@Ивона.92 ја инсталирав апликацијата и те молам за препорака на психолог кој може да ми помогне со депресија во бременост,ти благодарам
Дали има некој искуство со Gestalt training institute-N. Macedonia? blagicarizoskavanikj https://psychotherapyforeveryone.wo...92POOStRXJLtm6LG9AHKXZhY25ZktdJvW49s9DZvPmLw4 Советувалиште за хумана соработка (СХС) е основано 1989 г. со основна дејност – едукација и тренинг од областа на Гешталт терапијата, како и организациона психологија, психолошко советување во организации, разрешување на конфликти, стрес менаџмент, групна психотерапија и тренинг на терапевти преку различни терапевтски методи. Основач на СХС е Биљана Копрова, специјалист по Медицинска психологија, Гешталт терапевт, Тренер и Супервизор. Во тренингот се вклучени Гешталт тренери и надворешни соработници кои со својата професионалност и искуство придонесуваат на квалитетот на едукатибниот процес кој континуирано се одвива во СХС. Како сте задоволни и цена?
Добра вечер. Дали може да ми дадете добра препорака за психолог во Источна Македонија? Може и Скопје, а проблемот е од ваков тип: Машко сум и имам проблем. Кога зборувам со луѓе, поготово со девојчиња често ми се дешава да ми зацрвенат образите, да ме облива пот во тек на муабетот посебно кога сакам да објаснам нешто, нешто како срам ќе му дојде тоа и е доста очигледно. Тоа ми се случува кога зборам и со непознати па и со познати луѓе.
Ова како што видов е само Онлајн да разговораш со психолог или може и директно? Јас би сакал директно да разговорам, лице во лице, така подобро би ми било.
Повелете пишете ми на мојата страна на фб https://www.facebook.com/Низ-призма-на-психологијата-2238949029664730/ Ќе ве насочам.
Некој од психолозите кои рабптиме на апликавијата имаат и свои советувалишта, Благица е прекрасен психотерапевт. Јас одам во овој институт на едукација за гешталт психотерапија. Топло ја препорачувам.
@Ивона.92 јас денес дознавам за разговор.мк, само едно не ми е јасно, дали мора да се симне мобилната апликација? Претпоставувам дека да, од компјутер никако не наоѓам каде да се пријавам. Фала ти!