Може ли некој да ме упати подетално.. како да изберам психолог кој мене ми одговара, како се одвиваат сеансите, колку се плаќа, колку време се оди, знам дека е индивидуално ама еве ваше искуство.. Главниот проблем ми е комплекс дека никој не ме сака и дека не заслужувам љубов, ниту од фамилија, ниту од пријатели ниту од партнер. Не можам да изградам однос со никого. Тоа ме остава тажна и сама.
На моја блиска и треба препорака за добар психолог. Породена е пред 3м значи некој кој исто така се бави со ППД и да е од скопје. И ги понудив разговпр.мк ама сакала во живо да оди негде. Ве молам препорачајте ми
Да сподели некој искуство со др Росалија Секуловска? Проблемот е брачна криза, за почеток сакам сесиите да се во пар, а потоа да продолжи само мм зашто тој има потреба од помош. Или општо искуство со апп разговори.мк? Закажав таму за почеток кај Секуловска, онлине ќе се сесиите
Здраво, би сакала да ми препорачате добар психолог од Скопје. Се работи за мој близок пријател кој поради некои свои навики има интимни проблеми со девојка му за кои не можам да дадам совет. Преферира да е машко, и да може да отиде дирекно кај него, а не онлајн. Благодарам ❤
Радмила Живановиќ ја познавам професионално, не како нејзин клиент. Така да од моја перспектива можам да кажам само пофални зборови.
Дали некој можеби има контакт од Марија Стојкоска Василевска? Работеше во Ремедика меѓутоа веќе не е таму и не можам никако да ја најдам. Ако некој има некоја информација или контакт би била благодарна ако сподели.
Тина Васков работи когнитивно-бихејвиорална терапија, покрај невропсихолошката дијагностика и рехабилитација, одлична е и ја препорачувам.
Има ценовник за различни услуги (дијагностички и тераписки), не знам точно колку е, ама мислам над 1200 денари е. Најдобро да ја контактираш директно, многу е пристапна.
Дали има некој задоволен од овие психолози на разговор. мк. Ми треба лично искуство а не да бирам од апликацијата. Некој што му помогнал, мене конкретно ми треба за страв, страв од ситуацијата со корона, не страв да се заразам, него нагло ми го зголемува стравот од загуба на блиските. Овде има неколку набројано ама сакам некој кој навистина му помогнал лично.
Еј здраво, јас сум Георги, основач на Разговор.мк. Не знам дали успеа да видиш според ревјуата што ги оставиле психолозите? Дополнително би сакал да те прашам што специфично би те интересирало да знаеш од искуствата на другите, можеби ќе можеме некако да го интегрираме тоа во апликацијата..