Каква глупача.Оваа не заслужува еден пациент да ѝ дојде на сеанса. Психолог да ти кажува дека проблемите ти се измислени и да те споредува со баба од пред 100 години, слободно нека си ја скине дипломата.И реално треба да бидеш глупа за да веруваш во приказните дека порано не постоела депресија и сите биле " здрави". *само се надоврзувам
Точно си ја проценила, браво. И јас почувствував како еден вид омраза и отпор спрема мене. На секој збор ми контрираше и ме замолчуваше, јас морав да ќутам, а детево да збори. И како да уживаше во тоа. Последната сеанса го вклучи и сопругот, но замислете.....немаше таков однос спрема него, само јас добивав напади од неа. Дури и пререков....."добро јас на психолог сум дојдена или на обвинителна клупа"? И на секои 5 теченици, прво на детево......"сега како се чувствуваш", па на мене......"ти сега што чувствуваш"......се додека не кажеш, упорна и нападна. Девојки, женички, кралици, ви благодарам за поддршката. Многу ми олесна што има толку истомисленички како мене. И го подразгледав профилот, толку долен речник, па и пцовки. И да......фала му на Бога, не сум била јас за лечење.
Да бевме во нормална држава веднаш ќе добиеше забрана за работа. Како смее таа да кажува кој е за лечење кој не? Прво она нека си ги реши своите фрустрации и комплекси, после ќе видиме колку е способна за работа со клиенти (иако се докажа колку била способна). Искрено се надевам дека барем некој од тука ќе прочита и доколку се мисли да иде кај неа, после овие постови се надевам ќе се премисли и нема да ја направи таа грешка.
Многу ми е жал за вашето искуство како семејство, поготово кога зборуваме за некој што се прикажува како професионалец. Зошто дотичната се понаша на еден начин кон мажи а на друг кон жени останува она да ни објасни. Дури и во постот ја зема пра баба и како пример во споредба со денешниве жени кои “немаат” реални проблеми. Women should support women Дора!
Бидејќи не сум доволно стручен, да прашам. Дали може да се поднесе формална поплака до комората на психолози за госпоѓава?
Ти благодарам. Да, ни отвори големи проблеми. На последната сеанса нели бевме сите вклучени и стручно не "лизна", па пред неа се испокаравме меѓу себе. Ужасно чувство. А таа си гледа и си се гали по стомакот. Ме изреволтира кога ми рече....."сега сврти се накај детево и кажи....јас ти давам потполна слобода и те пуштам и ослободувам". Стоев шокирана И она упорно....."ајде кажи, повтори што реков". Не сакав да ме наведе да го кажам тоа, затоа што воопшто не се согласував со нејзините ставови. А сопругот го убеди да каже. За да се сврти накај детево и му рече....."не, она нема да ти даде никогаш слобода, ја гледаш....ќе те контролира и понатака, не те пушта, тоа е" За каква слобода збориме жено? Слобода на избор да не се школува, да седи дома и да не заврши средно? Да седи само на лаптоп и игра игрици и кога ќе изреагирам да ми враќа..... "си ја живеам слободата што ми ја даде психологот, ти што знаеш, таа е стручна, учела за тоа." Го упропасти детево. И вртев после ова да и кажам колку штета ни направи и да дојде да му ги поправи единиците што почна да ги реди, ама престана да ми крева на телефон. И јас би сакала да знам. Ти се извинувам од срце што во еден пост ти се обратив во женски род. Прости, незнаев. Се надевам дека не ми замери.
Не сум слушнала за праќање на поплака. Баш ја разгледував нивната страница, никаде нема кажано што доколку некој психолог не ја врши својата работа според прописите. Има наведено кои се санкциите и кога се одзема лиценца, ама за праќање на поплака ништо не пишува. И искрено се сомневам дека комората нешто ќе преземе против ваквите психолози. Едит: според законот за вршење на психолошка дејност може да се одземе лиценцата доколку психологот ја врши психолошката дејност нестручно, поради незнаење. Ама која е постапката за поплака, нема наведено.
И јас тоа не разбирам како може да каже дека некој е за лечење. Колку трауматично искуство за клиентите. Како психолог треба да е во тек со сегашното опшество а не да дава примери од пра баба која ја нема ни сретнато, а ниту знае како и било на женичката кога ги изгубила децата, за греота. “Немало депресија” тогаш, не него немало едукација тогаш и жените немале права, џабе ти е магистер и сите под дипломи што си ги стекнала.
