклучоците на државно што си ја сакаат работата и гледат да ти поможат. Ретки се таквите и дури да најди може да помине некое време. Јас лично искуство немам со државните психијатри, туку со приватен заради не можноста за одење кај истиот се закажав online Разговор со неа од час и половина, точно поставена дијагноза и лекарства. И психотерапија.
Ни мене не ми е целта да се расправам по форуми, ама пак кога читам дезинформации на вакви теми, тешко да поминам преку тоа. Не се ретки стручни психијатри туку ретко луѓето на кои им треба помош одат таму, прво се обраќаат по онлајн сесии, гатачи бајачи, ене и ти ако имаш време прочитај во тие теми.