Сметам дека имам депресија,според сите работи и симптоми најверојатно сезонска или зимска.Не ми е прв пат,истото ми се случи и на почеток на пубертетот. Сега за сега,барем за празнициве се трудам да истуркам сама,но ако продолжи да биде вака ќе морам да одам на психолог. Да бидам искрена не ми е проблем,таман работа.Се ќе направам што треба само да си помогнам секако. Се плашам дека ќе морам да земам анти депресиви ( гледам дека не влијаат на секого добро).Стварно не би сакала.А од друга страна се плашам разговор дека нема да ми помогне Како и да е,фала девојки.Слушнав за некој добар психолог кај Симпо.Ако одам,најверојатно таму ќе одам.
Извинете за едно по друго мисленjе,имам 20 години и ми треба некоj што стварно има разбиранjе и ако ништо друго кjе знае да ми казе што ми е. Инаку за тие каj симпо слушнав дека биле само за деца.Бил некоj таму?
Јас одам во симпо кај Катина, супер е жената, ептен пријатна и мене ми помогна.. е сеа е за деца и младенци али ти сепак отиди до кај неа прашај пошто имаш 20 може и да те примат
Јави се и прашај ке ти казат дали е само за деца, и излегувај шетај дружи се така ке ја надминеш сезонската депресија, пиј чај од маточина, и кантарион, и пиј б-комплекс и магнезиум...и обавезно смени си ја сликата на профилот, види ја мојата,што мислиш кога ја одбрав таа слика? кога ми беше најтешко во животот ме полни со позитивна енергија....мозокот гохранисх со она што го секојдневно, затоа гледај убави слики, читајубави книги,слушај убава релаксирачка музика...
инаку стандард процедува во завод ти е прво да те види психијатар па ке одлучи дали ке одиш нас психолог или ќе продолжиш со психијатар...мене одма ми препиша антидепресиви.. али пошто сум против лекови ги пиев еден месец само а им треба период на прилагодување од бар еден месец да почнат да делуваат али јас ги прекинав.. океј сум сега, мислам дека најмногу ми помогна разговорот со катина(психологот) и дружење.... со среќа и не се секирај ке помине до периодот е
Фала ви,да се надеваме дека е сезонска.Како и да е,убаво е да слушнеш дека луѓе успеваат да се изборат
ако може препорака за психијатар во Штип, и како оди процедурата, дали треба и упатод матичен, итно е
не ги познавам психијатрите во Штип, но за на државно мора упат од матичен, за на приватно не ти треба...
Најпрво здраво на сите многу е полесно кога имаш на кој да му ги кажеш проблемите, ама знам дека неможе секој, јас долго време имав проблеми со анксиозност и панични напади, многу добро го знам чувството кога неможеш да дишеш, се обидуваш да земеш воздух, ти се врти во главата и мислиш дека секој момент ќе паднеш а гледаш да не те приметат другите дека нешто не е во ред, треба да функционираш, да идеш на работа, да искачаш, се бориш секој ден за да биде подобро, и пак исто, СЕКОЈ ДЕН, се уморуваш од мука да си помогнеш, читав на форуми како да се справам со тоа, симнував цели книги со вежби, никогаш не се откажав, бев секојдневен гостин на еден хрватски форум за анксиозност, имаше периоди кога само ми се вртеше, па периоди кога неможев по цела вечер да спијам затоа што неможев да дишам ко чоек, ќе излезам на кафе со другарки а цело време мислам да не паднам некаде, да не ми се случи нешто, па срцебиење и се во круг, испитав све што можеше да се испита на лекар. Почнав да идам на психолог и се што можам да кажам е дека благодарение на него јас моментално нормално функционирам, човекот работи по когнитив бихејвиор терапија, специјалист е на тоа подрачје, задоволна сум и презадоволна, знае како да работи, ми даваше дури и домашни да пишувам тоа е дел од терапијата, од срце го препорачувам на сите што сакаат да си помогнат
Станислав Петковски - Сашо Како можам да го најдам човеков? И ако сака некој што бил веќе кај него, да сподели искуства
ke ve zamolam da mi dadete broj od nekoj psihijatar kaj koj imate iskustvo inace imam 18 god i imam potreba da posetam psihijatar
Пребарувајќи и читајќи по интернет се само-дијагнозирав со параноја, анксиозност, borderline personality dissorder, хипохондрија и што уште не. Доколку сум во право, дали овие психички нарушувања треба да ги лекувам со помош на психијатар, психолог или психотерапевт?
Гледам во друга тема го имаат препорачано прим.д-р Стевче Бојаџиев. За него знам дека е докажан, ама колку што се сеќавам, се занимава со неврологија/ психијатрија. Ми треба само обичен разговор со докажан психолог, а не некој квази колку само да ми зборува нешто без врска. Голема е веројатноста да имам биполарно растројство, само сакам да се уверам дали навистина ја имам таа состојба или не. Добар психолог од Битола, по можност да е жена?
Закон човек,и кога ти е најтешко и кога мислиш дека се ти потонало-Он ќе успее да те развесели и да ти докаже дека не е се така црно и дека има утре. Јас сум презадоволна од него(Отворен тип на човек е ,се што мисли ќе ти каже )