Bas mi e milo sto go kazuvas ova ,site plakame za drzavnoto zdravstvo i treba da si rabotat.So eden upat vo mesec mozes da odis 3 ili 4 pati vo mesec ako e na pocetok na mesec?Ili ona ti zakazuva sledna sesija preku moj termin?
Нема врска дали е почеток на месец или не, упатот можеш и на 17ти да го извадиш и ќе важи еден месец. После пак закажуваш преку матичен за нов упат, а контролите не се закажуваат .Пиши ми порака ако ти е нешто нејасно @Terramr Во поликлиника Мвр е, позади Кјуби, т.е уличката кај што е социјално, на крајот на улицата лево, бела мала зграда.
Во право е за тоа дека денес животот е сменет ама толку. И јас имам прабаба која од 11 само 3 и преживеале, но тоа тогаш било нормално до некаде. нит имало здрваство, нит вакцини нит ништо. на нива се пораѓале. Нема поента да се споредува со ова денес, ако е толку јака нека си направи еве за почеток нужник пред зграда за да види како било пред 100 години. нека фрли мобилен, компјутер, тв, бојлер.. секое време си носи свои проблеми а со тоа и свеста за истите на луѓето
На темава има и не толку добри коментари за Јонуз. Ајде да чуеме повеќе мислења, кога ќе одиш @Terramr би било убаво да споделиш.
Девојки некој што бил во Неокортекс центарот, конкретно кај Ивана Хаџиванова, да сподели како е задоволен?
За жал се почесто постојат Психотерапевти кои не е благодарно така да се наречат, кои почнале со труд, и кога малце ќе ги дознаат, престануваат да се замараат. Затоа пазите кај се обраќате и не одите на места кај што демек се познати по социјални мрежи. Добар маркетиг, не значи и квалитетен психотерапет.
Јас би ви препорачала и вие како мајка да се обратите кај психолог, можеби и вас ви треба поддршка при овие тешки години на вашиот син.
Да, сум била на само една сеанса кај неа. Многу е скапа а притоа чекав 3 недели за мојата сеанса, која во тој период ми требаше итно. Како за психолог е ок, ја бива и нејзиното мислење ми даде перспектива меѓутоа 1500 денари за 1 сеанса која трае едвај 1 час не е исплатливо (барем според мене).
Здраво ! Ми треба некој психолог со кој ќе можам да работам повеќе на себе,на самодовербата ,кариера и такви работи. Поточно работа на себе и надоградување. Нешто налик на спортистите кога посетуваат психолог со цел да ги подобрат перформансите.(пример). Па ако знае некој добар психолог,а да не е екстремно скапо нека пише
Здраво.. дали некоја од вас има искуство со психолог кој третира брачни парови ? Ми треба препорака. За брачен психолог не се оди кај секој, така што доколку имате искуство/препорака, ве молам споделете.