Препорака за добар психолог во Скопје Delfina и јас ќе ти посакам добре дојде во форумов воедно мило ми е што веќе го направи прбиот чекор и напиша за твојот страв и стрес,незнам колку ќе ти помогне ова што ќе ти го препорачам земи лист и хартија но тоа направиго кога ќе почуствуваш силна во себе запиши го она што го чуствуваш во вид на прашање потоа дади си искрен одговор неплаши се никој нема да го види напишаното само ти и со почни да гасиш по една светилка со тек на време би требало да ти биде подобро.Работи на себе најголем доктор за себе си ти.Секако посетувај и психолог меѓутоа верувај се е до тебе,а јас верувам дека ќе успееш.Поздрав
Препорака за добар психолог во Скопје Ме интересира колку плаќате? Ја би трчанката накај психолог,ма ни срам ни перде немам ама ете од финансиски причини тоа неможе да се оствари.
Хелло феминки,незнаев кај да се обратам па решив тука.Имам огромен проблем со мојата мајка,па сакав заедно двете да посетиме некој психолог и она се согласи.Е сега проблемот е што јас сакам кога ке зборувам со психологот мојата мајка да не е присутна во собата,а потоа и нејзе да ја ислуша,да види во што е проблемот помеѓу нашите односи.Дали знаете некој добар психолог за овој случајј ?
Мене ме интересираат искуствата на тие што биле на психијатар. Мене мајка ми ме тера да посетам психијатар, ама јас не знам како би се однесувала, дали ќе можам да се отворам. Во мојов случај, психијатарот ја знае причината зошто го посетувам, па дали прв ќе започне разговор? И како да понам, како да зборувам кога дури не знам ни да изразам што точно чувствувам, т.е. знам, ама многу работи се, измешани, што и кога се обидов да зборувам не знаев како да го искажам со зборови тоа што го чувствувам, некако и непријатно ми е помалку и се плашам и дека ќе заплачам кога ќе почнам да зборувам. Ќе ми поставува прашања или ќе ме остави мене да се измачувам сама? И како ќе ми помогне разговорот? Што би ми рекол тој што другите веќе не го кажале? А мајка ми запната е, вчера ме тераше да одиме но се извадив некако, ама ветив за наредната недела.
I jas se tokmam da otidam na psihijatar ama neznam kako da se resam istite prasanja kako tebe mi se vrtat vo glavata
Зошто предвреме ги барате прашањата/одговорите? Мој совет ви е обавезно да одите, ако осеќате потреба, и ич да не мислите како/што ќе биде. Тие луѓе се обучени за водење сеанси, не треба и вие да одите со предзнаење. Тоа е исто како да се туфкате зошто не знаете да шишате, за да и` кажувате на фризерката како да ве среди Опуштено, докторот ќе ве води низ разговорот....и не е срамота воопшто ако плачете, ќе ви олесни верувајте. Само напред и храбро, закажете одма!
Да да, и јас се согласувам со Моира. Јас лани летото имав малку, па ајде да речеме, бурен период и можда две-три недели ми беше многу тешко правењето на било што, дури и излегувањето од дома. Сва среќа што после матурата и роденденот ми настанаа сите гужви, иначе тешко мене. Како и да е, јас бев многу свесна дека имам проблем, и дома ги седнав и им кажав дека ако сакаат ќерка им да остане разумна, ако ова не ми помине со тек на време, дека сакам да одам на психолог/психотерапевт за да ми помогне во решавањето на проблемот. Но, по некое време, изгледа сфатив дека сепак, некаде дип даун, премногу сум позитивна , па се вратив во нормала. Нема ни причина за срам, ни ништо. Кога си болен, одиш на лекар и си го бараш чарето, и овој е исто лекар и може само да ти помогне.
Дузи јас во овие 3 месеци имам се на се 5 пати излезено од дома... Но кај мене не е класична депресија, кај мене е од стрес, длабока траума и јас сум свесна за проблемот, ама полесно е да бидеш свесен а многу е потешко да преземиш нешто во врска со тоа. Јас знам дека е депресија, уште кога ќе го земам фактот дека сум спиела севкупно 8 часа во 5 дена, но кај мене е предизвикана од настан, не е сама по себе, ме сфаќаш нели... Мајка ми веќе го посетува тој психијатар, па затоа сака и мене да ме носи. Јас секако ќе одам, зашто ветив, само сакам малку да се подготвам психички за средбата, иако, искрено, не верувам дека разговор со психијатар ќе смени нешто. Мислам дека јас самата ќе се натерам да почнам да живеам, нели нормално, но кога ќе бидам подготвена за тоа. Но сепак, ќе отидам, којзнае, можеби пријатно ќе се изненадам.
http://moduscentar.com/about_us.aspx зборам конкретно за Станислав Петковски-Сашо . човекот е легенда, не само што ке ви помогне многу туку и ке се чувствувате многу пријатно и полни со спокој.воопшто не е замерлив,за секоја тема може да се разговара и цело време се шали,не е некој преозбилен ама стварно многу добро си ја врши работата. Нема да згрешите ако го посетите,верувајте : :up: :up:
пред некое време гледав на 24 вести имаше жена психолог, жената беше многу смирена и пријатна, се гледаше дека е професионалец. Еве ви линк дел од муабетот се надевам дека ке ви помогнам http://24vesti.com.mk/za-zhivotot-1-del-11-09-2012
Дијана е многу добра. Така смирено зборува. Сум била професионално кај неа, не како пациент. Мене ми е пријатна. Веднаш над бутикот Прага во лепоткарија е на прв кат.
Јас се јавив и ми рекоа дека доктор Биљана веќе не работи таму и таа малку како да имаше албански акцент,со таа што зборував некој друг доктор работи,за Биљана незнаела каде работи сега мислела дека е надвор од Македонија но не била сигурна..За тие што биле кај неа,веројатно знаат и сега каде работи ќе може ли некој да не информира?