Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Јас сум бил неколку пати на државно, кај различни психолози, нема да именувам. Сесиите траат колку што траат, 45-50мин, ама некако површно пристапуваат кон проблемот, во смисла како за еднаш да си. Патем сите до еден ми понудија, доколку сакам подолги сеанси(читај 1ч и “поквалитетни”) да отидам кај нив на приватно по овие институти шо се, а таму цената јас би рекол дека е речиш застрашувачка, по околу 1800-2000ден од сеанса. Секако постојат исклучоци, сигурен сум, ама додека стигнеш до нив ќе ти се одмили.
     
    На prashinka и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    @LuckyCharm според она што го опиша може да ви затреба семејна/системска терапија. И да не ви била разнишана семејната динамика сега ви е разнишана. На тоа ќе мора да поработите.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Верувам дека е така за жал, ама по мене од искуство и тие од приватно сѐ така некако површно пристапуваат, не знам дали така е со сите помлади луѓе или до друго е.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Многу е битно да се поврзиш со психологот. Јас почнав со повозрасен психолог, предаваше и на факултет но не ми одговараше и ја сменив. Почнав со Елена Џебр и можам да кажам дека е фантастична. Секоја препорака за девојкава. Но сепак ете мене ми кликна со неа
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Благодарам за поддршката, јас слушајќи ја, за миг помислив дека стварно нешто не е во ред со мене и дека треба да побарам стручна помош. Ама во консултација со други мајки, посебно оние со машки деца кои веќе го поминале пубертетскиот период, дојдов до заклучок дека јас во суштина и сум премногу мека во односот со моето дете, дека би постапиле поригорозно, за сепак да се знае кој е дома родителот, а кој детето, за да се зачува авторитетот.
    И да, среќа што замина на породилно, замислете на секое заминување од сеанса му сугерираше на детево потполно сам да оди на средби., без нас.........не мајка ти, ти да ми се јавуваш и да си договараме термини. Јас и кажувам еден термин кој и на нас и на детево му одговара, а таа ме множи со нула и му вика на синот......слободно ти одбери термин, дојди и сам ако сакаш (facepalm)
    Ко другарчиња.....елај си ти на кафенце, ние ќе си правиме муабетче ко врсници кога си се жалат од родителите, како мајка ти е опсесивна и те гуши за глупости, а таа нека си плаќа. Кој ја врти....нема право да ти се меша во животот.
    Дури ме опомена дека не требало да го прашувам дали и кога денес ќе се тушира |(
    Дали ќе се бања и кое време...негов избор.
    Па нели треба да се организираме и велам, со топла вода, повеќе луѓе, кој кога ќе влезе. Таа упорно... ама тоа не е твој проблем. Дај му слобода. Ако не се среди, тој ќе шета небањат, не ти. (facepalm)
    Е околу вакви глупости си го потрошивме времето, а реалните проблеми, за кои и всушност отидовме останаа.


    Благодарам за советот.
    Во моментов, фала му на Бога сме во некое затишје, коректно се однесува.
    Ако приметам повторни промени и агресија, веднаш ќе реагирам.
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cookie500

    Cookie500 Нов член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, ке може ли да ми препорачате искусен психолог, по можност да е машко, но не е неопходно. Не ми менува дали е државно или приватно, само ми е важно да е искусен доктор и да имам тотална комоција, бидејки сум страстен пушач и би било проблем доколку не можам да запалам цигара за време на сесиите. Би ценела ако препораките доаѓаат од ваше лично искуство, или искуство на ваш близок :)
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Уште кога бев на факултет знаев дека некои колеги не се за оваа професија. Можеш да научиш за испит ама тоа не е исто ко работа со луѓе. И пракса недостига во образованието. Може и да положат за лиценца по дипломирањето, и да работат со години во струката ама тоа не ги прави добри психолози. Лиценцата конечно е само дозвола.. Кога читам искуства тука стварно се чудам. Особено и за тоа - работам као државно, ама дојди приватно кај мене па да те видам подобро. Не го оправдувам тоа во ниедна бранша. Или отвори приватна пракса и работи како што треба и наплаќај или работи државно за фиксна плата, ама без тезги на црно. И овие вториве вака прават дур не соберат доволно пари и не се снајдат приватна пракса да отворат подоцна. И клиентите ќе си ги повлечат.
     
    На flower30, mira.mira, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    И јас би си заминала од ваков психолог за свое дете. Што да кажам...
    Нормално е дека како родители вие сте и заслужни и криви за детето ама ако сметала дека треба да ви укаже каде грешите, можела да ви го каже насамо тоа. Изгледа стварно како да сака да го придобие ама ве поткопала вас..
    Факт е дека на дете од 16+ неможе да му дишиш во врат цело време, ќе има контра ефект, факт е и дека треба да се остават самостојно нешто да решаваат, ама не значи и дека треба да не се замараш со него веќе и дека кога гледаш дека не успева само да кренеш раце од него. И не е па што ако...ок е понекогаш да скршне, да проба нешто вон правилата, ама не па да излезе од колосек целосно...
    Не сум баш сигурна во однос на тоа дека не треба да ви каже за што е разговарано на само со него, зошто иако постои доверливост сепак е малолетно лице, под 18 години. Нека зборуваат на само ама нека најде начин да им каже на родителите она што треба да знаат..глупости стварно.
     
