Благодарам. Дали може за такво нешто да се обратам кај матичниот или директно да барам приватен психолог?
Би ти препорачала приватно. Поскапо е ама генерално на државно не се замараат многу, тоа е мое искуство. Не дека нема добри, ама потешко се наоѓа.
Не мора да одиш лично, денес имаш опции да разговараш со психолог анонимно, телефонски, онлајн. Отвори на инстаграм, супер психолози се @transformacija.mk и @zero_limits_psychologist
Здраво Феминки, со оглед на тоа дека веќе неколку пати пишував за платформата Разговор.мк кадешто може да се закажуваат психолошки сеанси со допишување, аудио и видео, би сакала да ве информирам дека покрај Аndroid, веќе има и iOS верзија. Со симнување на апликацијата може да го видите списокот на психолози и брзо и безбедно да закажете сеанса. Тука ќе ви ги оставам линковите. Ви посакувам убава вечер.☺️ Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.culturetech.razgovormk.consumers iOS: https://apps.apple.com/app/id1548149967 Лиценциран психолог, Ивона Анѓелкоски
Здраво Феминки. Профилов искрено го направив само поради даденава тема. Јас сум Лиценциран Психолог и не се срамам да кажам дека сум во потрага по психолог за себе. Годините како што врват почна да ми е страв да бидам во центар на внимание. Немам искрено проблем со меѓучовечка комуникација. Меѓутоа проблем би ми било да презентирам еве пред луѓе макар и пријатели блиски. Е сега тој страв почна да опфаќа други полиња што е и карактеристично за самото чувство честопати. Веќе имам скоро 28 години и многу имам пречки во тоа да најдам работа и една од причините е и стравот од јавен говор, кој веќе ми влијае на сликата за себе. ( Не се чувстувам компетентно да почнам било што зошто ми почнаа мисли и за страв од неуспех) На работа често се соочуваме со сотаноци, искажување мислења, водења на тим, и што ти не. Мене тоа би ми било страв голем. Став ми е и да возам кола што моментално ми е и најголема препрека. Што ќе речат другите ако згрешам правец, пто ако некој свири, што ако не знам да паркирам, што ако удрам некој и се повеќе и повеќе одбегнувам да мислам за кола. Но реално морам да почнам и да возам. Последниве години се повеќе и повеќе запаѓам во тој страв и кога и да се соочам со ситуација да презентирам, или да најдам работна можност но доколку се бара јавен говор, ги избегнувам секако. Тоа ми е одбранбениот механизам. Искрено дури и страв ми е да зборам на Англиски јазик а супер го знам, се поради тоа што мислам дека некој ќе ме исмева за акцентот или ќе се испреплетам со зборови, а тоа е најнормално кога не ти е мајчин јазик. Јас искрено не се почитувам веќе како личност, се наоѓам во една статус кво ситуација додека другите од моја генерација веќе си ги реализираат своите цели, и реално тоа ме боли. Извинете на долгиот пост, но би сакала да ми препорачате добар Психотерапевт. Не ми треба многу работа верувам, затоа што полека ми се подобрува, еве полагав дури и за лиценца пред комисија пред година ипол, како не сум свесна ама положив со голем страв. Мислам дека комисијата не слушнале некој толку брзо да објаснува и збори хаха. Проблемот ми е што поради тоа што немам работа немам ни толку финансии приватно да посетувам психолог, а во државна болница, стажирав таму пред неколку години и не сакам да се најдам од другата страна пред моите ментори. Јас повторно се извинувам за долгиот пост и за граматички грешки, но реалноста е таа, сам свој Психолог верувам дека не можеш да си бидеш.
