Jas piev isto antidepresiv kaciv na kilaza iskreno piev godina i nesto gi prekinav eve sega pak ista pesna, loso mi e
Знам како тие и мене сега мие така...Незнам зш кога ќе ги прекинеме апчињава пак ни станува физички лошо(на пр немаме апетит,ни се лоши од што не јадеме и тоа во исто време ги чуствуваме овие двe симптоми)....и мене више една недела ме боли желудникот од што неам апетит од стресовиве али и ми се гади од све и без срес кога сум...Имам 1 најасно прашање:Зш ми се гади од све кога сум без стрес?
Препорака за психолог Марија Стојкоска Василевска. Психолог е во Ремедика и работи приватно Гешталд. Јас сум многу задоволна од неа. Пиши ми ЛП ако сакаш повеќе инфо/бројче.
Мене личнo ми помага Фросина од Филип 2.. Но сепак, има многу различни пристапи на работа(КБТ, Гешталт и.т.н). Секоја индивидуа реагира различно на различен пристап.. Може истите ефекти ќе ги постигне и кај тебе, но доколку увиди дека тој пристап не ти помага тебе, самата ќе ти препорача друг психолог кој работи со различен пристап.
Дали некој ја користел апликацијата Разговор.мк? Ако да, може да сподели искуство и како истата функционира? Фала девојки!
Јас пред некој ден искористив бесплатна сесија со еден од психолозите кои беа понудени. Си бираш сама психолог, секој од нив има пишано мало био и според тоа одбираш. Друго - анонимна си на апликацијата, при пријавување си пишуваш име (може било кое ако не сакаш сопственото) и години. Разговорот се води по принцип на пораки - четување. Јас искрено не видов полза од тоа, сепак во живо си е во живо
Јас се мислам дали да пробам преку апликацијата да разговарам со психолог. Секако во живо би било поефикасно но можеби и ова ќе помогни на некој начин..
Jas sakam da ja preporacam Anrldromahi kaj klinikata Idadija vo centarot za psihicko zdravje raboti, so plavi kartoni, sesija i e 450 den, prviot pat mi pomogna, sega pak kaj nea idam, pozdrav devojki
Ни во живо не е нешто поразлично. Ќе ти рече живеј го животот, мисли позитивно и слични клишеа. Ако направиш некоја промена, ќе ти рече супер си, немаш гајле. Не се нешто достапни и флексибилни со термин. Се мислев ептен дали менува нешто цената за психотерапија (во смисла поскапо=подобро), ама по неколку негативни споделени искуства не се нафатив да испробам.
Јас искрено бев само еднаш и тоа сега, во скоро време, и можам да кажам дека вредеа парите што ги дадов Една сесија ама како сто и една. Бев во Систина, кај доктор Ортаков и ич не ми е криво за парите. Знаев дека имам проблем ама не можев сама да го воочам и да ги спојам работите, а и кога веќе гледаш дека другарка не може да ти помогне бараш стручно лице. Човекот е начитан и е супер во својата област, топло го препорачувам
Не е до цената, до пристапот е. Во психологијата имаме различни пристапи, т.е различни видови на психотерапија. Не секој е соодветен за сите. Најчесто гледам дека луѓето одат на гешталт, кој мене лично не ми ги решаваше проблемите. Од друга страна КБТ, кој е исклучително добар за анксиозност, многу ми помогна. Сепак, одгворноста за време на психотерапија паѓа на двете страни подеднакво, како на психологот кој треба да биде емпатичен, отворен, со кој би требало дa изградиш однос на доверба, така и на клиентот кој апсолутно треба да биде отворен, искрен, да зборува без да филтрира, воедно и да го применува искуството што го има стекнато за време на терапијата. Не сите се исти и не можеме се да ставиме во еден калап. Начинот на кој го опиша воопшто не е реалноста. Од друга страна, доколку си одел/а на државно, каде што терминот им е строго фиксиран, големи се шансите да гледаат што побрзо да завршат и да не ти обрнат доволно внимание.
Здраво. Знае ли некој на кој принцип работи Тина Васков за време на пандeмијата? Дали online или има директна средба со клиентите? Слушам кај неа и тешко се закажувало..
