Според кои принципи работи, јас сакам да одам кај некој од Систина или кај Ивана Хадџиванова се мислам и тоа уште денес сакам да закажам, еднаш со Ивана се слушнав ама не сум од Ск малце патот ми е.. Ама секако ќе одам, за Ортаков прв пат слушам, може ли во порака да ми пишеш што и како работи
И наредната И наредната недела ќе биде, точно до кој ден не кажа, најдобро од понеделник и се јави, ке ти закаже, инаку ако ти е итно препрака кај некоја нејзина колешка ама не прашав која, дека не сакав кај друга.
Каролина Костадиноска – клинички психолог, Гешталт терапевт и тренер тел. 070 39 39 02 Гешталт Институт „Синергија“
Здраво луѓенца. Како сте? Дали сте слушнале за платформата разговор.мк, или можеби некој од вас ја користел? Апликацијата се презема од play store и закажуваш разговор со некој од понудените психолози (10 - тина беа таму) во различни области. Разговорот е анонимен, чинам нешто како чат советување, и кошта поевтино, од 300 до 600 денари 45 минути, во зависност од тоа кој психотерапевт ќе го избереш. Јас ја симнав апликацијата и размислувам да закажам термин кај Розалија која е кбт психотрапевт, бидејќи таа област ја барам.