Каролина Костадиноска – клинички психолог, Гешталт терапевт и тренер тел. 070 39 39 02 Гешталт Институт „Синергија“
Некој да ми препорача психолог за самодовербата што може да ми ја врати? Моментално се слушам со 3 психолози еден психијатар ама мислам дека е џабе, а доста ги фалеа нив. Но, ете мене не ми помагаат. А многу има пишувано на форумов во темава знам, ама немам време се да читам.
Кои се тие психолози, ако не ти е проблем да ги наведеш тука? Да не ги препорачуваме пак истите Мислам од 1200 до кај 1500,има на претходните страници од темава, оди малку наназад или барај во search ако те мрзи да читаш.
Едната се вика Катина и на нејзе и кажав лично дека не ми помага. Другиот психолог се вика Ангелина и кога ја прашав за самодоверба ми рече не збори за тоа Како може некој што бара помош од тебе да му кажеш вака? Подобри совети добив од форумов место од неа што не ми ни даде совет. А психијатар ми е Камка не можам да кажам за нејзе дека не е добра зашто ми ја погоди терапијата, ама не ја бива за разговор. Мислам дека имам дополнителни трауми со неа од муабетот.
Мене пак ми е потребна психотерапија ама сакам да ги сменам моите кај што идев па сега будно ја следам темава. Инаку некои искуства со психолози кои работат на намалена самодоверба? Препорака?
Можеби би пробале наместо психијатар или психолог да послушате совет од некој тренер за личен развој? Тие баш се добри за да мотивираат мислам. Илина Ведран неколку пати ја следев на FB каде што имаше редовни бесплатни мотивациски советувања. Ми остави убав впечаток.
Немам баш многу детали да споделам, еве што знам јавно ќе пренесам за сите што се интересираат. Еве го нејзиниот линк од ФБ, таму има e-mail адреса и линк до нејзиниот веб-сајт. https://www.facebook.com/ilinavedran/about Претходниов период самата во живо се вклучуваше за сите што имаат интерес да слушнат. Ако отидеш кај видеата на нејзината ФБ страница, ќе ги најдеш сите, снимени и се.
Гледам има доста видеа ставени на фб страната. Баш ќе ги погледнам деновиве, па ќе пишам дали нешто ми помогнало лично мене.