    На Glowy и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  9. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Во право си мила, посебно ми е драго што от тебе е ова напишано. Ги следам твоите постови и секогаш воодушевуваш.
    Потполно се согласувам со се што пиша, значи штом сме побарале стручна помош, работата станала алармантна и дошол моментот кога ние како родители стануваме немоќни. Затоа и ја побарав, верувајќи дека е обучена стручно и професионално да му пристапи и полека да се решат проблемите. Знаејќи дека треба време, знаејќи дека не е лесно.
    Тешко е за еден родител од примерно и послушно дете, првенец, со стипендија за таленти од МОН, да наеднаш поттикнато од девојката и за да и угоди, добиваш преку ноќ дете кое повеќе не може да го препознаеш, агресивен, бунтовен, со слаби во училиште.
    Па соработувај со мене побогу, се јавувам очајна, на раб на нерви, ти ги давам на послужавник сите проблеми, затоа што и јас сама сум медицинско лице, кое учело и полагало психологија.....само да работиш и тактички да му пристапиш, па и те плаќам за тоа.
    Не да ми отвораш уште поголеми проблеми, додавајќи сол на раната, контрирајќи на секој мој совет и сугестија за заеднички со твоја помош излеземе од оваа агонија. Правилно да го насочиш, за да на крај сите бидеме задоволни од успешната соработка, па и за лична сатисфакција, затоа што си успеала еден млад лик да вратиш на вистинскиот пат.
    "Јас син ти не можам да го направам одличен ученик".....ама можеш да го поттикнеш да продолжи со бојкотирање на училиштето, зошто нели државава ни била скапана, па учел, неучел исто ти се фаќа. Па и примери му дава со ликови кои учеле, а ништо не направиле во животот, замисли и она самата учела кампањски и забушавала, па види сега како е успешен психолог, а види па кумот нејзин, единичар со еден куп неоправдани, денес бил супер успешен лик :^)
    Булингот од соучениците и како да се справи со ова, затворањето дома без никаква комуникација, кревање самодоверба, враќањето на прав пат, се оди под тепих. Ајде бе не е страшно......фаза му е, ќе помине.
    Па за што го донесов кај тебе? Ќе си чекавме дома така со години да помине фазата....
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    5.891
    Препорака за добар психолог кој работи со 17г деца? Се работи за проблем каде што личноста не се сака доволно, не знае да контролира емоции итн..
     
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Бидејќи во претходните неколку постови се зборуваше за Дора Поповска Узуновски, во прилог, уште една причина/и зошто не е во ред тоа што го зборува. Ужасно, еден психолог да има вакви размислувања!
     
    На Lanna89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Искрено се надевам дека комората ќе реагира на вакви глупости.
    Најдобро ќе биде да си ја скине дипломата. Барем штета нема да прави, кога веќе не може да помогне.
     
    На Mazegin, Lanna89, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Статусот е веќе избришан, но јас веќе го зачував. Според мене, комората на психолози има ДОЛЖНОСТ да реагира на вакви испади. Секој си има право на свое мислење, но постојат соодветни последици со тоа мислење. Застрашувачки е фактот што Дора е лиценциран психолог/клинички психолог/психотерпавет и што уште не, работи со луѓе, пациенти, веќе имавме пример во темава за нејзината (не)способност!

    Комората да си реагира навреме пред женава да направи поголема штета.
     
    На Lanna89, Zbezdicka**** и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Што имаше во прилогот мила? Не ми го отвара.
    Ти благодарам.
     
  15. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Еве го статусот, не го отвора бидејќи е избришан. Нека трепка овде. :*:
     

    Прикачени фајлови:

    На givemelove и mira.mira им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Па сигурно забележала дека тука никој не ја фали и не и се восхитува на глупостите кои ги пиша, па поради тоа го избриша статусот.
    Ср**а, во превод.
    Најмногу ме изреволтира делот кадешто е против бесплатна психолошка помош и слични "мудрости".
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.190
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Всушност доста ја подржаа, во коментарите, ваљда се свести малку, ама доцна.
     
    Последна измена: 16 февруари 2022
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Уау, каков стил на пишување, какво изразување, каков речник :o
    Па женава е пуна со себе и толку самоуверена, каква и што беше на сеансите. Плус во прилог понижувачкиот поглед и цинична насмевка. Просто идила.
     
    На Lanna89, Glowy, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Zbezdicka****

    Zbezdicka**** Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    19
    Океј јас мора да го кажам своето мислење за женава која ја имам сретнато.
    Искрено јас се осеќав толку непријатно во нејзина средина бидејќи мисли дека ако е психолог се знае и одма те познава каков човек си. Не се ни труди да те запознае.( не дека ми е гајле, ама тогаш не суди)
    Кога ќе види некој самоуверен почнува да те мрази и искрено мислам дека ги мрази жените, а и по постот се гледа дека е го исмејава феминизмот. Не знам на што се должат такви испади и зошто така реагира на жени, не сум психолог.
     
    На jana123, noteforself, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Zbezdicka****

    Zbezdicka**** Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    19

    Она ги опфаќа сите проблеми во опшеството денеска и сите тие ги исфрла како небитни а луѓе одат кај неа даваат пари за професионална помош нема што повеќе да се додаде кој би одел кај неа после ова
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.