Да и тоа 2 пати ми рече, двата пати пред детево, вториот пат и сопругот беше. Женава ужива да контрира и тоа очигледно само на жени. Уредно пред секоја сеанса и се јавував да ја известам до каде сме и дека нема напредок, на што да поработи кога ќе се видиме. А нејзе очигледно само високото его и проработуваше, па се што ќе и посочев, го пикаше под тепих како небитно и се занимаваше само со мене. Некогаш и како Бог да ти праќа сигнали дека изборот е погрешен и нема ништо добро да ти донесе. Првата сеанса ја закажавме во 17.00. Одиме и ѕвониме.. ја нема. И вртам на телефон, не крева. Упорно ѕвониме и чекаме до 17.30. Нема никој. Си заминавме и само што влеговме во кола, ете ѕвони, згрешила и не пишала во 18.00. Доволен знак да си одиме дома, ама не.....не е фер си викам. Како се вратив назад и јас денес не можам да си простам. Последната сеанса исто сакав да ја откажам. Ми се јави некое необично чувство во желудникот и претчуство дека нешто ќе тргне наопаку. И да....повторно бев во право. Таа сеанса најголеми проблеми ни предизвика и од тогаш дојде до тотален пресврт кај детево, за жал негативно. Некогаш си се чудам како сум толку толерантна, попустлива и место да вратам, јас мудро замолчувам. Таа работи на наша штета, а јас загрижена за терминот нејзин и колку ќе биде нефер ако и откажам.
Знам дека не ти е до тоа сега, ама дотичната нема каде да ја пријавиме? Алал ти вера на трпението до сега што си била учтива. Јас за се можам да оставам да бидат во право, не се замарам, ама за дете кога ми се работи тогаш не се препознавам. Мразам кавги, ама оваа ги прелила сите трпенија на човек. Како само стигнуваат до дипломи, човек да си пукне од мака со какви луѓе си имаме работа.
Сакам само да додадам на сите машки и женски членови без разлика која националност, раса, ЛГБТ или возраст што читаат, дека никој нема право а најмалку професионален психолог да ви кажува дека сте за “лечење”, дека вашите проблеми не се реални или дека не сте добри родители, нема никој право да ве суди и критикува. Вие одлично се снаоѓате во се што правите и доволно е тешко само да земете храброст и да побарате помош. Ви се восхитувам. Одма треба да реагирате и да пријавите неправда.
Еве членовите погоре нешто истражуваа, најверојатно нема опција, се надевам дека грешам. И јас душа давам за дете, ама дотичнава така стручно не обработи и изигра, да со денови се прашував каде точно сум погрешила и вината ја барав во мене. За да после консултација со неколку пријателки, исто мајки на тинејџери, сватам дека проблемот не е во мене и исто како и вие, се шокираа од нејзините зборови и постапки. Прекрасно обраќање, за поздрав, точно од збор до збор. Се бориме за нашите деца до последниот атом и нема никој право, а најмалку стручно лице да не деградира.
Секогаш имате право писмено да се обратите до било кого, тоа никој не може да ви го оспори. Дали во форма на известување, барање за постапување, претставка, но може да го сторите до било која комора. Секако, не алудирам било кого да го пријавувате конкретно, но како потрошувач, клиент, пациент, вашите права се заштитени. Ако патот по кој сте тргнале е несоодветен, а сте се обратиле писмено, ќе добиете препорака од соодветната институција (комората во случајот) кои понатамошни чекори да ги преземете. За не дај Боже, вие си имате писмена трага. Друго, овој начин е фер и коректен и према другата страна која исто така ќе има можност да се произнесе по вашите наводи, да се реши или надмине недоразбирањетоо, доколку е воопшто можно, секако. По телефон, не! Не знаете кој ќе се јави од другата страна и колку ќе има воља да се занимава со вашите поплаки. Секогаш го имате и Здружение за заштита на потрошувачи, кои сметам дека се доста активни, исто така. Евентуално, може да подгледнете и на сајтот дали имаат одредени правилници, кодекси и други акти на сајтот на Комората.
Го пишала постов со цел да мотивира жени кога им е тешко зошто неа и помагал ваков муабет кога и е тешко... не да не си ја остварила целта...дури и обратен ефект мислам постигнала, да се осеќаат криви што им е тешко. Ги довела оние што ја читаат до моментот да се прашуваат за нејзините погледи и ставови, а со тоа и за нејзината стручност. Споредбата со прабабата е многу без врска. Неспоредлива е сегашната положба на жената со тогашната. Компарациите ми се стварно невозможни и далечни и не треба да се прават, особено кога не се познава доволно тоа што се споредува. И не ми е јасно што имаат врска гаџетите за релаксација со слабата толеранција на фрустрација?
Може мејл да им се пише, ако имаат. Со упорност и јавно објавување мислам дека ќе има реакција. Инаку ја отворив на фб и уште не можам да се начудам како работи фрустраци полна, амеба невидена
Во врска со психолозите на разговор.мк Ме интересира искуство за трите опции: допишување, аудио и видео. Најрпијатно ми е некако со видео мислам, најдобро би се чувствувала и свесно дека некој ме слуша. Допишувањето од старт ми е без врска. Уф навистина ми треба совет и помош како да донесам важна одлука. Значи што мислите, аудио или видео? Има баш големи разлики во цените и искрено не можам баш од најскапите да си приуштам. Едит: Колку време трае сесијата? Повеќе души ми ја препорачаа апликацијата и претходно, ама искрено уште не сум ја пробала. Мислам крајно време е, ама да не ме следи разочарување.