Баш е одлично што и едуциран психолог има доблест да каже дека му треба консултација. Претпоставувам знаеш, и самите психијатри имаат свои психијатри. Или бар би требало. Да можеш да помогнеш на човек треба и своите демони да ги погледнеш во очи. Психолог јас контактирав на сајтот разговор.мк за телефонски разговор, дека се наоѓам во една комплицирана , да речам анксиозна состојба, ради одредени околности. Многу бев задоволна од контактот, уште првиот ден со нејзините упатства напнатоста се смири, и многу полесно се осеќав. Одбрав онака, со скиминг од списокот. Чинеше 800 денари. Има и поевтини колку што видов. Жената ја знае својата работа, разговарав двапати и се кликнавме некако, нели тој трансфер е важен . Топло ги препорачувам. За возењето сосем те разбирам. Јас немам никаква желба за возење, ама ми треба зашто работни места има поголем избор малку подалеку од каде што живеам, и нема да се мачам во смисол будење многу рано. Не сум била никогаш во сообраќајка, но чувството на превртување стомак го имам. Часовите на возење на кои сум била, место задоволство, напор ми беа. Тоа е. Ќе биде се она за кое се трудиме. А ако не биде, ќе најдеме начин Поздрав и ти посакувам да најдеш тоа што бараш.
Како прво морам да те прашам зошто чекаше толку? Зошто не превзема одма нешто при првите симптоми? Сигурно имаш колеги кои би ти помогнале во оваа ситуација...нејсе,не те осудувам само не оставај да заживее во тебе,превземи одма нешто,одма!!!макар и да бидат менторите твои,и сама знаеш дека за таа работа нема срам,тоа е потреба од помош и побарај ја на време. Разговор.мк е прекрасна апликација,често ја посетувам и луѓето се одлични во изнаоѓање на коренот на проблемот и намалување на напнатоста,нервозата,стресот...не се оптеретувај толку со јавни говори,ретко кој нема трема.... За кола хм,ќе си положиш и ќе се научиш ако навистина имаш желба и сакаш да возиш. Имај повеќе верба во себе. Дружи се повеќе,движи се повеќе,вежбај повеќе макар и сама дома и не се замарај толку многу со ситници...во цутот на младоста си,уживај во животот. Ако ти треба разговор тука сум. Се најдобро
Благодарам многу за советот, ке размислам за апликацијата, преферирав искрено лице во лице, но би размислила и вака. Симптомите почна да стануваат видливи токму кога завршив дипломска, и имав еден период каде што одев интензивно на стаж. Кога веќе завршив со стажот, планирав да одам на психолог, но полека се изложував на стресни ситуации со јавен говор па некако месец си добар, месец и не, и искрено да, треба секогаш да се оди как стручно лице за помош, но и самата одлука да се оди не е лесна да се донесе, а треба да биде лесна. Ама за кој како. Бев помлада тогаш реално и имав друг увид во некои работи. Најмногу беше што не си бев приоритет самата себеси. Ете сега со годините некако ме удри памет и решив да се посветам ма себеси. За помош од мои колеги што ги знам, т е пријатели, сум правела муабет но го добивав тој типичен одговор мисли позитивно. Ај да не кажувам да не мислите дека се фалам, но само јас имам лиценца и некаков стаж од тие психолози од моја генерација што ги знам. Или пак се упатени во друга област на психологијата. А и не е добро да ти помогме некој што го знаеш кога се работи за психолог. Сепак сакам стручно лице навистина да ми помогне. Заборсвив да напоменам јас полагав возачка ди имам дозвола одамна, но толку имам страв а од друга страна ме кочи што немам превоз. Благодарам многу, и јас сум тука за разговор на сите иако и мене ми треба Апликацијата решив да ја пробам, откако би одела во Идадија, слушнав и за таму добро работи од матичниот доктор.
