Јас одев кај Тина Васков во Когниција...она според мене е супер ама мн ме одбегнува у последно време(демек имала мн зафатени термини)..според мене мене ми треба мн психотерапија двапати неделно а она ми вика уште (ако се ослободи кје те викнам но ако ме се ослободи не те викам)...да не знаете зш ме одбегнува???
Чим те одбегнува, зошто одиш кај неа? Најди психолог што ќе ти се посвети целосно и што секогаш ќе најде време за тебе. На неа сигурно не и е грижа за нејзините пациенти. Сега ќе чекаш додека госпоѓицата најде слободен термин? Крајно непрофесионално од нејзина страна.
Во право си..ама мн ќе ми биде криво ако ја напуштам оти премногу е добра и донро опушта...можда е поубаво да ја чекам коа ќе ми даде термин...или незз што да правам...ти имаш добар психолок што можеш да ми го предложиш?
Дали е можно ако најдам др психолог да одам кај него 2 пати у 1 нед?Или и тој ќе ми закажува вајда еднаш после 4 месеца..пошто и Тина ми закажуваше 1 после 4 месеца...Јас сакам да најдам психолог што кје ме вика 2 пати неделно а у Скопјево нема такви психолози пошто сите психолози се мн зафатени и не верувам дека некој би ме викнал 2 пати неделно...
Јас сум од Охрид и едвај се договорив со докторката (психијатар) некако со приоритетен. Во државна не примале ради коронава и сите оделе кај неа (приватно ама преку фондот) и се' беше full. Барав некоја алтернатива приватно во Битола, но среќа ете испадна добра и ме прими. На контрола сум за 2 недели и ми рече дека така ќе се контролите (на 2 недели). Не знам колку психолози има во Скопје и колку работат, но сигурно не сите и има налив бидејќи ситуацијава ствара многу анксиозност кај сите (мојата состојба е 1 год. веќе). Моја препорака кај матичен да побараш каде има термини и да смениш кај друг доктор. Разговарај дека ти е многу потребен. Ако имаш услови прашај за на приватно како е. Ако знаеш англиски и ти е за разговор побарај нешто online, сигурно има (макар и робот апликација). Ти посакувам среќа и смиреност, ќе помиме се'.
Има у Скопје психолози и се надевам дека кје најдам психолог...Мн ме нервираат приватниве психолози оти све се зафатени а јас сакам на приватен да одам и сакам да одам секој ден на психотерапија.И фала ти за утешувањето...
А зш желудникот реагира на стресови?што го тера желудникот да реагира бурно на стресови?зш мозокот (нерационално преку психата)го тера нашиот желудник да реагира мн лошо на стресови?зш желидникот се мачи у стресовите?
Не ми се верува дека е возможно секој ден сега, па дури и на приватен. Размисли за луѓето што закажале и исто што мора да одат еднаш на две недели... И тие се осеќаат како нас и ним им е потребна истата помош. Секој ден единствено некој познат ако имаш а телефонски или евентуално ако знаеш англиски барај на интернет.
Ја знаев биолошки причината, но не ми текнува. Ми имаат кажано дека при најмал стрес боли желудник и најчесто кога ме боли ме прашуваат дали имам стрес. Мислам дека има нешто врска со лачењето на хормоните и дигестивниот тракт. Мислам дека желудникот беше најмногу поврзан со мозокот, нешто така. Може да побарам на интернет за точно и да ти кажам ако сакаш.
Јас па мислев дека приватните се само наши психолози без др пациенти.Уфффф мн ми треба психотерапија...ако одам 1 у месецов на психотерапија нема никад да се опраам или мн поспоро ќе се опраам...
А што имаа врска со лачењето на хормоните?вајда дур си под стрес хормоноте не убаво лачат и затоа му е мака на желудникот...а зш стресот у мозокот ги тера хормоноте мн лошо да лачат и да му праваат лошо на желудникот?
Мене животот мие мн лоша механика зш има мн стресни нерационални лоши банални работи.Незнам како би се справила си моите сугестивни гадни работи што ми се појавуваат во стресните мисли и што ме тераат на психосоматско повраќање...од 1 страна сваќам дека тоа се само мисли али автоматски неконтролирано ми се случива да повраќам од стресовите(според моето искуство)...незз дали психологов ќе ми го смали (психосоматското повраќање што ми се појави првпат у 2017год заради починувањето на мојот баги стар братучет)...Уффф мн е тежок негативниот живот...
Даа, сфаќам... Ама бидејќи државно е полно ммогу одат и на приватно. Ако сакаш може да ми пишеш во порака за поддршка. Само мисли позитивно, најди си мотивација. Нешто добро што ми го кажа мојата докторка е: "Некои проблеми се решаваат со разговор, а другите, нерешливите, се игнорираат". Тешко е да се примени, но сфатив што сака да каже. Колку време ти е состојбата вака? Дали си се консултирала некако со психолог до сега? Мислам дека ќе успееш да се смириш и со поретка посета, само ако веруваш дека можеш. Дали имаш поддршка од некој близок (роднина/пријател)?
Имам од сите подршка...3 год мие овака.А како нерешливите птоблеми се игнорираат?(мојот нерешлив проблем е дека неконтролирано повраќам од стресови)а како тоа да го игнорирам?тоа според мене е мн тепко да се исконтролира па не да се игнотира..Се мотивирам кога не ме боли желуднимот со слушање на песни и тоа мн ми пожага но сега ме боли желудникот и неможам заради тоа да слушаж песни...иначе фала ти за твоката подршка.
Верувам дека можам да одам на психолог но ме верувам дека можам сама да се смирам без психолог...Мене ми требааат и апчиња против психосоматското повраќање..дали има такви апчиња против повраќањето што мие од стресовите?
Нерешливи проблеми во однос на животот, пример мојата причина за депресија е семејна и на некој начин е нерешлива. Дали си пиела апчиња за желудник? Не се разбирам многу околу овие работи, но знам дека другарка за желудник пие ранитал и и' помага. Би ти препорачала да пробаш со сода бикарбона. Земи чаша вода и раствори едно лајче сода бикарбона. Гадно е, пиј го на екс за да не го осетиш вкусот. Мене инстантно неколку пати ми помогнало за болка во желудник, но ме змам дали имала врска психички. Пробај вака, но бидејќи рече и дека повраќаш најдобро да се консултираш со лекар. Почни од матичниот, јави се утре на телефон (за да не одиш во коронава) и прашај за совет. Замоли ја сестрата да провери во компјутерот каде има слободни термини за психолог, а може и психијатар.