Мислам дека откако ќе те ислуша психолог он треба да ти каже колку често треба да доаѓаш можеби ти мислиш дека ти треба секој ден, два пати неделно ама може не е тоа потребно. Најдобро тој ќе ти објасни колку треба и ккао.
Во стресни ситуации во организмот доаѓа до бројни промени, како прераспределба на крвта во виталните органи како што се срце, мозок и мускули, како и до намалување на дотокот на крвта во желудникот, што е клучен момент на кој начин стресот влијае на појава на гастритис. Ова го најдов на интернет. Искуцај "желудникот и стресот". Инаку сега ми текна дека лани имав ужасни болки во желудникот додека бев нашкола и училишната докторка ми даде чај од камилица. Помага и од нане за стомачни болки.
У право си... А зш има физичко намален доток на крвта во желудникот кога е само психички стресот? Иначе кје пробам со чеави..фала уште еднаш.. Бев кај психологов Тина у Когниција и она уште првиот пат пат ме прати на психијатар(за да не се замара со мене оти ме одбегнуваше зш несакаше да ми ги реши моите психички проблеми)и сега чекам психикатаров да ме тестира али неработат психијатриве заради коронава..а пред тоа бев на психијатар и ми дадоа заласта а заласта не ми помагаше оти заластата е за шизофренија како што прочитав а ја неам шизофренија и мајка ми ми ги прекина залатата зш 6 месеци ги пиев и мислам дека немаше подобрубање..а сега без заластата ич неам апетит заради стресовиве а кога ја пиев заластава ми доаѓаше апетит после стресовите(таа добра промена ја видов кај мене од Заластава)......
Не сум сигурна... Од првиве пораки се гледа дека таа докторка Тина работи само за пари в џеб... Мој совет барајте друга. А за псијихатрите јас бев четвртокот во Охрид.
Ќе барам обавезно др психолог....но ништо од апчињава што би ми ги дала психијатаров нема даме среди психички мислам..и да верувам дека апчињава ќе ме средат мислам дека би ме средиле апчињава али допрва ќе треба да видам кој ми одговараат...
Боже, боже, заласта била за шизофренија. Не читај многу од интернет. Не правете се доктори кога не сте.. Психолог да те пушти на психијатар е одговорно пошо психологот и психијатарот треба да соработуваат. Можеби Тина увидела дека имаш потреба од психијатар. А за мајка ти немам коментар како така ти прекинува апчиња кои не смеат да се прекинат на своја рака, без консултација со доктор, без ништо. Не ве разбирам, сакам да ми помине, ама сама ќе се лекувам ко што ќе ми текне, ќе прекинувам апчиња на своја рака, и докторите ништо не знаат. Е кој ви е крив после. Една докторка ако не ти се погоди, оди кај друга. Не може сите да не знаат, а ти да знаеш пошо си прочитала од интернет. Мој совет ти е да одиш на психијатар, има и приватни психијатри што сега работат и да слушаш доктор. И на психотерапија да одиш.
Значи тоа со шизофренија што си го читала не е така ко што си го читала. Многу луѓе пијат Заласта а немаат шизофренија, а зошто ги даваат докторите тие најдобро знаат, учеле психијатрија, учеле фармакологија, ти на интернет ќе прочиташ две реченици и ќе се исплашиш, а се си има објаснување. Ако си од Скопје Ивана Хаџиванова ја фалат, не сум била ама сум слушнала дека ја фалат.
Мајка ми ми ги прекина пошто јас дур ги пиев заластава пак чуствував стресови али помали...според моето искуство од заластава се покачува килажата а јас дур ги пиев се здебелив и сеа пошто мајка ми не сака да ме гледа дебела заради демек мое добро ми ги прекина туку така..а сеа сум слаба... Да сум од Скопје и фала ти што мо ја препорача Ивана..ќе пробам и кај неа...
Мајка ти тотално неодговорно постапила. Не е докторка и не треба да се меша кај што не и е местото. Ако сакаш да ги прекинеш треба да одиш на доктор, или ќе ти ги прекине, или ќе ти ги смени. Има причини зошто не смеат да се прекинуваат наеднаш. Те молам друг пат не ја слушај мајка ти туку доктор. Има добри психијатри во Скопје.
Секој антидепресив здебелува и секој АД има side effects на почетокот. Истрпи некое време. Килажата ќе ја намалиш после, објасни и на мајка ти дека психички и е неопходна помош и дека не битен изгледот.
Да и објаснувам али она ми вика мн несакани дејства ќе ми се случеле од заластава...а сум читала по странски форуми дека и со несаканите дејства мн години ги пијат и се оправаат...пишува на ливчето дека има несакани дејства од заластава и така пишува и за секој лек како што знам...може пак ќе продолжам со заластава али треба да се контролирам да не јадам толку мн...
Психијатаров ми кажа дека треба да се покачат заластава од (10мл како што пиев)до 15мл али мајка ми се спротистави на тоа...неам коментар...али да дае Господ да би издржала без заластава...
А зошто дозволуваш мајка ти, да ти кажува за апчињата? Доктор ти ги препишал, секако дека треба да ги пиеш. И никако не смееш сама да ги прекинеш. Како очекувате ефект? Денес ќе пијам, утре не?
Е да...и јас се прашувам зш и дозволив на мајка ми да ми ги прекине... А како да не ме боли желудникот кога сум под стрес? Јас имам хроничен стрес со хронични болки во желудникот...
А дали може да ми го прегледаат мозокот на магнетна резонанца заради што мојот нервен систем што е оболен од моите психосоматски болести?Јас заради моите психички проблеми сакам да си го прегледам нервниот систем на магнетна резонанца,зш видобдека и преку магнетната резонанца ќе ти ги најдат психичките проблеми што се во мозокот и во нервниот систем... Не се откажав оти се борам борам борам борам борам борам борам борам борам борам борам борам борам борам али не се доборува ова...моиве се караат за банални работи намерно за да ме стресуваат...они не се нормални...
Темата за "Анκсиозност" мислам ќе биде соодветна за да си ги исκажеш мислите и да си пρодисκутиρаш оκолу твојот пρолем. https://forum.femina.mk/threads/Анксиозност.580/