Се си знаеш,што да ти кажам...многу си паметна и храбра девојка,убаво кажа дека треба да си бидеш приоритет прво ти....ти посакуам се нај најлесно и сигурна сум дека ти е само период во животот
Дечки со-страдалници, ајде и јас да споделам мое искуство со психолози/психијатри кај нас, се надевам некому ќе помогне. Со проклетата анксиозност се борам од 2017та година, ми се појави дури живеев во странство, сама. И уште таму посетував психотерапевт т.е. хипнотерапевт - резултатите беа добри, ми се допадна хипнотерапијата за тогашните панични напади и штета што во Македонија нема таков терапевт добар, искусен што знае како да ја практикува оваа терапија. Нејсе, решив да се вратам тука и веднаш почнав со психотерапија - трансакциона анализа, а истовремено примав терапија препишана од психијатар. Резултати имаше додека ги пиев, кога ќе престанев после неколку месеци се враќаа симптомите. Психотерапијата исто така не беше нешто ветувачка, па така минатата година непосредно пред пандемијата решив да сменам терапевт и да најдам некој што се занимава со когнитивно-бихејвиорална терапија (КБТ), и повторно бев на терапија, витамини и аминокиселини за мозокот. Одма да нагласам дека КБТ е супериорна каде каде во однос на претходата психотерапија, резултатите беа веднаш видливи, се стабилизирав, ги следев советите и препораките на психологот/психијатарот. Имав мали епизоди краткотрајни, но траеја ден-два и се враќав во нормала. Не одев на психотерапија зашто немав потреба, а и психологот ми отиде на породилно и престана да држи онлајн терапии. Пред неколку месеци ја прекинав медикаментозната терапија, а деновиве повторно чувствувам симптоми на анксиозност. Терапија немам намера да пијам, а психологот ми кажа дека поради породилното не прави онлајн сесии - ладен туш. Решив да барам друг психолог дури оваа не се врати од породилно и се јавив во Когниција кај Тина Васков, но таа е презафатена и првиот термин е во април. Уште еден ладен туш, и се осеќам ко препуштена сама на себе, со валеријани, капки, разговори со најблиските, итн. Сега ми го препорачуваат Станислав Сашо како одличен, искусен психотерапевт, но тој не практикува КБТ, туку трансакциона анализа, а таа веќе ја пробав и не видов долготраен резултат. Башка кога ќе ми текне дека по четврти пат треба одново да кажувам прекажувам, да се потсетувам...ама па од друга страна не знам колку ќе терам вака без стручна помош. Инаку, првиот психолог ми беше Ивана Станковска од Психолошко катче Мандала (одлична е за семејни и партнерски односи, мислам дека тоа и е специјалност, за тоа ја препорачувам дефинитивно). Вториот односно, третиот ми е Тина од МајндЛаб, Капиштец (оваа е психијатар + лиценциран терапевт за КБТ=одлична комбинација за анксионзост и панични напади), докторката е ѕвер и поседува опрема што никој друг ја нема во земјава (врши медитации со едни слушалки и апликација што мерат радиобранови на мозокот и плус уште една капа што прави пецкање и стимулира таму не знам што во мозокот, заборавив , има на нејзината страна објаснување подетално). Е, тоа е моето досегашно искуство, но не губам надеж, и ги охрабрувам сите овде што не побарале помош од страв, осудуваност или не знам што, нека не губат време зашто овие нерешени работи оставаат само траги и трауми, кои може, не дај боже, да се влошат уште повеќе. Барајте помош на време. Гледам тука многу ја имаат препочано некоја Ивана Хаџиванова, која ако добро сфатив практикува КБТ, но и таа е изгледа фул зафатена, но за некој ќе морам да се решам периодов. Поздрав и не се предавајте За Вера имам читано дека лечи повеќе фобии, стравови, а се имам и јас еднаш јавено, и ако добро се сеќавам, преглед беше околу 3000 што е мнооогу, но, зависи кој со какви финансии располага. Аууу, а јас баш кај оваа чекам термин во април, и сигурно наредниот ќе ми биде во јуни јој, мајко Психолог кајшто можеш да одиш двапати неделно: Ивана Станковска, Психолошко катче Мандала, ќе ја најдеш на нет, но за анскиозност не ја препорачувам баш, ако за тоа ти треба.
Јас бев во Ноември кај Тина и уште ми се немаат јавено за термин. Два пати пробав да закажам и да е понатаму барем да си резервирам термин, но не ми дадоа конкретна информација, се чекало да се ослободи за да ме вметнат. Кој знае може трета среќа ќе упали. Само не знам колкав би бил ефектот на толку големи временски интервали.
Женски, добри излагања за психотерапевтите. Може само цени да пишете и кој за што е добрар Ви благодарам.
Прелистсај наназад неколку страни, има предлози за добри психолози што работат во ординација/канцеларија.
Ме интересира дали вашиот психолог запишува во тетратка за вас. Мојата не. И вели дека се памти.... Малку ми е чудно..