Дали има кај нас психолог што применува когнитивно – бихејвиорална терапија? Некаде прочитав дека во Когниција тоа го применувале, ама слободен термин имаат дури за по 1 месец. Има ли воопшто друг што работи со тоа во нашава држава?
Еквилибриум и Когниција според она што најдов ја применуваат таа терапија. И јас барам кбт психолог, па ако некој има да препорача уште такви психолози или да сподели искуство со Тина и Вера ќе му бидам благодарна.
Која ти е проблематиката? Кај мене е Опсесивно-компулсивно нарушување, пијам лекови ама не е доволно само тоа. Секаде на интернет пишува дека покрај лекови само КБТ помага за ова растројство, муабет со обичен психолог е буквално џабе.
Не знам дали смеам име на психолог да пишам овде. Баш поради тоа што ќе искажам незадоволство, а од искуство знам дека може да ме прочита и препознае, сите веќе дремат на форуми и си пребаруваат кој ги споменува. Само ќе кажам дека тројца од оние кај кои сум била воопшто не ми биле од помош. Прво одев кај една жена но типката плачеше кога и раскажував што ме мачи. Солзи повеќе од мене исплака и ми повторуваше : “Леле жално, леле многу тешко.. Не знам што да ти кажам мила”. Другиот беше маж и не ми беше јасен воопшто. Платив многу пари, а многу малку помош добив. Заборавив што метод користеше, ама ме тераше да се оценувам од 1 до 10. Пример ме праша за дишење да се оценам, за карактерни особини, ме праша да кажам од 1 до 10 колку се чувствувам задоволна од својот карактер. Ме тераше да размислувам за моите особини и инстинктивни реакции. Постојано се вртеше муабетот околу тоа оценување. На крај он заклучи дека кај мене не постоел баланс. Ми напомена дека кога едно нешто не ми е задоволено, тоа влече и други работи и се така. А мене многу работи ми беа оценети со ниска оценка. Последните неколку пати постојано го вртеше муабетот и го поврзуваше со секс. Признав тогаш дека сексуалниот живот би со го оценила под 0, и ми велеше дека најголем процент од моите проблеми потекнуваат токму од таму. Сум требала да работам на сексуалниот живот па да видам дали ќе се постигне баланс. Мене малку бесмислено ми звучеше сето тоа бидејќи мојот проблем не беше поврзан со партнер или врска со некоја личност. Прекинав да одам кај тој психолог и потоа заглавив со катастрофален психолог кој не го интересираше што имам да кажувам. Секогаш ме сослушуваше до крај и не зборуваше ништо. Немаше индивидуален пристап, по шема некоја си работи типот и врз основа на тоа што му го кажав ми направи проценка и ми препиша лекарства за да сум се смирела. Јас сакав од корен да ги решам работите, а не привремено да се смирувам со таблети.
Многу ми е жал што си се сопчила со такви искуства. Никој не заслужува така да биде третиран од страна на психотерапевт.. Прво, океј е психологот да чувствува емпатија и да се соживее со тебе, но во граница каде што ќе постави одредена дистанца, т.е во твојот случај океј е што сочувствувала со тебе, но не и плачењето, ја преминува границата, ја губи својата улога. Второ психологот не е тој што треба да ти одредува лекарства. Ние не учиме за никакви апчиња, ниту пак за такви решенија на проблеми. Решението е единствено темелно работење на проблемот. Многу ми е криво што се имаш соочено со тоа, но знај дека сегде не е така. Немој да ја губиш надежта и да подлегнеш на фармакотерапија, зашто има луѓе што стварно ќе ти помогнат. Искрено се надевам ќе успееш да пронајдеш психолог со кој ќе воспоставиш однос на доверба, топлина, разбирање, почитување, поддршка и каде што ќе работите заедно на својот проблем
Здраво Ми треба препорака за добар психолог во Скопје, итно ми е ама проблемот е воа тоа што не можам да си дозволам многу скап психолог, некаде до кај 500 денари.
Ја не сум од Скопје, но на државно знам дека би требало да ти земат до 500 денари. Нека пише некој доколку има одено на државно и е задоволен од некој психолог.