Да ми објасни некој како иде ова преку фондот, и некој добар психолог што работи преку фонд? До сега приватно одев ама веќе не сум во можност да давам 100€ отприлика месечно плус за нешто што ми треба многу. Ве молам за побрз одговор и да си ги разгледам опциите, навистина ми е многу лошо, секој ден ужасна анскиознот, иритабилност, чувство на депресија (не велам дека имам депресија бидејќи не сум била дијагностицирана), неколку пати сум била на раб на самоубиство и секојдневно фантазирам за како би се убила и кога... не можам веќе, морам да побарам помош.
Ќе се обратиш кај матичен лекар кој ќе провери слободен термин кај државен психолог. Добри се од државна болница, постојат како Кабинет за психолошко советување и психотерапија. Од таму ќе проценат/дијагностицираат дали си за психотерапија или за психијатар и терапија со соодветни лекови. Ќе разговараш отворено и директно и обавезно да известиш за самоубиствените мисли кои ги имаш.
Многу битно е дали посетуваш психијатар и дали си со терапија? Психологот што го посетуваш конкретно ти е препорачан од психијатар за проблемот? Дали си само со психотерапија? Има многу прашања тука. Но најмногу зависи од дијагнозата и колку си искрена со нив. За некои е препорачана гешталт, а за некои когнитивно-бихевиорална терапија. На државно не знам дали ги работат овие терапии ако има некој конкретно да кажи од искуство.
Од терапија хелекс по потреба, б6 витамин, магнезиум... но сакам сама да можам да ги пребродам овие работи и мислите. Одев на Гешталт терапија но искрено не ми одговараше многу, би сакала само разговор да е и совети
Не постојано но да, многу често размислувам на тоа, на пример денес веднаш штом се разбудив. Има денови кога нема да помислам, ама има и денови кога сум била буквално на работ да го направам, веќе знам за сите методи на самоубиство, кои апчиња да ги испијам за да ми откажат органите и сл. Колку што знам, психијатарот само дијагностицира и препишува терапија или?
Повеќето се обучени и за некој облик на психотерапија, пример психодрама, или когнитивно бихејвиорална , трансакциона или друго зависно за што се дошколувале, значи можат да се преклопат со знаењата со психолог. Најважно е, ама стварно најважно , да одбереш добар терапевт кој тебе ти одговара, ако треба да пиеш лекови и да почекаш да делуваат и да не ги оставиш одма чим ти е подобро. Има и дежурни линии психолошка помош за кризни ситуации. Не штеди на ова, можам да замислам дека е скапо, но мора да си помогнеш. Жално е да посакаш да се уништиш себе, ако веќе постои помош. Сепак реков, бирај многу внимателно, не секој одговара секому. Ти посакувам среќа.
Зошто сакаш без терапија да бидеш? Психијатар може да ти одреди терапија, може и да те прати на психолог со упат. Гледај само да си подобра, немој да се оставаш така, посебно не со такви мисли.
Мислам дека се наметнува голем притисок со она МОРА “да бидеме силни”, “да се избориме сами”, “сам себе си најдобар пријател” и слични фрази. Не, во ред е да не си силен, во ред е да примаш терапија, во ред е да се чувствуваш тажно, несреќно или било како. Неминовни се некогаш медикаментите. Подобро ми е наутро да се напијам апче и остатокот од денот да се потрудам колку можам да променам мисли, да поткренам иницијатива, да бидам продуктивна, отколку да се вртам во зачаран круг на црни мисли, паника и себеобвинување дека сум слаба и не можам сама да се изборам. Јас со години бегав од психотерапија и препишани апчиња, но откако последниве 9 месеци работам со психијатар и пијам ПРЕПИШАНА И КОТРОЛИРАНА терапија ( а не на своја рака) се чувствувам препородено. Далеку од тоа дека сум супер, ама не ни очекувам она што се таложело речиси 30 години, да го залечам за миг.
Бидејќи се бензодиазепини, и ствараат зависност и се накачува толеранција... но морам понекогаш да ги земам на пример кога ништо друго не ми функционира, понекогаш имам толку силни нагони за self harm што не знам како да ги исконтролирам, и траат на пример цел ден освен ако на пример не се напијам апче за да престане, или понекогаш сум толку анксиозна и се чувствувам лошо што не можам да се мрднам од кревет и слично. Ми помагаат не велам не но проблем ми е што не сакам да си створам зависност и толеранција. Поради тоа ми е. А и лани ги користев но ги прекинав, но тогаш имав поддршка од една личност која многу ми значи, можев да зборувам, сега не можам никому да се отворам бидејќи истата таа личност одлучи да се дистанцира од мене. А и знам дека ако зборувам со него за ова нема да ме сфати сериозно бидејќи има поголеми проблеми да речам, и тоа што јас реално немам проблеми колку него и смета дека сум самата виновна и само сама можам да си помогнам за ова што ми се случува. Можеби е и во право, не знам. @Avery и јас исто понекогаш ми е многу подобро да се напијам апче само и потоа сѐ останато некако само по себе си доаѓа, на пример ќе ми се отвори апетит, ќе добијам желба за комуникација, мотивација да средам по дома нешто.
Хелексот да, ствара зависност, а ти баш него го пиеш. Антидепресивите се друга работа и со помош од лекар се утврдува доза. Потоа, ем имаш суицидални мисли, а се плашиш од зависност. Оди на психијатар, нека те упати на психолог, ако ти речат дека ти е потребна и терапија воопшто да не се плашиш и мислиш, ако одиш на лекар и ти рече тироидата не ти е во ред, мора апчиња, сигурно нема да речеш, ама не сакам јас. Ти треба и поддршка плус, обавезно имај си физичка активност, ќе се покренеш и ќе си живееш нормално. Без стеги, направи си се што ти треба за да си имаш квалитетен живот.
Како што ти кажаја во претходните одговори мислам дека ти треба разговор со психијатар и антидепресиви. Не е ни чудно ни срамота. Не ствараат зависност. Во некои моменти неопходни се, не секогаш човек можи сам да се бори. Па со стручна помош се е полесно. Се надевам дека за брзо ќе се одлучиш да закажиш преглед
Имаш ментален проблем ако немаш нема шо да пишуваш на вакви чуствителни теми, овде се пишува за препораки на психолози и цени не за кавги и противење..
Девојки дали нормално работат психолозите поради ситуацијава? И како да зборувам со матичниот, што да кажам за да ми даде упут? Се плашам дека ќе бидам осудувана или дека ќе ме прашува многу прашања. Што точно да направам?
Добар псхиологЈОВЕ ХАЏИЕВСКИ ,РАБОТИ и во СКОПЈЕ и во Битола.Може да се закажат и онлине сесии за тие што не можат да дојдат лично .Тел.во инбокс.
Денес бев кај матичен, но термини нема. Дали некој знае приватен психолог/психијатар во Охрид или Струга?