1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.554
    Допаѓања:
    15.553
    :o,страшна работа за еден психолог,не ми се верува дури.
    А колку години е синот?
    Види со овие што ти ги предложив, навистина се добри со многу години искуство повозрасни се,Натка Пачоска или Веда Гаврилоска од таму,ама и за останатите не се сомневам.Со среќа:hug:
     
    На LuckyCharm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.426
    Допаѓања:
    10.467
    Пол:
    Женски
    :o :o Ауу е баш поради ова се "плашев" од психолог, какви нестручни има, ајде ние повозрасните може ќе се справиме со лошата насока од психолог, ама децата невозможно со такви криви насоки. Свашта значи има, страшноо..
     
    На Just.do.it и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  3. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Благодарам уште еднаш, од срце. :l:
    Синот има 16 години, втора средно. Доста "опасни" години, кога мора многу да се внимава од наша страна. Многу сум загрижена искрено, гледам дека пак ќе се соочуваме со проблеми. Прв ден во училиште, прва домашна и како за инает ноќта во 00.30 почна да пишува. Затоа што психологот го научи дека не е воопшто битно кога ќе пишува и учи, важно ќе си ја завршел обврската.
    Колку после прва смена си способен да сработиш нешто доцна во ноќта и да станеш во 6?
    Јас само како мајка барав од детево да биде одговорен, како што беше порано и правилно да си го организира времето, затоа што има во денот време за се. Мислам дека не грешам?
    На кое дрско ми одговори госпоѓата психолог......со кое право јас сум му се мешала во животот и обврските на детево, тој бил доволно голем сам да одлучува што ќе прави и кога ќе го прави. (facepalm)
    Дојдов до степен и да се плашам да му речам дека веќе станува многу касно, да седне и да напише, ако има нешто. Бидејќи на секој мој збор станува агресивен и почнува да вика.
    Доста стресно и жално за еден родител, веќе не си го препознавам детето :(

    Да не налепиш како мене. Јас тука ја прочитав како препорака. Може е добра за работа со многу мали деца, ама за тинејџери, никако. Станува нивни сојузник, она демек најдобро ги разбира како се чувствуваат и потполно ги подржува, а вината е секогаш во родителите, во мојов случај....во мене. И пред очите на детето ги кажува сите тие работи и те деградира како родител.
    Мајка, време е да побараш стручна помош, не мора кај мене, кај некој колега и тоа одма........и тоа пред детево. Страшен професионалец (facepalm):?:
    А и беше во поодмината бременост, па може и не и се занимаваше баш, без да е свесна дали на некој ќе му нанесе голема штета, која ќе ни треба доста време да ја поправиме.
     
    На azelea и anggell им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    @LuckyCharm да пробате со семејна/системска психотерапија во Институт Алтернатива. Или во Психотерапика. Ова што ти го кажуваш е пристап на лаик, не лиценциран психолог.
     
    На LuckyCharm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Ако смеам да прашам, што беше основниот проблем за кој отидовте?Затоа што вака само едната страна е претставена.
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Не е важно што бил проблемот.
    Важно е колку бил "стручен" психологот.
    Во случајов најдобро ќе направи ако си ја скине дипломата и престане со вршење на психолошка дејност.
    И лаик ќе знае дека вакви глупости не смее да се кажуваат, а пред дете не доаѓа во предвид тоа да се збори.
     
    На Анимал, Lady D ❤️, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Професионалност нула. Кој се денеска има земено диплома, страшна работа :x.
     
    На Glowy, LuckyCharm и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Абе чекај стој малку.
    Не реков дека се во ред зборовите како "вие сте за лечење" , секако овој пристап не е пеофесионален и јас не би отишла пак кај некоја што вреѓа.
    Ама можда стварно не е проблемот во детето, нели? Зашто има проблеми што децата ги манифестираат како резултат на динамиката во семејството. Затоа прашав зошто првично отишле, таа да, била арогантна ама веројатно има причина зошто така изреагирала.
    Нормално, нека си побараат и втор психолог.
     
    На dea.18, Maca8a и Iamstorm им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Искрено, според тоа што го напиша членката, како психологот да си лечел лични фрустрации и комплекси со тој однос. Воопшто не е професионално вакво однесување, има кодекс тие како треба да се однесуваат со клиент, не смеат како што сакаат и ќе им текне.
     
    На jana123, Zbezdicka****, Glowy и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што никој нема контрола врз ваквите "психолози".
    Треба комората повеќе да е заангажирана и да ја контролира работата на психолозите.
     
    На Анимал, Lady D ❤️, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе ти биде од корист, ама Тери Орлик (веќе покоен) е светски познат, има многу книги напишано, ако нешто сакаш да читнеш.
    http://www.zoneofexcellence.ca/about.html
    И од свое ептен скромно искуство, ако е нешто страв, трема, стрес пред натпревар, пробај со енергетски вежби (Дона Еден, јас практикувам wayne cook) заедно со whee method. Ако баш сакаш некој да работи со тебе, пробај Wing Wave.
     
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    За жал ваквите како Дора ги има на куп! Зинати се за пари, особено се офардија со Разговор.мк. Нишај врата, земај плата.

    Јас лично воопшто не сум задоволен од Билјана Стојановска. Имав можност преку Mladi Hub да искористам неколку сеанси со кодови, па реков ајде кај оваа(имаше доста позитивни reviews). Првата сеанса ајде запознавање океј, ама веќе 2ра-3та сеанса жената не се ни сеќаваше кој сум, камоли што сме разговарале и што проблем имав. Откако ќе ја упатев по 100ти пат, многу погрешно ги сфаќаше работите, јас барав за едно да зборуваме, таа се префрлуваше на друго. И потенцирав, џабе иста приказна. Многу пазете со психолозите, секој втор психолог е станат.
     
