Здраво на сите! Дали има некој искуство со центар за психотерапија НЕОКОРТЕКС во Скопје? И дали знаете како се цените? Или можеби имате да препорачате некој психотерапевт кој што работи со тинејџери со депресија, анксиозност иткн?
Препорака за детски психолог ,за психотерапија, Ве молам Контакт ако може да ми пратите во ЛП,Ве молам.
Секој индивидуално е, пробај види како тебе ќе ти делува вака ако прашуваш до бескрај ќе оди, знам по мене кога се мислам дали е добар вака, така, појди ништо нњ губиш
Здраво, јас сум психолог и моментално работам со тие онлајн советувања на Разговор.мк. Секако има поголем број на психолози на именуваната страна и може да си изберете кого сакате. Доколку сте заинтересирани, ќе ви кажам повеќе информации. Секое добро. Здраво, јас сум психолог и моментално работамонлајн советувања на Разговор.мк. Секако има поголем број на психолози на именуваната страна и може да си изберете кого сакате. Доколку сте заинтересирани, ќе ви кажам повеќе информации. Секое добро.
Јас сум имала само едно советување, ама многу убав впечаток ми остави Ивана Хаџиванова. Еден час е разговорот, 1500 денари. Се договоривме ако има потреба да се слушнеме, ама немав потреба. Во мојот случај се работеше за една ситуација во која не знаев како да постапам, па ми помогна да ги разрешам дилемите.
Здраво Ме интересира дали советувањето мора да е со видео повик или може и писмено. Немам доволно време за повик затоа сум заинтересирана дали може да се закаже онлајн чат сесија.
Здраво, секако дека може со допишување. Потребно е од play store market да ја спуштите апликацијата разговор.мк. https://play.google.com/store/apps/details?id=com.culturetech.razgovormk.consumers повели линк Следен чекор е да закажете сеанса. Моето име е Ивона Пауновски, секако можете и кај некој од другите психолози. Изборот е ваш, секое добро За повеќе инфо може да ме најдете на ФБ страна ,,Низ призма на психологијата" и да ми пишете.
Здраво, можете да ги разгледате razgovor.mk. Имаат мобилна апликација преку која можете да си закажате и остварете разговор преку допишување или аудио. Доколку сакате не морате да си го внесете вистинското име и ќе останете анонимни. Цените им се доста ефтини во споредба со се друго, имаа недела на ментално здравје и ги намалија на 350 денари за 45 минутна сесија. Голем дел од психолозите останаа со таа цена. Здраво, можете да ги разгледате razgovor.mk. Имаат мобилна апликација преку која можете да си закажате и остварете разговор преку допишување или аудио. Доколку сакате не морате да си го внесете вистинското име и ќе останете анонимни. Цените им се доста ефтини во споредба со се друго, имаа недела на ментално здравје и ги намалија на 350 денари за 45 минутна сесија. Голем дел од психолозите останаа со таа це
Здраво на сите! Бидејќи гледам дека доста од вас се интересираат за добар психолог, јас би ви препорачала да се обратите кај психолог Наташа Митровска, која од срце ви ја препорачувам. Јас одев кај неа пред короната, имавме неколку сеанси и многу ми помогна. Сега повремено имам онлајн сеанси кај неа, по потреба. Можеби јас сум имала среќа, не знам, но моето прво искуство со психолог е стварно одлично. И цените и се многу пристапни. Советувалиштето се вика Концепција, еве ви линк http://koncepcija.mk/