Јас бев кај Емилија Спасиќ, ама не бев многу задоволна од неа. Ако ти ја препорачаат, не оди кај неа. За друг психолог не знам во Штип.
Здраво девојки ќе ве замолам за совет, за насока кај да се обратам. Накратко да објаснам, се борам со стерилитет 5 години, многу тешки и стресни моменти доживеани, потиснати чуства и мисли. Осуда од најблиските како не сум била способна за едно дете да родам. Се чуствувам исцрпено во секоја смисла, потребна ми е помош личност што ќе ме ислуша и ќе ми помогне мисловно да се опуштам во моментов се спремам за почеток за ин витро процес. Ми треба совет од вас дали да посетам психијатар или психолог, и дали имате некој да препорчате ама да можам преку матичен да закажам. Ви благодарам
Тешκо е κога најблисκите те осудуваат за проблеми од лична природа. Ти првин појди си на психијатар за да ти препише неκаκов леκ затоа што, децата не се мала обврсκа. Потоа појди κај психолог за психотерапија или може истата да ја спроведеш со психијатарот доκолκу, работи со психотерапија.
Здраво. Сакав да прашам во врска со државните психолози. Дали се наплаќаат и колку и на кој начин можам да се запишам на така наречена сеанса ?
Во твојот случај дефинитивно прво пробај со психолог, бидејќи се работи за проблем од чиста психолошка природа. Лекови во овој момент ти се најмалку потребни од причина што истите може да се доведат во контраиндикација со хормоните кои ги примаш и евентуално понатаму други медикаменти кои ќе ти се препишат заради бременоста. Тебе ти треба кураж, поддршка, а знам дека е тешко, но најблиските откачи ги по кратка постапка. Уште ако знаат за твојата борба, навистина се пресурови или без осет. Со психолог или психотерапевт ќе работите на надминување на оваа состојба. Да се надополнам, јас не сум имала лично искуство со психолог но имав сеанса за детево и топло ги препорачувам Институт Алтернатива во Аеродром, кои меѓудругото имаат работилници посветени за бракот и семејството. Работат психолози, гешталт психолози, а институтот е основан од психијатар. http://institutalternativa.mk/?page_id=24
Добро, сите психолози се вакви? Ми требаше доста време да се одлучам да побарам стручна помош, на крај не добив ни п од помош. Ме праша кој ми е проблемот, што го предизвикал и цело време повторуваше само леле те разбирам како ти е, знам тоа чувство не можеш да го опишеш, пробај да не мислиш на тоа. Ве молам препорачајте ми го најдобриот психолог кај кој сте биле или за кого сте слушнале, не е воопшто битно во кој град, и на крај на свет би пошла ако треба, само да знам дека би можел да ми пружи помош.
Заникаде се. Психологот ме упати на апликацијата и сега приватно имам уплатено за 45 мин. разговор, а небитно тоа што цел месец на уплатено (државно) немаше термин за мене со глупо оправдување. Не ми се почнува одново се', се фрустрирам. Не сум психолог, ама гледам дека немаат никакви познавања од психологијата, па јас сама си се објаснувам со постапките и си ги толкувам и само добивам "браво/ами јас не знам или ќе си видиш сама, доволно си свесна"? Цените не им ги коментирам, оти очигледно не ни знаат да си проценат дали вредат за тие пари.
А тоа што се уплаќа преку апликацијата само за една сесија е или секој ден? Не знам како оди само кликаш за еден разговор или?
@Bebce1 за една сесија. Имаш опција да избереш дали сакаш да пишуваш (за ова имаш обично пониска цена) или зборуваш (повисока цена) преку апликацијата.
Искуство со Александра Стојановска? Се јавив кај Ивана Хаџивасилева, но ми рече дека нема термин кај неа се до 15 октомври и дека е на одмор. Ми ја препорача оваа нејзина колешка.
И мене ми ја предложи колешката нејзина ама одбив дека немам слушнато ништо за неа. Додека ја почекаме за термин ќе ми се одмили одење, и така не сум муабетчика со непознати, ќе си се тапшам сама по рамо изгледа како и до сега . Јас уште во август ја барав, до кога всушност е на одмор?
Искрено мене ич не ме бендиса ко и се јавив, некако беше како ладна особа, типична скопски занес. Можи и се лажам. Некако и јас си велам ќе си се тешам сама......
И јас кога и се јавив делуваше ладно, но воопшто не е таква. Треба да поработи на пристапот изгледа. Кога отидов таму друга Ивана, љубезна, голем професионалец. Мислам дека ова е трет пат да оди на одмор, јас поради таа причина не и фатив ритам и откажав. Од друга страна јас барав и когнитивно бихејвиорална терапија за мојата проблематика.Но, вака е изгледа само додека трае летната сезона, мој совет не се откажувајте.