Zdravo na site, Jas sum nova na ova stranica. Sakam da prasam dali znae nekoj dobar psiholog vo kicevo? I kolku bi kostalo. I dali znae nekoi dobri doktori za srcevi bolesti, zlezdi, astma, i ginekolog? Vi blagodaram unapred. Angela
Можеш да разгледаш на мобилната апликација на Разговор.мк, има над 7 психолози кои имаат ставено "Детска психологија" како специјалност.
Еј здраво, можеш да видиш на Разговор.мк мобилната апликација. Таму ги има сите информации во однос на цени, детали за психолозите и достапни термини. Цените генерално се движат од 300-1500 денари за 45 сесија. Можеш да се допишуваш, да имаш аудио или видео разговор. Дополнително, повели една кратка статија која ќе ти помогне да научиш како да избереш психолог https://www.razgovor.mk/2021/03/28/licenciran-psiholog/
Здраво, дали некој имал искуство со психотерапевтите во Когниција освен Тина, бидејќи таа е презафатена слободен термин има дури во декември.
Феминки, се зачленив само за да дадам мислење на темава. Ја користам апликацијата razgovor.mk, и веќе имам разговарано со 3ца психолози. И додека не можам да зборувам за останатите, за Мируна Топалоска најискрено би ви препорачала да ја претскокнете. Таа ми беше првиот избор за психолог на оваа апликација од причина што имаше најмногу оцени, и при тоа сите беа позитивни, и искрено не можам да разберам како е тоа возможно, со оглед на моето лошо искуство со неа (дури и се запрашав дали ниската цена е причината што добила толку многу оцени). Со тешки маки споделив траума од детство (насилство), за која Мируна ми рече: „ех, не може тоа да ти оставило толкава траума ако се случило само еднаш.“ Мислам дека ме уништи во моментот кога го слушнав тоа. Нешто што ме мачи до ден денес, и ми отежнува формирање на нормални односи, таа само го отпиша. Имаше уште неколку додатни коментари во врска со таа проблематика, што искрено ме замислија и дури почнав да се запрашувам себеси дали можеби јас некаде сум згрешила. Се јадев долго време, додека не решив да сменам психолог (од апликацијата), којшто можам искрено да кажам дека ми помага. Има време додека да се излечат некои рани и се прифатат одредени ситуации коишто тлееле во мене, меѓутоа се со време, и чекор по чекор. Не знам за вашите искуства со неа, меѓутоа сметав дека треба да го споделам моето. Посакувам да најдете психолог којшто навистина ќе сака да ви помогне, и ќе има отворен ум и разбирање кон вашите проблеми (нешто што не очекував дека ќе треба да биде ставено под знак прашање). Се најдобро девојки и држете се, правиот психолог навистина може да ве изнесе на прав пат.
Божилак. Под психомедика спаѓа ако не се лажам. Имаш психијатар која е одлична. Па ќе тргнам од претпоставка дека и психологот шо е таму е добар. Али психијатарката е извонредна. Мислам Гордана се викаше. Психијатар терапевт е. Треба да најдам кајмам запишано ама то е предизвик. Ама местово и на мапа ќе можиш да го најдиш излегва, под Кеопс на 21ва мислам беше улицата.