    На prashinka, georgi_m, mira.mira и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Благодарам од срце.
    Сега периодов правиме пауза, го следам однесувањето на детево и ако се јави потреба, секако ќе се обратам кај предложените психотерапевти.
    Засега и одбива да отидеме кај друг психолог, затоа што Дора му беше поддршка и сигурно чувствува дека може и да нема таков третман кај друг психолог.

    Секако дека може, ќе ви одговорам.
    Проблемите започнаа откако девојката преку ноќ му раскина. Детска љубов, прва љубов, заљубеност голема и му дојде огромен шок. Што е уште полошо, од ист клас се. Доминантна девојка, дете от дисфункционално семејство, со разведени родители, многу проблеми дома и многу насилство. А син ми мирен, дури и доста наивен и сето ова му предизвика големи последици и му се одрази и на односот кон животот, тотално се смени.
    Стана доста агресивен, и тоа само кон нас дома, кое пробувавме да го решиме со разбирање, разговор и многу љубов. Но во нас гледаше само непријатели. :(
    Следеше депресија, затворање во себе и прекина комуникација со сите деца со кои претходно прекрасно се дружеше.
    Во училиште со дотичната девојка во исто друштво, која мошне умешно успеа да ги сврти децата против синчето. Почна да се жали дека никој не му збори, дека го одбегнуваат и дека има од класот тивок психолошки булинг.
    Сето ова резултираше со драстично намалување на успехот и прекина да оди во училиште. Несакаше да се среќава со неа, ниту со децата, се чувствуваше предаден од сите.
    Предложив да смениме училиште, не сакаше ни да чуе. Доволна причина да побарам стручна помош.
    Се јавив на психологов и и раскажав се до збор. Од неа само се очекуваше да работи на надминување на овие проблеми и на кревање на самодовербата. Првите сеанси го викна сам, ние чекавме во друга просторија, за после сеансите да ни повторува.....му треба поддршка на детево. Поддршка од нас како родители секогаш имал. Слобода исто.
    Што разговарале на сеансите незнам, не ни кажуваше, наводно професионална тајна. Ајде и тоа држи вода. Но уште од старт без да го сослуша му рекла......мајка ти те донесе затоа што не сакаш да учиш. И тука најверојатно створила револт на детево кон мене и не и ги доверил реалните проблеми што го мачат и му се случуваат. Зар вака се пристапува професионално и се прави?
    За да на третата сеанса ме повика мене и тука почнуваат нападите кон мене како родител.
    Не сум требала да му се мешам во животот. Искрено останав запрепастена. Разбрав дека таа и воопшто не работела на проблематиката за која отидовме и кога ја запрашав зошто, таа ми рече.....па твоево дете ги нема тие проблеми што ти ми ги изнесе по телефон, не ми ги раскажа во разговорот. (facepalm)
    Проблемот си ти мајка, го притискаш да учи.
    А што требаше да направам?
    Да го оставам дома и да не оди на училиште? Да повторуваме година? И пак да напоменам, сето ова го решававме тивко, со разговор, без да чувствува доминација од нас како родители, сиот пристап беше другарски, без да изигрувам авторитет, затоа што сочувствував со него и мене ми беше доста болно сето тоа што го поминува.
    Класната почна да реагира, многу отсуства, ајде еднаш глава го боли, па стомак.....до кога? Свати дека има проблем, а и јас и раскажав со надеж дека и таа ќе реагира, за да се реши проблемот.
    Разбра психологов дека и класната го советувала и разговарала со него, на кое искоментира........ајдееее, ОВИЕ и класнава ја замешале. :?::o
    Што очекуваше госпоѓава на толку отсуства и пад на успехот?
    Дека нема да реагираат од училиште и ќе не остават дома да си седиме?
    И место со мене да соработува и да слуша што и зборувам, таа напротив.
    Останатото поназад го пишав, да не се повторуувам.
    Во глобала тоа беше, мислам дека пристапот и беше далеку од професионален. Поправете ме ако грешам.
     
    На mira.mira, Анимал, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Во право си, звучи како да ве сретнала на пазар а не на терапија.Несериозен пристап, многу.
    Ама тоа е, мора да се налета и на некој таков, само што уште повеќе штета направила. Се надевам дека ќе успеете да го пребродите периодот, плус како родители многу добро сте постапиле.
    За други психолози, има во темава многу предлози.
     
    На Анимал, anggell, LuckyCharm и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Благодарам за поддршката мила. Секое добро.:l:
     
    На mira.mira и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.500
    Пол:
    Женски
    Браво, не знам колку родители имаат храброст вака да постапат. Знам за слична случка каде родителите ништо не превземаа, комплетно дисфункционално семејство, а детето само се доупропасти.
    Се надевам дека ќе успеете да го надминете ова, се гледа дека сакате да го истерате на прав пат и дека вложувате голем труд за тоа.
    Психологов само поглем проблем направила, сериозните проблеми ги туркала под тепих, а решавала проблеми со кои, да не речам лечела фрустрации од нејзиниот живот. Добро што е на продилно, па и да ја бара синот нема да може сеанса со неа да држи.
     
    На Waverly Raven, Angie1432 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар психолог во Скопје? Имам љубовни проблеми не се чувствувам добро и трауми од порано, плус проблеми со анксиозност, панични напади и вознемиреност!!!;(;(:u:
     
  18. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Знам дека не секој може да си дозволи финансиски за да посетува психолог на приватно, но подобро две сеанси месечено и кај добар психолог отколку повеќе сеанси за малку пари и никаков психолог.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто изедначувате државно = лошо, приватно = добро, за било која услуга.
     
  20. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Врз основа на многу искуства
     
    На prashinka и Just.do.it им се допаѓа ова.